Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии - Канал 5

Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии

Владата останува посветена на одржување на макроеконмската стабилност, стабилност во управувањето со јавните финансии, спроведување фискална консолидација и обезбедување забрзан и одржлив економски раст.

Димитриеска-Кочоска на средби со ММФ: Клучен приоритет останува макроекономската стабилност и стабилноста на јавните финансии

При тоа будно го следи и развојот на состојбата под влијание на неизвесностите на меѓународен план и презема мерки за справување со предизвиците. Ова беше истакнато на средбите на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со извршниот директор на ММФ Јерон Клик, заменик-извршниот директор Марникс ван Рај, директорот на Европскиот оддел во ММФ, Алфред Камер, со шефот на Мисијата на ММФ, Ник Гигинеишвили, како и со претставници од Одделот за фискални прашања при Меѓународниот монетарен фонд, во Вашингтон.

-Клучна цел на фискалната политика останува подобрувањето на управувањето со јавните финансии и одржување високо ниво на капитални расходи коишто ги поддржуваат дологорочните економски политики. Клучни елементи на кои ја засноваме фискалната политика се мерките за обезбедување среднорочна одржливост, дисциплина во управуањето со јавните финансии, транспарентност и отчетност во користењето на средствата, како и поддршка на економијата преку одржување на капиталните расходи на високо ниво (5 проценти од БДП). Голем фокус е поставен на зајакнување на ефикасноста на приходната страна, особено борбата со сивата економија и дигитализација на процесите, а притоа задржување на ниските даночни стапки- рекла министерката за финансии.

Таа, како што информираат од Министерството за финансии, потенцирала дека особен приоритет на Владата и Министерството за финансии е спроведување на предвидената фискална консолидација и намалување на буџетскиот дефицит, којшто од 2024 година оди во надолна линија од 4,4 проценти, во 2025 беше реализиран буџетски дефицит од 4 проценти од БДП и во 2026 година согласно проекцијата е на ниво од 3,5 проценти од БДП.

Како што наведе министерката, Владата и Министерството за финансии ги преземаат сите мерки и го следат развојот на состојбите на меѓународно ниво со цел да се преземат мерки за справувување со предизвиците. Посочи на мерките што се преземени со цел поддршка на бизнис секторот и граѓаните, а како резултат на растот на цената на енергенсите и дека целта е да се одржи стабилноста на јавните финансии и да се поддржи економскиот раст. При тоа беше наведено дека мерките треба да бидат таргетирани.

На средбата била истакната поддршката што Меѓународниот монетарен фонд ја дава на Министерството за финансии во спроведување на клучните реформи во управувањето со јавните финансии и зајакнување на капацитетите на администрацијата.

Во рамки на престојот во Вашингтон, министерката ќе има средба и со заменик-генералниот директор на ММФ Бо Ли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Осветлени и спортските терени во објектот на училиштето „Гоце Делчев“ познато во јавноста како турското училиште.

Општина Битола: Под рефлектори и спортските терени во ОУ „Гоце Делчев“

Училишниот објект доби два спортски терени, едниот терен за ракомет и мал фудбал, а другиот за кошарка.

Под асфалтна површина се 837 м2, а спортските игралишта имаат тартан подлога.

Терените се опремени со реквизити, урбана опрема, а проектот предвидува и зелени површини, површини под бехатон плочки. Деновиве и рефлекторите ги осветлија терените.

Средствата за изградба на овие терени се од вториот владин повик, преку министерството за образование и наука, а вредноста на договорот е 7.497.068 денари.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Концептот Фиат Мултиплеј го најавува враќањето на името Мултипла во сосема нова форма.

Најчудниот Фиат добива наследник, но овој пат ќе изгледа сосема поинаку

Фиат подготвува необичен концепт за Саемот за автомобили во Париз – Мултиплеј, модел кој се потпира на наследството на два различни автомобили со името Мултипла, но носи сосема поинаква каросерија.

За разлика од претходните модели, новиот Мултиплеј не е миниван. Фиат го опишува како комбинација од теренец и пикап, со отворен товарен простор и флексибилен ентериер.

Теренец и пикап во едно

Идејата е дека конфигурацијата на возилото може да се промени само со неколку движења, благодарение на посебен механизам.

Така, Мултиплеј би можел да понуди практичност на отворен товарен простор кога е потребно, но и удобност на теренец за секојдневно возење.

Фиат го опишува возилото како „нов концепт за мобилност“, со фокус на пристапност, флексибилност и практичност.

Иако во моментов е концепт, Фиат не го крие фактот дека Мултиплеј би можел да послужи како основа за иден производствен модел.

Компанијата вели дека би можела да создаде нова категорија возила и да ја прошири својата понуда за прифатливи семејни возила.

Доколку производството навистина се одвива, се очекува да се користи платформата Смарт Кар на Стелантис, која поддржува бензински, благ хибрид и целосно електрични погонски склопови.

Враќање на името Мултипла

Првиот Фиат 600 Мултипла беше претставен во средината на 1950-тите. Беше долг околу 3,5 метри, имаше три реда седишта и можеше да смести шест патници.

Името беше повторно користено кон крајот на 1990-тите.

Фиат Мултипла од 1998 година стана познат по својот многу необичен дизајн и двојни фарови, но во исто време нудеше простор за шест патници во два реда седишта.

Должината на овој модел беше компактна 399,4 см.

Новиот Мултиплеј сега можеше да ја комбинира практичноста на тие модели со модерен концепт на теренец/пикап.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата во Париз.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Мицкоски вчера рече од следната недела горивата поевтинуваат. Македонија е енергетски стабилна. Европа ги отвора резервите, кај нас нема проблем.

СДСМ: Кога арамијата најавува поевтинување, цената оди нагоре. Ребаланс - бидејќи нема пари!

Во превод од досегашната пракса: кога тој најавува намалување, цената оди нагоре. Така беше со мерките на почетокот на кризата. СДСМ бараше веднаш: целосно укинување на акцизата, намалување на ДДВ на 5%, заштита на основните производи. Тој остави цените да подивеат.

Горивото стигна до плафон, над 100 денари. Со него лебот, млекото, превозот. Потрошувачката кошница со вклучена кирија отиде кон 95.000. Земјоделецот плаќа поскапо гориво, а откупот паѓа.

Цените се покачија затоа што не се реагира навреме. Сега, тоа што на сила ги симнува, пак го плаќаат граѓаните. Разликата се покрива со ново задолжување.

Државата се задолжува. Сметката повторно доаѓа за наплата. Цените нема да паднат затоа што тој ја спуштил цената на горивото. Граѓанинот е во загуба двапати: поскап живот, плус враќање на кредитот со камата.

Така изгледа економската политика на арамијата Мицкоски. Од шупливо во празно. Исто како дипломатијата.

Ребалансот што го најави за овој месец е признание, не победа: буџетот веќе е пократок за 7 до 8 милијарди денари. Па дупката ќе ја крпи со нов план и со нов кредит. Поевтинувањето на бензинот е цената што граѓанинот ја плаќа двапати.

Што вели Европа, не кабинетот на арамијата. Просечниот дизел во ЕУ на крајот на септември е 2,24 евра за литар. Бензинот 2,10. Рекорд од 2005. Од Февруари дизелот во Унијата е зголемен околу 35 до 40 отсто. Експерти на ЕЦБ: маржата на дизелот го достигнува врвот во Октомври.

БНП Париба: во четвртиот квартал дизелот веројатно продолжува да расте. Европа ги отвора резервите затоа што има притисок, не затоа што поевтинува.

Кај нас последната одлука на РКЕ, 28 септември: дизел минус 4,5 денари, на 100 денари. Бензин 95 остана 100 денари, додека бензин 98 отиде на 102 денари. Дел од тоа е поради намалениот ДДВ до 12 Октомври и намалената акциза. Тоа не е тренд на намалување. Туку е даночна крпеница. Ако следната недела падне за еден денар, тоа не е победа. Тоа е една котација. Зимата доаѓа.

Истата логика за струјата. Вели: бара начин цената да не порасне. Исходот го знаеме. Македонија увезува. А увозот го сака истиот круг на луѓе како и за броилата на ЕВН - Адамовиќ, Лазаревиќ, Божиновска. Разликата ја покрива со кредит. Граѓанинот не го гледа веднаш трошокот. Го плаќа со камати.

И броилата. ИНРМ денеска: задолжителната замена кај сите домаќинства е штетна. Трошокот за набавка, монтажа и одржување паѓа на товар на мрежарината или на буџетот. Член 185 од Законот за енергетика веќе дефинира неточно мерење: претпоставена потрошувачка, усогласување на три месеци. Прво закон. Потоа нов трошок. Инженерите не се против нова технологија кај производителите и во заедницата. Тие се против данокот над секое домаќинство.

Арамијата не го интересира дали ќе се вградат по закон. Го интересира дека се купени. Провизијата е земена. Паметни се броилата. За касата на арамијата.

Да ги послушаше мерките на СДСМ на почетокот, основните производи немаше да поскапат вака. Кошницата немаше да порасне вака. Земјоделецот ќе имаше поевтино гориво. Куповната моќ ќе беше поголема.

Но не. Имаше бајка за трета економија во Европа. Сега пак најавува. Народот веќе знае што следи по неговата најава.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер