ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нив
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска на средба со Копман: Реформската агенда дава конкретни и мерливи резултатиМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Брисел оствари средба со директорот на Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија, Герт Јан Копман, на која беше разговарано за спроведувањето на реформите и напредокот во рамки на Реформската агенда 2024–2027. На средбата беше потенциран досегашниот напредок во реализацијата на реформите, како и динамиката на идните активности. Министерката истакна дека Министерството за финансии ги вложува сите свои капацитети во исполнувањето на обврските, при што е постигнат значителен напредок, и нагласи дека Владата останува целосно посветена на реформскиот процес. Министерката на состанокот потенцираше дека во делот на јавните финансии се преземаат активности за зајакнување на отчетноста и транспарентноста, при што реформите се дел од поширока трансформација насочена кон приближување на економијата кон единствениот пазар на Европската Унија, зајакнување на институциите и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите. На состанокот беше нагласено дека земјата останува целосно усогласена со Европската Унија на политички, економски и стратешки план.Тагови: Гордана Димитриоска Кочовска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаОгромни пожари и натаму беснеат во Франција и Шпанија, огнот се приближува до Мадрид (ВИДЕО)Големи пожари продолжуваат да се шират во Шпанија и Франција, а властите предупредуваат дека ситуацијата останува многу сериозна. Едно лице загина во пожар, кој сега е под контрола, во близина на Валенсија во источна Шпанија. Во Шпанија, најкритичните области се Мадрид, Авила и Толедо, каде што пожарите сè уште не се под контрола и зависат од временските услови. Пожарот продолжува да се шири кон Мадрид. Во Франција, пожарот во Жиронда се приближува кон областа Бордо, досега уништи околу 42.000 хектари, автопатот А63 кон Шпанија е затворен, а 220.000 луѓе се евакуирани. Германија испраќа помош во Франција Германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија испраќа авиони и служби за итни случаи за да ѝ помогне на Франција во борбата против големите пожари на југозападот од земјата. Je suis en contact étroit avec @EmmanuelMacron. Nous envoyons de l'aide dans les régions françaises touchées par les incendies de forêt afin de soutenir nos voisins. Des hélicoptères, un avion A400 et des secouristes sont en route. — Bundeskanzler Friedrich Merz (@bundeskanzler) July 25, 2026 „Во близок контакт сум со Емануел Макрон. Испраќаме помош до областите погодени од пожарите во Франција за да ги поддржиме нашите соседи. Хеликоптер, авион А400 и служби за итни случаи се на пат“, напиша Мерц на X. „Ви благодарам многу, Германија“, одговори Макрон на германски јазик. Градоначалник на Сестас: Не можеме да кажеме кога луѓето ќе можат да се вратат Градоначалникот на Сестас, Жером Стеф, изјави за BFMTV дека градот, кој се наоѓа југозападно од Бордо, е „за среќа напуштен“. „Имаме неколку луѓе кои не сакаа да ги евакуираат своите куќи. Секако, водиме список на нив во соработка со префектурата“, рече Стеф. Сестас има околу 17.000 жители и се наоѓа на југозапад од метрополитенската област Бордо. „Овој пожар е непредвидлив и секој пат кога мислиме дека сме добиле една битка, за жал нè изненадува на најлош можен начин. Затоа денес, за жал, не можеме да објавиме никаков датум за враќање“, рече градоначалникот. „Денес е невозможно да се каже каде ќе престане пожарот“, додаде тој. ¡Incendios arrasan Madrid! @Elnacionalweb #25Jul | Los incendios descontrolados que siguen arrasando este sábado la región de Burdeos y los alrededores de Madrid forzaron la evacuación de casi 270.000 personas, ennegreciendo el cielo de la capital española y arrasando bosques y… pic.twitter.com/PXlMfWdGH3 — Javier Vivas Santana (@vivassantanaj_) July 26, 2026 Следните часови се клучни за контролирање на пожарот во близина на Мадрид Следните неколку часа ќе бидат клучни за ставање на пожарот под контрола, соопштија шпанските власти. „Ќе вложиме многу голем напор за да ги заштитиме различните згради, куќи и населби во оваа област, каде што работиме сите овие часови“, рече Франциско Мартин Агире, претставник на шпанската влада во Автономната заедница Мадрид. Зборувајќи во командниот центар во Навалкарнер, тој нагласи дека работата што треба да се изврши во наредните часови ќе биде клучна. Пожар се заканува на областа околу Бордо Француските власти предупредуваат дека пожарот повторно се разгорел и им се заканува на населбите околу Бордо. Пожарникарите се борат со ветерот, сувата вегетација и опасноста од ширење на пожарот во текот на денот. Поради пожарот, автопатот А63 помеѓу Бордо и Шпанија беше затворен за 60 километри, објави префектурата Жиронда. Овој пат е една од клучните врски помеѓу југозападна Франција и Шпанија. 🚒🔥Firefighters are struggling to contain #wildfires in south-west #France as strong winds push flames towards the city of #Bordeaux, with one official saying they "are far from having the fire under control."https://t.co/bQEN7EuWEX 📌More than 250,000 people in France & Spain… pic.twitter.com/d4FxxXEee8 — ⚡️🌎 Пожарот во близина на Бордо уништи 42.000 хектари Голем пожар во француската покраина Жиронда продолжува да се шири кон областа Бордо. Според проценката од префектурата Жиронда од 4 часот наутро, пожарот досега опустошил околу 42.000 хектари. Во текот на ноќта, евакуирани се нови места јужно и источно од заливот Аркашон и во близина на Бордо. Меѓу нив се Маршприм, Ле Барп, Биганос, Миос и Сестас. Според новите податоци, вкупно 220.000 луѓе се евакуирани во Жиронда.Тагови: Франција Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04Забранета за пиење и водата во Крушево, може да се користи само како техничка15:00Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47Тошковски: Секој што се огрешил пред законот ќе одговара18:20
Гостивар ќе добие вода за техничка употреба до крајот на неделата, за пиење наредната по нови анализи08:47
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани кој е таму благодарение на нивСДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус.Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здрацвјето на граѓаните е загрозено. Веројатно од СДС се подготвени да измислат се и сешто, освен да го направат вистинскиот чекор и да побараат одговорност, и подготвени се на секое решение да му најдат проблем. Инаку, гостиварчани секојдневно добиваат 60 тони вода од страна на СОЗР, а има и приведени од страна на надлежните и се работи на обезбедување докази кои ќе бидат доставени до обвинителството. Моментот не е СДС да се истакне колку бесмислици може да измисли, и да се докажуваат и да го користат токму овој период, за да добијат политички поени. Пак во коалиција со ДУИ и Таравари, го штитат нивниот кадар. Затоа што ако не беше нивни кадар, упте веднаш ќе побараа одговорност, уште веднаш ќе го преполнеа медиумскиот простор со прес-конференции и изјави со спинувани и непрецизни информации. Но, потребата на СДС да дојде, на власт е толку голема што повторно и во опозиција му излегува во пресрет на ДУИ и Таравари и го заобиколува Валбон Лимани, а во јавноста пласира теми кои немаат никаква поврзаност со актуелната состојба во државата и кризата во Гостивар. СДС, ДУИ и Таравари, се коалиција во опозиција, која се обидува од сите кризи да шири паника кај граѓаните, и опозиција која освен власт не сака ништо друго и воопшто не е заинтересирана за граѓаните и она со кое што тие се соочуваат токму поради нив, во овој конкретен случај во Гостивар, од локалната власт, предводена токму од нив, се наведува во партиксото соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Во Гостивар уште 4.000 пациенти а ВМРО-ОКГ вели дека СДСМ шири дезинформацииВМРО-ОКГ деновиве тврди дека СДСМ шири дезинформации и паника за водата.Во Гостивар ситуацијата е катастрофална. За само неколку денови има речиси 4.000 пациенти. Болницата е преполна. Водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба. Ова е „дезинформација“? Додека граѓаните стојат во редови за флаширана вода и полнат болнички ходници, ВМРО-ОКГ се занимава со обвинувања за паника. Реалноста е јасна: Илјадници заболени. Вода што не смее да се користи ниту за миење. А тие сè уште зборуваат за „дезинформации“. Граѓаните во Гостивар не паничат. Тие се разболеа затоа што „црвените светла“ на Мицкоски и Клековски се вклучија предоцна, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter