Димче Арсовски: Која е причината за средбата на Заев со Алекс Сорос

Зоран Заев е Претседател на Владата на Република Македонија, а не претседател на невладина организација, иако во моментов е во заминување од позицијата премиер, така да после тоа ќе може по изборите со што сака да се занимава.

Кога Зоран Заев остварува средби, граѓаните имаат право да знаат за што се среќава и за што разговара особено после скандалозните контакти со познатиот Биг Мајк или пранкерите од Украина.

Што била вистинската причина за средбата со Алекс Сорос ?

Образложението на Владата дека разговарале за малиот шенген со Србија и Албанија е несериозно. Дали тоа значи дека Александар Сорос е нов советник на Зоран Заев?

Името на Џорџ Сорос се поврзува со бројни афери, матни зделки, изигрување на демократијата во одредени земји.

Зоран Заев очигледно е дека преку своите конекции повторно сака да креира атмосфера пред изборите и за време на кампањата каде ќе може полесно да се обиде да ја украде волјата на граѓаните и сега за тоа ја бара поддршката од неговите сомнителни партнери кои вложија милиони за да го инсталираат на власт.

Предупредуваме, Зоран Заев да не прави дополнителни штети и да не излегува надвор од законот, затоа што одговорност ќе има после 12-ти април за се што сторил.

Изигрувањето на законите и изигрувањето на волјата на граѓаните овој пат ќе го чини скапо и нема да може да се случи.

Прес-конференција за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

(СТАВ) Прашање до сите правници и професори во Македонија и Грција...

Знаете ли што значи правната фраза - ERGA OMNES? Доаѓа од латинскиот израз кој означува - ЗА СИТЕ. Ако договорот од Преспа во чл.1, точка 3 вели дека е ERGA OMNES, однос важи за сите, како тогаш...  

...не важи за сите граѓани во Македонија и во светот ( според правното значење на erga omnes )?

Ако го погледнете договорот од Преспа кој е депониран во Обединетите Нации, ќе видите дека ERGA OMNES-от сепак не е „ERGA OMNES“, односно во чл. 1, точка 3, подточка f вели дека користењето на придавките од името Северна Македонија НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО за оние правни и физички кои не се основани со некој државен закон и не добиваат финансиска поддршка од државата за своите активности!

Дали договорот меѓу Грција и Македонија има сериозни правни недоследности, или едноставно кажано е - дефектен?

притисни ентер