Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП

Доцнење во повратот на ДДВ нема. Најодговорно тврдам дека апсолутно нема никаков проблем со Буџетот, пробпемот е од техничка природа во УЈП, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска - Кочоска.

Димитриеска-Кочоска: Не доцни повратот на ДДВ и нема никаков проблем со Буџетот, проблем се застарените системи на УЈП

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со повратот на ДДВ, таа напомена дека клучен проблем се системите во УЈП кои не биле надградени од 2011 - 2012 година.

Според министерката, државата се задолжува во рамки на планираното, а за идната година веќе се анализираат пазарите. Предвидено е издавање еврообврзница, а ќе се користат, како што објасни, различни извори на финансирање за да се затворат најпрво претходно направените обврски и за финансирање на буџетскиот дефицит проектиран за 2026-та.

-Во однос на повратот на ДДВ, во континуитет повторувам дека нема задоцнување освен таму каде што има дополнителни проверки во УЈП. Вие велите девет месеци, а јас можам најодговорно да тврдам дека во Министерството за финансии не постојат налози кои стојат девет месеци. Такво нешто е невозможно. Ако сакате повеќе податоци, да се обратите во УЈП. Ние и во текот на вчерашниот ден разговаравме тука, каде е проблемот. Проблем во Министерството за финансии, најодговорно тврдам, нема. Ако некој мисли дека има, го повикувам Државниот завод за ревизија веднаш да влезе по оваа дискусија и да провери дали во системот стојат налози за „Мој ДДВ“. Технички е проблемот, она што го зборуваме во континуитет - не можете да очекувате седум-осум години да не се надгради ништо во УЈП и наеднаш сега се да биде како што треба. Моите колеги од ИТ постојано ја посетуваат УЈП, таму буквално се е во лоша состојба и сега директорката максимално работи со тие ресурси, со тоа што го има, додека не се направи дигитализација. Но, кога зборуваме за дигитализација, мора да напоменам дека не можеме да дигитализираме, а да немаме поврзувања на основните системи, да сме планирале одредени постапки за навбавка што подразбираат некакви набавки кои во моментот значат „кровот ќе го градиме ама темелите ги немаме“. Јас тоа како министер за финансии не можам да го дозволам и на тоа сега работиме, потенцира Димитриеска-Кочоска на заедничката прес-конференција по средбата со министерот за финансии на Република Словачка, Ладислав Каменицки.

Истовремено, нагласи, се работи со Светска банка на додефинирање на условите за кредитот, но не во насока на каматните стапки, туку на тоа што треба друго да се смени и во однос на типот на кредитирањето.

-Одредени работи треба да бидат повнимателно сработени заради национачната безбедност на државата. Сетоа тоа ќе го затвориме, во завршна фаза сме. Но, повторно ќе кажам, ни треба поврзување на системите кои очигледно не биле чепнати низ годините. Според последните информации, од 2011 - 2012 година нема надградување на системот. Сега тоа прво ни треба и тука е проблемот. Ние работиме на тоа, но тоа не е процес што може да заврши за два масеца, знаеме сите. Кажа и мојот словачки колега како ги решиле проблемите во неговата земја - со воведување е-фактура. Тоа е еден од чекорите. За жал, ние сега ја воведуваме е-фактурата која можеби требаше да се воведе многу поодамна и ако се воведеше многу поодамна, денес немаше да зборуваме дека имаме задоцнувања, дека имаме уште злоупотреби во системот, мораме да проверуваме одредени компании,...., истакна министерката, напоменувајќи дека дигитализацијата може да ги реши сите проблеми кои сега рачно се решаваат, рече министерката.

Таа тврди дека не се прават задолжувања надвор од планираното.

-Се задолжуваме во рамки на планираното за тековната година. Не станува збор дека правиме задолжувања надвор од она што било планирано. Кога го зборувавме Буџетот за 2025 година, на крајот од 2024-та и кога го усвојувавме, што беше предвидено дека ќе биде како задолжување, тоа во суштина го реализираме до крајот на годината, децидна е Димитриеска-Кочоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Американската старлета Ким Кардашијан уште еднаш ја искористи можноста да ги покаже своите бујни облини на еден настан, привлекувајќи ги погледите на љубопитните набљудувачи. 

Ким Кардашијан во провокативно издание го поддржа своето момче Луис Хамилтон

Вчерашната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас собра бројни ѕвезди од светот на шоу-бизнисот.

Присутни беа неколку познати убавици, кои го збогатија настанот со своите внимателно одбрани модни комбинации.

Меѓу истакнатите дами беше и Ким Кардашијан, ѕвездата од реалните шоуа дојде да му даде поддршка на своето момче седумкратниот свтески шампион во Ф1, Луис Хамилтон.

За оваа прилика Ким одбрала две различни модни комбинации.

Најпрво заблеска во црна кожна комбинација која ги истакна нејзините бујни облини и бујни гради, а потоа се пресоблече во посветла – но подеднакво впечатлива – облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Холивудската ѕвезда, убавата актерка Џенифер Лоренс  ги рангирала колегите со кои снимала романтични сцени, според тоа кој од нив се бакнува најдобро. 

Џенифер Лоренс открива кој колега се бакнува најдобро, на листата Бредли Купер,Тимоти Шаламе..

Првото место му припадна на Џош Хачерсон иако во конкуренција биле и Лијам Хемсворт, Бредли Купер....

Американската актерка Џенифер Лоренс откри кој од нејзините холивудски колеги најдобро се бакнува, а нејзиниот редослед привлече големо внимание во јавноста.

За време на гостувањето во емисијата „Watch What Happens Live“ кај Енди Коен, актерката доби задача да ги рангира колегите со кои снимала романтични сцени. На листата се најдоа Лијам Хемсворт, Бредли Купер, Џош Хачерсон, Крис Прат и Тимоти Шаламе.

Лоренс му го додели првото место на Џош Хачерсон, со кого глумеше во филмскиот серијал „Игри на гладта“. „Џош е најдобар, а потоа, па, Хемсворт, Купер, Шаламе, Прат“, изјави актерката.

Интересно е тоа што Хачерсон беше присутен во студиото додека Лоренс го споделуваше своето мислење.

Актерката зборуваше и за снимањето романтични сцени, нагласувајќи дека, во реалноста, таквите искуства немаат многу врска со романтиката.

Присуството на голема филмска екипа, камери и напорниот работен ден создаваат атмосфера која е далеку од интимна. За неа е особено непријатно кога треба да снима сцени со бакнување со колеги кои ѝ се блиски пријатели, како што е Хачерсон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Нашата генерација –Нашата Македонија, годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Под мотото „Нашата генерација –Нашата Македонија во салата Расадник се одржа 35 годишната конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ .

Свои обраќања имаа претседателот на УМС Тодор Конески и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.Конференцијата ја следи Андијана Лазова Божиновска.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

На денешната 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија“, која се одржува во салата „Расадник“ во општина Кисела Вода, свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски при што ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“ за интензивни посети на општинските комитети.

„Затоа ние излегуваме меѓу граѓаните и сакам да објавам нова активност одовде, од оваа сала, дека од овој викенд, следниот и во сите наредни до крајот на годината членовите на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и јас лично, започнеме со интензивни посети на општинските и месните комитети на партијата. Ќе одиме од град во град, од населено место до населено место. Почнуваме кампања Очи в Очи за подобро“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека понекогаш најважните прашања не се поставуваат пред камера, туку тие се кажуваат тивко, на маса, меѓу луѓе што добро знаат колку е тешко, затоа што постојат работи што не можат да се разберат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

„Тие мора да се слушнат директно од луѓето. Токму затоа треба да разговараме очи в очи. Без однапред определен одговор и без барање сите да бидат и да мислат исто. Ќе зборуваме за она што е завршено со датум, доказ и резултат. За започнатото со јасна фаза, цена и рок. И за она што мора да се подобри со разбирање за луѓето кои веќе предолго чекаат. Не за да слушнеме само пофалби. Не за да ја повторуваме веќе познатата слика. Туку за да разговараме и за она што функционира, но и за она што не функционира“, појасни Мицкоски.

Не ветуваме, додаде Мицкоски, дека еден разговор ќе реши сè, но секој сериозен разговор може да открие што недостига, кој е надлежен и што треба да се провери повторно.

„Довербата не е нешто што еднаш се добива и засекогаш се задржува. Таа се проверува секој ден, во одлуките што секојдневно се носат, во ветувањата што се исполнуваат, во проблемите што се решаваат, но и во оние што предолго остануваат нерешени. Нема напредок без вистина за состојбите, нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери. Очи в очи за подобро и нема застанување. Од напролет на трибини меѓу целиот народ, од село во село, од град во град со народот заедно, рамо до рамо за подобра иднина, подобра иднина за младите“, порача Мицкоски од годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

На првата работа на која се осврна Конески се студентските домови, кои беа наследени во многу лоши услови со искршени прозори и тоалети, бојлери кои со месеци не работат, влага по ѕидовите и соби во кои студентите наместо да учат, се бореле со студот и инсектите.

„Тоа е минато! Студентскиот дом „Стив Наумов“ е целосно реновиран и денес 1.150 студенти живеат во услови достојни на европски студенти. По него следува „Кузман Јосифовски – Питу“, а тоа е само почеток. Планот ги опфаќа сите девет државни студентски домови, а за преостанатите седум се обезбедени околу 50 милиони евра. Ова не е проект за една година. Ова е одлука дека студентот во Македонија заслужува да живее достоинствено“, рече Конески.

Конески истакна дека вториот проект и мерка за младите се грантовите за млади претприемачи, каде што преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат финансиски средства.

„Со години младите во Македонија слушаа дека ако сакаат да успеат, треба да си го бараат својот пат надвор. Ние велиме спротивно: ако сакаш да успееш, твоето место е тука во Македонија. Затоа оваа година, преку јавниот повик за самовработување, невработените млади до 29 години со добра бизнис-идеја имаа можност да добијат 10.000 евра неповратни средства за да го основаат својот бизнис. Тоа е порака од државата до младиот човек: веруваме во твоето знаење, веруваме во твојата идеја и веруваме дека иднината на Македонија е во твоите. Секој нов бизнис отворен од млад човек значи едно семејство помалку што ќе се раздели на аеродром, а едно ново работно место повеќе во нашите градови“, истакна Конески.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер