Димевски: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило - Канал 5

Димевски: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило

Претседателот на Мaкедонската кошаркарска федерација Данеил Димевски денеска во отворено писмо му одговори на поранешниот селектор Марин Докузовски за прекинот на соработката по успехот на ЕП во Литванија.

Димевски: Докузовски ја остави репрезентацијата на цедило
- Докузовски ја остави на цедило репрезентацијата, играчите кои му ја донесоа најголемата слава, ги остави на цедило луѓето кои многу пати во животот му помогнале и отвориле врата, кои му ја дадоа и оваа шанса, ја остави на цедило кошаркарска Македонија, затоа што не веруваше дека таков успех може да се повтори, стои во писмото од првиот човек на федерацијата.

Димевски додава дека и покрај слабите резултати во подготвителниот период пред ЕП во Литванијана, Марин Докузовски токму од раководните луѓе на МКФ ја имал најголемата поддршка.

- Подготвителниот период пред ЕП во Литванија беше многу тежок, во кој претрпевме неколку тешки порази и веројатно тој притисок и немањето верба во сопствената екипа придонесе да тогашниот селектор се испокара со добар дел од екипата и раководните луѓе, а најмногу со спортскиот директор Врбица Стефанов, заради што тој тогаш понуди оставка на функцијата селектор. За голема среќа, јас, кој бев еден од ретките во нормална комуникација со него, успеав да го разубедам и сопствената верба во успех на нашата репрезентација да ја пренесам и на него, вели претседателот на МКФ.

Димевски појаснува дека Докузовски можел да биде и тренер во Лукоил и селектор, доколку тоа го сакал, но негативниот одгоровор од поранешниот селектор го слушнал од бугарски медиум по ангажманот на Докузовски во Лукоил.

- Неговото доцно конечно изјаснување дека не сака повеќе да биде селектор, не стави во цајтнот позиција, во време кога требаше да се договараат подготовки, пријателски натпревари и целата програма на репрезентација за летото 2012 и квалификациите за ОИ во Лондон.

Димевски се осврна и на неприсуството на Докузовски на церемонијата при прославата на 20-годишнината од репрезентацијата,

- Не е вистина дека Марин Докузовски не беше поканет на церемонијата летово на која им дадовме чест и почит на поранешните играчи, кошаркари, репрезентативци, како и на луѓето кои во минатото беа селектори и повеќе не се занимаваат со тренерска работа. Марин Докузовски беше поканет, како и на секоја манифестација која МКФ ја организира. Докузовски, како и Заре Марковски, не добија признание, затоа што тие не ја завршиле својата тренерска кариера и никој нема право да ги отпише од иднината на кошаркарската репрезентација на Македонија, е ставот на првиот човек на македонската кошарка.

Поранешниот селектор Марин Докузовски минатата недела изјави дека се додека е актуелното раководство на чело на МКФ, тој нема да се врати во репрезентацијата.

Според него по ЕП во Литванија три и пол месеци никој од федерацијата не го контактирал за евентуално продолжување на договорот.

За тоа какви се неговите односите со федерацијата Докузовски рече дека најдобро се гледа по тоа што не бил поканет на прославата за 20-годишнината.

Под водство на Марин Докузовски македонската кошаркарска репрезентација го постигна најголемиот успех на ЕП во Литванија освојувајќи го четвртото место. За постигнатиот резултат со репрезентацијата, како и на клупските натпреварувања Докузовски е годинашен добитник на Државната награда за спорт 8 Септември. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Летото 2026 година ќе биде најжешкото во Велика Британија откако се водат евиденции, соопшти денес британската Метеоролошка служба.

Рекордни температури во Велика Британија, најжешкото лето досега

Метеоролозите велат дека за да се сруши температурниот рекорд од минатата година во Велика Британија, сè што е потребно е температурите да останат на просечно ниво до крајот на август, објави Би-Би-Си.

Според Метеоролошката служба, просечната температура во Велика Британија за метеоролошкото лето (од 1 јуни до 10 август) досега била 16,48 степени Целзиусови, што е за 1,88 степени над просекот за периодот од 1991 до 2020 година.

Во текот на летото 2025 година, просечната температура во Велика Британија, која ги вклучува ноќниот минимум и дневниот максимум, била 16,10 степени.

Ова е во согласност со доказите дека летата стануваат потопли и посуви поради климатските промени, соопшти британската јавна служба.

Во Велика Британија, највисоката температура досега ова лето била 38 степени Целзиусови во Лингвуд, Норфолк, на 26 јуни.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Утре сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.

Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и наместа појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и почетокот на новата седмица времето ќе биде стабилно, а дневната температурата ќе биде во постепен пораст.

УХМР

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги.

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и, во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до привремен прекин во остварувањето на правата од здравственото осигурување.

По преземените активности, состојбата е нормализирана и овозможено е непречено користење на правата од здравственото осигурување за вработените во Министерството за внатрешни работи.

МВР и Фондот за здравствено осигурување ќе продолжат со координирани активности за изнаоѓање системско решение кое ќе овозможи во иднина непречено функционирање на здравственото осигурување и навремено остварување на правата од здравственото осигурување за сите вработени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер