ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со четири гласа „за“ и два „против“ усвои Упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, со коешто се утврдува дека само еднаш ќе може да се оди на избирачките места за гласање.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска со четири гласа „за“ и два „против“ усвои Упатство за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, со коешто се утврдува дека само еднаш ќе може да се оди на избирачките места за гласање на двојните избори на 8 мај - парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Упатството на предлог на тројца членови на ДИК го образложи Борис Кондарко кој посочи дека тоа ќе важи само во случаи кога има спроведување на два или повеќе различни видови избори и референдум во исти ден.

- Со ова упатство се предлага откако ќе го остварат своето избирачко право и откако по сопствен избор ќе гласаат или само за претседателски или само за парламентарни избори граѓаните потоа нема да можат повторно во текот на денот да дојдат на избирачкото место и да гласаат за оној вид на избори за кои не гласале и за кои претходно не го искористиле даденото право за избор. Со ова предлог упатство избирачкиот одбор задолжително ќе ги прашува граѓаните за кој вид на избори сакаат да гласаат, а граѓаните имаат право да изберат и да се изјаснат за кој вид на избори ќе гласаат и тоа само за претседателски избори, само за парламентарни избори или и за претседателски и за претседателски избори, рече Кондарко.

Тој оцени дека со регулирањето дека граѓаните можат само еднаш да дојдат на гласачкото место и со можноста според лична желба да се определат за кој вид на избори сакаат да гласаат не се прави никаква дискриминација на правата за слободен избор и определбата на граѓаните, односно не се ограничува или не се намалува нивното право на глас.

Напротив, посочи, со ваквото упатство се штитат правото и слободното определување на граѓаните и се штитат самите граѓани од можни манипулации, притисоци и злоупотреби на нивната волја. Истовремено, не само што не се ограничуваат правата на гласачите, туку истите права се штитат од страна на ДИК затоа што се елиминираат и секакви можности некој да ги евидентира граѓаните кои дошле на гласачките места да ги проверува за кој вид на избори гласале и потоа евентуално во текот на денот да ги тера повторно да излезат и да гласаат за друг вид на избори.

Со ваквото решение Кондарко рече дека би се оневозможиле гужви и чекање на ред за гласање пред гласачките места што би било случај доколку граѓаните доаѓаат по два пати во текот на денот да гласаат.

-Ова е во интерес и на самите граѓани, но и на изборните органи кои ќе можат поефикасно и побрзо да работат, но и би се избегнале можностите од евентуални технички или ненамерни грешки од страна на избирачките одбори што би било на штета на граѓаните, но и непотребно би имало негативна слика за организацијата на гласањата за што е одговорна ДИК, наведе Кондарко.

Во текот на расправата, мнозинството во ДИК не го прифати предлогот на членот Бобан Стојановски на гласачите да им се овозможи во текот на денот повторно да се вратат и да гласаат бидејќи, како што рече, сега има технички услови, односно со уредите за биометриска идентификација постои можност гласачот да биде идентификуван за секој вид избори одделно и да може ова право да го оствари во текот на целиот изборен ден.

-Со оглед дека ни претстојат два вида на избори кои се одржуваат во ист ден и кои претставуваат посебни изборни процеси гласачите ќе гласаат одделно за секој вид избори, следствено на тоа логички и уставно е да им се даде правото на избор на гласачите да се определат за кој вид на избори ќе гласаат и кога ќе дојдат на гласачкото место. Сега кога имаме технички услови сметам дека темата воопшто не требаше да ја отвораме, туку да им овозможиме на гласачите да си го остварат своето право слободно, односно да им овозможиме да гласаат за кој вид избори сакаат, па доколку во тек на денот се предомислат да им овозможиме повторно да се вратат на гласачкото место, рече Стојановски.

Тој оцени дека со предлогот од Кондарко постои можност да бидат дискриминирани гласачите од причина што еден гласач ќе може да избира за кои избори ќе гласа само во истиот момент кога ќе дојде на избирачкото место.

-На овој начин се дискриминираат гласачите кои во тој момент ќе одлучат да гласаат само за еден вид избори, а доколку се предомислат во текот на изборниот ден и се вратат на гласачкото место тоа ќе им биде забрането, рече Стојановски.

Тој не доби поддршка во предложеното упатство да се направи промена во член 4 став 6, член 5, став 2, член 5 став 4 и во член 5, став 6 со кои ќе им се овозможи на гласачите кои во текот на денот ќе дојдат и ќе гласаат да можат да дојдат повторно и да гласаат,

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, пак, посочи дека треба да се поддржи предлогот на Стојановски укажувајќи на преземените обврски во нашиот Устав од меѓународните документи на кои сме потписици - Универзалната декларација за човекови права и Европската спогодба за човековите права.

-Доколку се земе во предвид Универзалната декларација за човекови права која предвидува дека секој може да гласа под еднакви услови и дека никој не може да му ограничува гласање тогаш не знам дали може воопшто да постапиме вака бидејќи имаме опција, сега опцијата е со отпечаток од прст, рече Даштевски.

Предлогот на Кондарко доби поддршка од потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, која истакна дека ДИК е тука да организира слободни и демократски избори и да им овозможи исти права, но оти со моментот што ќе им овозможи да гласа за два вида со едно одење не значи дека им го ускратува уставното загарантирано право на граѓаните.

Шкотска остана без премиер- Хамза Јусаф си поднесе оставка

Премиерот на Шкотска Хамза Јусаф денеска поднесе оставка, откако минатата недела ја растури коалицијата со шкотските зелени.

Јусаф поднесе оставка како лидер на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да го преживее гласањето за доверба подоцна минатата недела, пренесува Ројтерс.

Нешто повеќе од една година откако ја замени Никола Старџен на функцијата премиер и лидер на СНП, Јусаф рече дека е време некој друг да ја предводи шкотската влада.

Минатата недела Јусаф одлучи да ја прекине коалицијата со Зелените, кои исто така ја поддржуваат независноста на Шкотска, поради конфликтот околу политиката за климатски промени.

По распадот на владејачката коалиција, најголемата опозициска Шкотска конзервативна и унионистичка партија најави дека ќе иницира гласање за доверба на Јусаф.

Шкотскиот парламент сега има 28 дена да избере нов премиер, а доколку СНП не успее да најде нов лидер кој може да добие парламентарна поддршка, ќе се одржат нови избори.

„Чудото од дете“ на Барселона е најскапиот фудбалер на светот

Академијата Ла Масија во Барселона се смета за фабрика за создавање таленти.

Познато е дека низ неа поминале многу познати играчи како Чави, Иниеста, Меси, Бускетс, но еден играч би можел да ги засени во блиска иднина.

Тоа е Ламин Џамал, кој во јули наполни 17 години, а сега и официјално е најкорисен фудбалер во светот. Меѓународниот центар за спортски студии ја објави листата на најскапи играчи помлади од 23 години, на која чудото од Барселона го држи првото место.

Неговата вредност е проценета на 134 милиони евра, а второто место му припаѓа на 19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Невес, чија вредност се проценува на 73 милиони евра, додека третото место го поделија Савио од Жирона и Кол Палмер од Челзи. .

Инаку, Џамал ​​има договор со Барса до крајот на сезоната, а медиумите во Шпанија веќе го споредуваат со легендарниот Лео Меси.

Семејствата на жртвите на најголемиот пожар во Грција ја демолираа судницата (ВИДЕО)

Семејствата на жртвите кои загинаа во страотниот пожар во Грција во 2018 година денеска жестоко реагираа на пресудата со која шест лица беа осудени за дела поврзани со најсмртоносниот пожар во историјата на земјата во кој што загинаа 104 лица.

Судот во Атина денеска осуди маж за случајно палење пожар и петмина поранешни функционери на противпожарната служба. Судот ослободи 15 други лица, меѓу кои и регионални гувернери, од обвиненијата за прекршоци.

Еден од гувернерите бил обвинет и за убиство од небрежност, а семејствата на жртвите извикуваа „срам“ по читањето на ослободителните пресуди за функционерите.

Еден од присутните за време на изрекувањето на пресудата фрлил стол, поради што е приведен, јавуваат грчките медиуми. Тој не е единствениот кој направил хаос во судницата. Како што пренесува „Прототема“, членовите на неколку семејства почнале да фрлаат со столчиња и да ги навредуваат судиите додека ја напуштале судницата.

„Срам да ви е, немате ли деца?“, се слушало како викаат револтираните членови на семејствата на загинатите.

„Некорисни сте, животни!“ извикуваа огорчено.

„Цела Грција знае што се случи, сметавме на вас да ги осудите“, плачеа во судницата....

За потсетување, петмина осуденици, меѓу кои и поранешниот началник на противпожарната служба, добија казни од 15 до 111 години за повеќекратни кривични дела од небрежност што довеле до повреди и загуби на живот. Судијата претседавач наредил казните да се издржуваат истовремено, со затворска казна ограничена на пет години.

Сите петмина осудени функционери се ослободени и им е дозволено да платат парични казни наместо издржување на казната, проценета на до 40.000 евра, пренесува АП.

Шестиот човек, сопственик на имотот каде што избувнал пожарот, е осуден на три години затвор поради невнимание и исто така е ослободен.

Да потсетиме, 104 лица загинаа во пожарот во крајбрежниот град Мата, кој се случи во јули 2018 година. Преживеаните ги обвинија властите дека не ги координирале спасувачките операции и одговорот бил премногу бавен. Владата и локалните власти ги отфрлија обвинувањата, тврдејќи дека поради силните ветрови невозможна била навремена реакција и дека целата одговорност е на луѓето кои го подметнале пожарот.

притисни ентер