ДИК: Заврши гласањето на болните, немоќните и затворениците- во дијаспората и натаму се гласа

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

На 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија имаа можност да го остварат своето гласачко право.

Се уште се отворени шест гласачки места каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 %. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето.

14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи се затворени. Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.380 гласачи или 64% од запишаните.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и 2 гласачи кои се водат како внатрешно раселени и истите го отвариле своето право. Гласачкото место и во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени.

Од вкупно 250 гласачи од 7 центри, гласале 208 гласачи или 83%.

Во текот на денешниот ден избирачките одбори во Македонија го спроведуваат и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остваруваа 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. До сега, според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6.543 односно 94% болни или немоќни лица.

Потсетуваме дека Државната изборна комисија досега издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари.

На сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб. Таму можете да најдете правовремени и точни информации поврзани со изборите.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Трајче Костадиновски го подигна Светиот крст во Кавадарци, парите за лекување на малата Симона

Светиот крст во Кавадарци го подигна Трајче Костадиновски од селото Марена.

Во присуство на градоначалникот Митко Јанчев и голем број граѓани , како и свештенството од Вардарската епархија, Костадиновски веднаш по излегувањето од водите на Црна посака една желба.

Тој од црковните лица побара на плоштадот во Кавадарци да се постави кутија за донации и сите пари што ќе му се даруваат денеска да бидат наменети за лекување на девојчето Симона .

Претседателката Гордана Силјановска- Давкова од Охрид: Да ги отвориме нашите срца за вербата

На овој возвишен ден, присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици во Охрид.

На овој возвишен ден, присуствував на свечената манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление - Водици во Охрид, каде поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив.

Стотици верници, поттикнати од длабоката вера во божествениот благослов на осветените води, од вековната традиција која го симболизира крштевањето на Исус Христос и од желбата за духовна обнова, учествуваа во овој свет чин. Најсреќниот, Мартин Гоџо, кој го фати крстот, го дарував со рачно изработена резба посакувајќи му добро здравје, лична среќа и духовна исполнетост.

Да ги отвориме нашите срца за вербата, да ги насочиме мислите кон чистотата и мирот и да чекориме по патеката на духовното просветление!, објави претседатеката на ФБ.

Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река

Бојан Јовевски од Крива Паланка е среќникот што годинава го извлече крстот од осветените води на Крива Река.

Чествувањето на денешниот голем христијански празник, Водици, Богојавление, започна со свечена Богојавленска литургија, верниците од осум часот утрово присуствуваа на светата литургија во соборниот храм Св. Великомаченик Димитриј, по што се упатија кон мостот и кејот на Крива Река, каде свештенослужителите од Кумановско - Осоговската епархија, Кривопаланечко архиерејско намесништво ги осветија водите на реката.

По овој чин, чесниот крст беше положен во водите на реката, а најсреќен меѓу пријавените што успеа да го извлече богојавленскиот крст беше Бојан Јовевски, кој традиционално, доби вредносен ваучер од Зегин, 15.000 денари.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка ги поздрави присутните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба, честитајќи му на среќникот што го извлече крстот од водите на Крива Река.

По завршување на овој чин, на градскиот плоштад во Крива Паланка се одржа манифестацијата "Пивтијада 2025" во организација на Општина Крива Паланка, со приготвени 3.000 пивтии од општината, по традиционален рецепт од страна на угостителската струка во средното општинско училиште "Ѓорче Петров", останати закуски, храна и топли пијалаци за сите граѓани.

Настанот го организираше Општина Крива Паланка со институциите од областа на културата, со поддршка од Црвен Крст и Совет на млади.

На плоштадот беа поставени и кутии за донации,со хумана мисија за поддршка на полуматурантите од градот.

За богатата културно- уметничка програма задолжени беа Андријана Алачки со бендот и Гоце Димовски "Синтезис".

притисни ентер