Дилеми околу онлајн работењето на Собранието – власта „за", опозицијата „против"

По трите потврдени случаи на пратеници активни на вирусот Ковид-19, се интензивираа дебатите околу можноста за заседавање на Собранието преку онлајн апликации. 

Владејачкото мнозинство предлага промена на Деловникот за да се овозможи работа на далечина за пратениците кои имаат решение за изолација, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации.

Прашањето за онлајн работа на пратениците се актуелизира вчера откако пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потврди дека пратеничка од редовите на оваа партија е позитивна на Ковид-19. Таа била позитивна на вирусот пред повеќе од една недела, а две недели претходно не доаѓала на работа во Собранието.

Претходните денови беше објавено дека позитивни на тестот за Ковид-19 биле и пратениците Лазе Танески од СДСМ и Исмаил Јахоски од ДУИ. Таневски се тестирал бидејќи сакал да патува во странство, а Јахоски имал симптоми на Ковид-19 и беше хоспитализиран.

По направените епидемиолошки анкети, од Центарот за јавно здравје информираа дека нема потреба од изолација на други пратеници, бидејќи мерките во Собранието се почитувале.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески вчера соопшти дека на координативна средба во Собранието ја објаснил потребата од промена на собранискиот Деловник, со цел воведување работа на далечина само за пратеници кои имаат решение за изолација.

– Тоа значи дека само оние пратеници кои се заболени или пак се наоѓаат во изолација поради контакт со заболено лице, присуствата на седниците на Собранието и на работните тела да можат да ги извршуваат онлајн, исјави Митрески.

Според него, вакви примери на комбинирано работење на парламентите има низ целиот свет, па во време на сериозни предизвици, потребни се институции со целосен капацитет, вклучително и Собрание кое ќе биде во можност да ги извршува своите функции и во вакви околности.

– Пратениците треба да им служат на граѓаните во секакви околности, вклучувајќи ја и панемијата, рече Митрески.

Од друга страна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пренесувајќи го ставот на неговата пратеничка група, изјави дека од уставно-правен аспект Собранието не може да работи и да одлучува преку онлајн апликации, бидејќи според него, постои јасна уставна норма во Членот 69, која налага присуство на собраниските седници на мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Според Милошоски, работа од далечина би била можна доколку во Уставот пишувало „учество", а не „присуство" на седницата, како што е утврдено и со Деловникот во членот 29 во којшто се наведува дека пратеникот има право и должност да „присуствува на седниците" на Собранието и да учествува во работата и во одлучувањето.

– Од етички аспект, би било нееднаквост доколку пратениците физички не одат на работа во Собранието, а во исто време се бара градежниците, медицинскиот персонал, продавачите, возачите, наставниците, судиите, чиновниците и приватниците физички да бидат на своите работни места за са си ја заработат својата плата, потенцира Милошоски на својот профил на Фејсбук.

Осврнувајќи се на ставот на владејачкото мнозинство за потреба од ефикасни институции, Милошоски нагласи дека за такво нешто е потребна соработка на власта со сите други пратенички групи и „уважување на нивните ставови и мислења кога се работи од интерес на граѓаните".

Според него, со онлајн собраниски седници се ризикува „политичка криза во Собранието, дополнително се воведува уште една правна несигурност" и сите закони усвоени на овој начин „порано или подоцна може да паднат на Уставен суд".

Меѓутоа, според координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити во Деловникот стои „присуство" и со измените сака да се направи дека присуството може да е физичко или пак онлајн.

– Да не ги измачуваме тие што се пациенти во моментот, да не ги носиме, со посебен третман, па да ризикуваме… Не сакаме да дојдеме во ситуација да блокираме битни процеси, изјави Меџити.

Според него, можно е во следниот период да се зголеми бројот на пратеници инфицирани со Ковид-19, па затоа не смее да се дозволи блокада на сите процеси.

– Затоа како владејачки парии сакаме само да одиме на прецизирање. Не се работи за некоја голема промена, туку само за прецизирање што сфаќаме под зборот присуство, дали само физичко присуство или и онлајн присуство, рече Меџити.

Координатор на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива, Скендер Реџепи смета дека со одржување онлајн седници може да дојде до злоупотреба на правата на пратениците инфицирани со коронавирусот, потенцирајќи дека во Собранието има доволно услови и се што е потребно е добра комуникација помеѓу власта и опозицијата.

– Може ли некој во таква здравствена состојба да се вклучи онлајн, ако е на респиратор поставен и целата јавност да го гледа него како тој се вклучува во Собрание. Тоа е тешка злоупотреба на граѓанските и здравствените права. Собранието има доволно услови, се што треба е добра координација меѓу опозицијата и власта, рече Реџепи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште претходно најави дека „нема да и прават кворум на власта", а прашање е дали во Собранието ќе присуствуваат пратеници од Алијансата на Албанците и Алтернатива.

Собраниски извори брифираат дека претседателот на Парламентот нема да откаже ниту една седница се додека може да се соберат доволен број пратеници за работа на Собранието, односно кворум од најмалку 61 пратеник, без разлика дали тие се од власта или од опозицијата. Од таму потенцираат дека опозицијата треба да има предвид дека ова се специфични услови за работа и дека треба да преземе одговорност и да придонесе за функционалноста на институцијата. Во однос на гласањето за точките на дневен ред, велат дека демократски е секој да се изјасни онака како што смета, но дека во случајов опозициските пратеници и од македонскиот и од албанскиот блок треба да учествуваат во работата на Собранието.

Владејачкото мнозинство во Собранието брои 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и коалициските партнери, а опозицијата 58 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата и Алијанса на Албанците и Алтернатива./МИА.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер