Диме Велковски: Инвестираме во човечкиот капитал, сите пратеници да го поддржат предлог Буџетот за 2020 година

​Денеска во процедура во Собранието влегува Буџетот за 2020 година.

Буџетот за 2020 година е развоен и во својот фокус го става човечкиот капитал.

Продолжуваме да вложуваме во зголемување на платите и пензиите, продолжуваме да обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните.

Вложувањето во човечкиот капитал е неопходно затоа што треба и мора да бидеме конкурентни со светската економија за да можеме да го одржиме економскиот раст.

Буџетот за 2020 година претставува инвестиција во подобро здравство, подобро образование, подобра социјална грижа, инвестиција во развој на инфраструктурата.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која земаше од граѓаните за лажен барок, споменици, палми и криминални тендери, ние инвестираме во она што е важно за секој граѓанин.

Новиот предлог буџет за 2020 година, во здравството, образованието и социјалата, предвидува инвестиција од вкупно 154 милијарди денари. Тоа е зголемување од повеќе од 10 милијарди денари во споредба со ребалансот од 2019 година, односно последниот Буџет.

1,5 милијарди денари предвидени се за капитални инвестиции во здравството. Одвоивме 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции во образованието, за реконструкција и изградба на училишни згради и спортски училишни сали, на студентските домови.

Во 2020 година проектиравме реални капитални расходи на ниво од 23 милијарди денари. Инвестициите се наменети за интензивирање на инфраструктурните проекти, односно за патна и железничката инфраструктура, енергетската и комунална инфраструктура.

Паралелно со тоа, продолжува и растот на платите. Веќе во јануари за 10 отсто поголема плата добиваат вработените во образованието.

Од февруари лекарите специјалисти добиваат повисока плата за 25, а медицинските сестри за 10 отсто.

Веќе од јануари, пензиите растат за 700 денари, а со законското усогласување, над 322.000 пензионери ќе добијат зголемување од околу 900 денари.

Предлог Буџетот за 2020 година е насочен кон поголема социјална еднаквост и надминување на социјалните разлики. Остануваме посветени на градењето фер и еднакво општество.

Апелираме на конструктивна дебата во собраниската Комисија за финансирање и буџет и повикуваме сите пратеници да дадат поддршка на предлог Буџетот за 2020 кој е во интерес на граѓаните, државата и економијата.

Диме Велковски, пратеник на СДСМ

Белата куќа со осуда за „малиот процент“ студенти за предизвикување немири на универзитетите

 Белата куќа осуди „мал процент студенти, поттикнувачи на немири“ по ноќните судири и апсења во одредени американски кампуси кои протестираат против војната во Газа.

„Студентите имаат право да посетуваат настава и да се чувствуваат безбедно“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи: „Ќе продолжиме да нагласуваме дека антисемитизмот мора да биде осуден“.

Според американски медиуми, околу 1.000 луѓе се приведени во судирите на универзитетите ширум САД, и според податоци обезбедени од полицијата и властите во Њујорк, околу 300 луѓе биле приведени на Универзитетот Колумбија, центарот на протестите поради војната во Газа со обвиненија за прекршок, кражба и помали кривични дела.

На Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес, попознат како UCLA, не се одржуваа часови. Таму во текот на ноќта избувнал конфликт кога, како што пренесуваат американски медиуми, група произраелски демонстранти се обиделе да ги урнат барикадите зад кои во шатори се наоѓале пропалестинските демонстранти.

Неколку часа пред да избијат немирите во UCLA, полицијата упадна во зградата на Универзитетот Колумбија во Њујорк, окупирана од антивоени демонстранти, завршувајќи го протестот кој ја парализираше институцијата.

Протести избија во околу 30 универзитети во САД, со барање САД да престане да го поддржува Израел и со компаниите кои ја поддржуваат војната во Газа. Тоа е убедливо најголемиот студентски протест во САД во 21-от век, а полициската реакција што следеше потсетува на сцени од 1960-тите кога имаше огромно студентско протестно движење против Виетнамската војна, јавија американските медиуми. /МИА

Во Србија продолжува парламентарна расправа, се чека гласање за новата влада

Српскиот парламент претпладнево ќе ја продолжи првата вонредна седница на која единствена точка на дневен ред е избор на Влада и давање заклетва на претседателот и членовите. 

Се очекува дискусијата да продолжи, по што пратениците треба да гласаат, јавија српските медиуми.

Продолжението на првата вонредна седница на Националното собрание во актуелното свикување е закажано за девет часот. На седницата, која почна вчера, излагање поднесе претставникот за состав на новата Влада Милош Вучевиќ.

Во тричасовното обраќање пред пратениците, меѓу другото, тој истакна дека владата што ја предлага ќе биде влада на континуитет во најголема мера, како и дека полноправното членство во ЕУ останува стратешки приоритет на Србија. Тој наведе и дека најголемиот предизвик на новиот кабинет ќе биде одбраната на суверенитетот, ќе се предложи задолжителен воен рок од четири месеци. Вучевиќ порача дека членовите на Владата мора да бидат тим, дека секогаш мора да бидат подготвени да ги штитат националните и виталните интереси на Србија, а неговото прво и единствено барање е несомнената лојалност кон татковината. На Собранието му предложи 31 член на кабинетот, меѓу кои има осум нови личности. /МИА

Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер синоќа го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт на САД.

Земјотресот се случил во областа Корона, во близина на Лос Анџелес, објави Фокс.

Земјотресот бил почувствуван во пошироката област, западно до Лос Анџелес, Лонг Бич, округот Оринџ и Санта Кларита./МИА

притисни ентер