МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција, обврските се сервисираат навремено и одговорноБуџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план. „Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот. Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа јасно покажува дека јавните финансии се стабилни и во добра кондиција. Нашите политики се насочени кон фискална консолидација, транспарентност и градење доверба кај инвеститорите и јавноста“, кажа Димитриеска Кочоска. Министерката повтори дека од почетокот на годината државата се задолжи со една милијарда евра со цел раздолжување на постојни обврски, а дополнително ќе се обезбедат уште 300 милиони евра од странство, исто така наменети за сервисирање на долг кој доспева, бидејќи како што кажа, само во 2026 година доспеваат околу две милијарди евра обврски, информација што континуирано и транспарентно се соопштува, при што, како што посочи министерката, станува збор за одговорно управување со јавниот долг, а не за ново нето задолжување. „Буџетскиот дефицит бележи континуирано намалување, од 4,4 проценти од БДП во 2024 година, на 4 проценти во 2025 година, со проектирани 3,5 проценти во 2026 година, што претставува јасен сигнал за фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии„ кажа министерката. Осврнувајќи се на еврообврзницата, таа нагласи дека најниската каматна стапка која што е постигната со нејзиното издавање е резултат на месеци посветена работа и интензивна комуникација со меѓународните инвеститори. „Нема ниту еден коментар за најниската каматна стапка што ја добивме на еврообврзницата. Тоа не доаѓа „од небо“. Тоа е резултат на месеци работа и постојана комуникација со инвеститорите, кои на дневна основа поставуваат прашања за буџетот, економијата, плановите и секако за наследените состојби, кои внимателно ги следат економските политики, буџетската дисциплина, реформските процеси и наследените состојби“ кажа министерката. Министерката нагласи дека останува приоритет одговорното управување со јавните финансии, одржувањето на макроекономската стабилност и обезбедувањето предвидлива и сигурна економска средина за граѓаните и бизнисите. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗабаваКога обврските ја потиснуваат романтиката – Како повторно да внесете блискост во односотСтресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост. Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот. Зошто стресот влијае на желбата за интимност? Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот. Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти. Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација. Како повторно да се разбуди блискоста? Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат. Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг. Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето. Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот. Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос. Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter