Дилета Леота објави снимки од новогодишната ноќ- носи црн мини фустан (ФОТО) - Канал 5

Дилета Леота објави снимки од новогодишната ноќ- носи црн мини фустан (ФОТО)

Познатата италијанска новинарка Дилета Леота ги воодушеви своите следбеници во црн мини фустан за новогодишната ноќ.

Дилета Леота објави снимки од новогодишната ноќ- носи црн мини фустан (ФОТО)

На фотографиите Дилета позира на балкон со поглед на градот. „Добредојдовте во 2025 година“, вели таа во описот на објавата која има речиси 300.000 лајкови.

Таа сподели и фотографија со нејзиниот сопруг, германскиот фудбалер Лорис Кариус.

Потсетуваме, Дилета Леота и Лорис Кариус се венчаа минатиот јуни на островот Вулкано во Италија.

На свадбата имаше повеќе од 160 гости, меѓу кои и Кјара Ферањи, Елизабета Каналис, Мишел Хунцикер и Аурора Рамацоти. Леота и Кариус ја добија ќерката Арија во август 2023 година.

Оваа популарна Италијанка се прослави известувајќи од фудбалските терени, каде со години ги следи натпреварите од Лигата на шампионите и во Серија А. Нејзиниот љубовен живот често е тема на медиумите, вклучувајќи ги и шпекулациите за врските со познати фудбалери. Пред бракот со Кариус беше во врска со турскиот актер Џан Јаман, миленик на женската публика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно решение за производителите на јаболко, кои се соочуваат со исклучително тешка состојба на терен.

ЛДП: 12 денари за килограм индустриско јаболко е минимумот за опстанокот на производителите

Во овој момент на производителите им се нуди откупна цена од само 4 денари за килограм индустриско јаболко, плус 2 денари субвенција. Тоа е далеку под производствената цена, која е околу 10 денари за килограм.

Во услови на суша, зголемени трошоци за гориво, пестициди и останати репроматеријали, ваквата цена не ја обезбедува ниту минималната економска одржливост на производството.

Затоа ЛДП бара откупната цена на индустриското јаболко да биде најмалку 12 денари за килограм. Ова не е само прашање на моменталниот приход на производителите, туку и прашање дали во иднина ќе има интерес за одгледување јаболка, особено во Ресен и околните населени места.

Земјоделецот не може постојано да испорачува под производната цена. Ако државата сака да го задржи земјоделското производство, ќе мора да обезбеди предвидливи и одржливи услови за производителите.

Во следниот период ЛДП ќе предложи и законско решение за организиран откуп на стратешки земјоделски култури во Македонија, особено на производи кои имаат потенцијал за извоз и создавање девизен прилив, меѓу кои тутунот, грозјето, оризот, пиперката и јаболкото.

ЛДП останува на страната на производителите на јаболко и ги поддржува сите нивни организирани активности за остварување на нивните права, вклучително и преку обезбедување на бесплатна правна помош.

Крајно време е земјоделците да бидат третирани како рамноправни партнери во економијата, а не како последни алки на синџирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови експлозии во Франкфурт, цели кафуле и бар за наргиле

Во текот на ноќта, во Франкфурт одекнале нови експлозии насочени кон едно кафуле на улицата „Бергер“ (Berger Straße) и бар за наргиле на улицата „Цајл“ (Zeil). 

Нови експлозии во Франкфурт, цели кафуле и бар за наргиле

Со ова продолжува серијата напади со експлозивни направи забележани во областа на Франкфурт и Офенбах во изминатите денови, пишува tagesschau.de.

Од полицијата соопштуваат дека две експлозии се случиле утрово, околу 4:20 часот.

Според првичните информации, направите експлодирале пред кафулето „Рио“ во населбата Норденд и пред барот за наргиле „Трут“ (Truth) на улицата „Цајл“. На двата објекта е причинета значителна штета, а искршени се и неколку прозорски стакла.

Експлозијата во близина на кафулето „Рио“ беше толку силна што оштети близок бар за супи, соседна филијала на банката „Шпаркасе“ (Sparkasse) и најмалку еден паркиран автомобил.

Експлозијата ги разбудила жителите, но според достапните информации, нема повредени. Втора експлозивна направа експлодираше пред бар за наргиле.

Ова се само најновите во низата слични инциденти. Во понеделникот, експлозија одекна во близина на станбена зграда во франкфуртската населба Бокенхајм. Рано утрото во неделата беа пријавени експлозии во населбата Заксенхаузен и во Офенбах, при што беа оштетени бар, кафуле и киоск за весници. Во врска со нападот во Заксенхаузен е уапсено 15-годишно лице, на кое му е одреден притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)

На видеото се гледа како таа пристапува до брегот со автомобил „Порше“, го фрла отпадот во реката и потоа си заминува.

Жена фрла ѓубре во Лепенец (ВИДЕО)

Утрово пред телевизијата Канал 5 е снимен момент на кој, според видеото објавено на порталот „Курир“, се гледа жена како со автомобил марка „Порше“ застанува во близина на мостот кај реката Лепенец, по што излегува од возилото со кеса и ја фрла во реката.

Снимката предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради начинот на кој е одложен отпадот и фактот што станува збор за водотек.

На видеото се слуша и глас како ѝ довикува на жената: „Фрлај, фрлај“.

Просторот околу реката Лепенец подолг период се соочува со проблем со наталожен отпад. Иако надлежните јавни комунални служби редовно интервенираат со чистење и одржување на просторот, несоодветното однесување на поединци придонесува за повторно создавање на диви депонии и дополнително загадување на околината.

Несоодветното одлагање отпад не претставува само естетски проблем, туку може да има негативно влијание и врз животната средина, особено кога отпадот се фрла директно во река. Од Канал 5 потсетуваат на потребата од одговорно однесување и правилно одлагање на отпадот, со цел да се зачува животната средина и просторот во кој сите живееме.

Снимката предизвика остри реакции и револт кај граѓаните, особено поради фактот што локацијата е точно кај устието каде Лепенец се влева во Вардар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер