Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
2Голем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Исполнети чекорите од Реформската агенда посветени на транспарентност, отчетност и подобро управување со јавните финансииМинистерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на Реформската агенда 2024–2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформи коишто ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии има исполнето осум чекори, од вкупно 22 чекори коишто ги исполни земјава и кои резултираа со одобрување на 142,1 милион евра во рамки на Реформската агенда. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата истакна дека Инструментот за реформи и раст е клучен двигател на реформите коишто ќе ги зајакнат јавните институции, ќе го подобрат управувањето, ќе поттикнат економски раст и ќе го забрзаат нашиот пат кон членство во Европската Унија. При тоа, потенцира дека посветеноста на Европската Комисија во поддршката на нашите реформски напори преку редовни мониторинг состаноци и обезбедување техничка помош помага да напредуваме во клучните политички области. Како дел од Реформската агенда Министерството за финансии исполни чекор којшто се однесуваше на зајакнувањето на јавната внатрешна финансиска контрола, со усвојувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска постигнато е целосно усогласување со меѓународните стандарди и принципите на ЕУ. Повеќе од 80% од буџетските корисници на централно ниво и 75% на локално ниво поднесуваат извештај за извршените внатрешни ревизии, додека повеќе од 70% од примарните буџетски корисници на централно ниво имаат документ за управување со ризик, вклучително и антикорупцискиот ризик и ги евидентираат идентификуваните ризици во плановите за ублажување на истите. Понатаму е зајакнување на системот за јавни набавки, односно користењето на аукциите за набавки во фискалната 2025 година се намали на максимум 40% од набавките и целта поврзана со користењето на е-аукции е постигната. При тоа нивното учество останува под максималниот праг дефиниран во Реформската агенда, со што се придонесува за подобрена транспарентност, конкуренција и ефикасност. Исто така, е постигнат напредок во спроведувањето на Законот за буџети и реформите во делот на управувањето со јавните инвестиции. Во областа на Управување со јавни инвестиции, по усвојувањето на Уредбата за управување со јавни инвестиции, Министерството за финансии подготви и објави Насоки за изработка на студии за изводливост и Прирачник за процесот на управувањето со јавните инвестиции и спроведе обука за вработените во јавниот сектор за примената на истите. Конечната приоритетна листа на проекти за јавни инвестиции беше усвоена од овој Комитет во мај 2026 година, по што следува усвојување на листата од страна на Владата. Исто така развиено е привремено ИТ решение на соодветно ниво кое е пополнето со податоци од одобрени концепти за проекти и мониторинг извештаи, на тој начин се обезбедува централизирана база на податоци којашто ги опфаќа и тековните и новите проекти на национално ниво, поддржувајќи го изборот на буџетски кандидати и следењето на финансиското спроведување на проектите. Во изминатиот период како дел од Реформската агенда донесени сите 17 подзаконски акти предвидени во Законот за буџетите. Воспоставен е регистар на јавни субјекти, ревидирани се буџетските класификации, а организациската структура на буџетските корисници е рационализирана, со што бројот на примарни буџетски корисници е намален од 85 на 35, при што буџетските корисници од втора линија се јасно идентификувани. Министерството за финансии дополнително ги исполни пред утврдениот краен рок чекорите коишто се однесуваа на олеснување на пристапот до заеми за мали и средни претпријатија со проширување на издадените гаранции според државните кредитно-гарантни шеми и зголемување на бројот на мали и средни претпријатија кои имаат корист од кредитно – гарантните шеми. Во рамките на четвртото барање за ослободување на средства, во рамки на Планот за раст, Министерството за финансии ќе достави две фишиња за двата многу важни чекори во областа Деловно опкружување, во рамки на реформата Поттикнување развој на мали и средни претпријастија (МСП) преку донесување и спроведување на новата стратегија за МСП. Министерството за финансии работеше на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со олеснување на пристапот до заеми, со измена на релевантното законодавство за да се овозможи користење нематеријални средства како колатерал при кредитирањето на мали и средни претпријатија, како и на исполнување на препораките на Европската комисија во врска со спроведување темелно истражување за тековното користење лизинг од мали и средни претпријатија и законските одредби, воведување на потребните измени за да се поттикне користењето лизинг како опција за финансирање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕвропаВо Германија е уапсен маж кој шпионирал за Русија 53-годишен Украинец е уапсен во Бранденбург под сомнение за шпионажа за руската разузнавачка служба. Федералното обвинителство на Германија го обвинува Вадим Ј. за собирање класифицирани воени информации користејќи ги неговите контакти во европската одбранбена индустрија. Апсењето е извршено денес во округот Одер-Шпре од страна на службеници на Федералната канцеларија за криминална полиција (BKA), пишува Билд. Одлука за притвор Утре, осомничениот треба да биде изведен пред истражниот судија на Федералниот Врховен суд во Карлсруе, кој ќе одлучи за притвор. Истрагата е покрената врз основа на информации од Федералната канцеларија за заштита на уставниот поредок (BfV). Според државното обвинителство, Украинецот бил во контакт со руската разузнавачка служба преку посредник најмалку од јули 2025 година. Европската воена индустрија и источното крило на НАТО наводно биле во фокусот на неговиот интерес. Вадим Ј., кој живее во Ајзенхитенштат, е осомничен за собирање податоци за производство на тенкови, муниција и експлозиви. Тој е осомничен и за собирање информации за персонал и воени објекти на локации клучни за обезбедување на источниот крило на Алијансата. Иако дел од тие информации беа јавни, истрагата сугерира дека тој не застанал тука. „Во некои случаи, осомничениот добил целни информации преку лица од европскиот одбранбен сектор“, наведува канцеларијата на државниот обвинител. Тој е обвинет за разузнавачки активности за странската служба. Откриени се повеќе сомнителни руски операции Во август, во Бранденбург беше откриено наводно руско скривалиште за оружје. Безбедносните служби потоа пронајдоа професионално направено скривалиште со две огнени оружја во шумата на границата со Берлин. Според весникот „Зидојче Цајтунг“, разузнавачките служби имаат индикации дека станува збор за депо на руските тајни служби. Оружјето веројатно било наменето за агенти кои требало да извршат напади или други таканаречени „кинетички операции“ во Германија. Еден осомничен е во притвор во Романија. Сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт изјави во август дека не може да се исклучи вмешаноста на „странски сили“. На почетокот на август беше спречен обид за напад врз украински транспортен авион, за што е осомничена и Русија. Целта на нападот со беспилотно летало со експлозив бил товарен авион на аеродромот Лајпциг/Хале. За среќа, дронот тогаш не експлодирал.Тагови: Германија русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКамен се продава за 5.000 евра за еден грам- се наоѓа во поле, а некои вредат колку стан На прв поглед, може да изгледа како сосема обичен камен, парче карпа, кое некој би го оставил на земја или би го фрлил настрана без многу размислување.Сепак, она што е скриено во неговото потекло и состав може да го претвори во предмет од голема вредност, за кој колекционерите се подготвени да издвојат богатство. Не секој вреди богатство Највредните примероци можат да достигнат цена од неколку илјади евра за само еден грам, што ги прави поскапи од златото. Значи, во зависност од неговите карактеристики и тежина, може да вреди колку еден стан. Станува збор за метеорити - фрагменти од вселенски тела кои го преживуваат преминот низ атмосферата на Земјата и стигнуваат до површината на нашата планета. Според Medium.cz, најретките примероци на колекционерскиот пазар можат да достигнат цена од дури 5.000 евра за грам! Секако, не секое такво откритие вреди богатство. Цената зависи од бројни фактори, вклучувајќи го потеклото, хемискиот состав, зачувувањето и околностите под кои е пронајден фрагментот. Според специјализираната веб-страница Astro.cz, меѓу особено интересните примероци се „метеорити со позната траекторија“. Станува збор за метеорити за кои научниците, врз основа на инструментални набљудувања, биле во можност да ја одредат траекторијата на нивното матично тело низ Сончевиот систем пред да влезе во Земјината атмосфера. Ваквите откритија се исклучително ретки. Во светски рамки, до 2018 година, биле познати приближно 30 вакви примероци. Законот се разликува во зависност од земјата Фрагментите што потекнуваат од Месечината или Марс, исто така, можат да достигнат особено високи цени. Нивното потекло и научно значење ги прават особено привлечни за колекционерите, па затоа некои примероци се продаваат за износи што достигнуваат вртоглави вредности. Конечно, треба да се спомене дека законот што ја регулира сопственоста на ваквите откритија е важен за пронаоѓачите, објавува Observator News. Правилата варираат од земја до земја. Во Германија, прописите зависат од сојузната држава, а во одредени случаи државата може да го побара правото на наоди од посебно научно или културно значење. Во Словачка, метеоритите наводно се сметаат за државна сопственост, па затоа пронаоѓачите не можат едноставно да ги задржат. Експертите препорачуваат секој што ќе најде метеорит да го пријави тоа кај властите. Регистрирањето на фрагментот во професионална база на податоци може да помогне да се утврди неговото потекло и научно значење, а потенцијално и да се зголеми неговата вредност на колекционерскиот пазар.Тагови: камен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГолем собир на студентите во центарот на Белград- говорниците на бината носеа Устав на Србија (ВИДЕО)Завршниот предизборен митинг на студентската листа „Студенти побеѓују“, под името „Победата повикува“, започна вечерва на плоштадот Славија во Белград.Во 18 часот, плоштадот веќе беше полн, а толпата палеше факели и светла на своите мобилни телефони и извикуваше „Вучиќ го нема“. „За 150 години, некој ќе каже: Промената започна тука!“ Говорите во Славија завршија со песната „Марш на Дрина“. Кандидатите ја напуштија сцената држејќи го Уставот на Србија. Slavija 3 dana do pobede! Studenti pobeđuju!3️⃣ https://t.co/0p4AFpiuTg — Kreni-Promeni (@KPromeni) October 22, 2026 „Нашите мандати ќе бидат во ваши раце, во рацете на народот. На 25 октомври, Србија победува! И знаете ли зошто? Затоа што студентите победуваат!“, рече првиот кандидат на листата, Илија Срдановиќ. Пред него, студентката Наталија Степановиќ рече дека тие можат да ги исполнат студентските барања „само со промена на владата“. Таа исто така рече дека за 150 години некој ќе каже: „Тие беа тука и промената започна тука!“ View this post on Instagram A post shared by Mašina (@masina.rs) Тагови: Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05