СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
1СДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија нема
МакедонијаДИК со првични резултати од повторените Локални избори (ВИДЕО)Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од повторените Локални избори за четирите општини.Според првичните неофицијални резултати ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник – во Маврово Ростуше победи Онер Јакуповски, во Гостивар втор мандат освои Валбон Лимани како кандидат на Националната алијанса за интеграција, а оваа коалција предвоена од ДУИ победи и во Врапчиште, Исен Шабани. Во Центар Жупа нов градоначалник ќе биде единствениот кандидат од Демократската Партија на Турците, Аријан Ибраим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Со Мицкоски од предводници станавме губитници: четири земји имаат патоказ кон ЕУ – Македонија немаЕвропската комисија подготвува патокази за четири земји, Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Македонија ја нема, изоставена е. Остануваме заглавени.За само две и пол години со Мицкоски од предводници на европскиот пат станавме губитници. Тоа е резултатот на арамијата Мицкоски. Наместо реформи политика на изолација, лаги и празни ветувања. Губиме време, пари, фондови, губиме генерации кои се иселуваат заради Мицкоски. Реофрми нема. Европа бара исполнети обврски, независно судство и борба против корупцијата. Фотографии по ходници не отвораат преговарачки поглавја. Партиски говори не заменуваат реформи. Нападите врз опозицијата и црните кампањи не ја придвижуваат државата. Цената ја плаќаат граѓаните. Скапо. Од Македонија заглавена надвор од ЕУ корист имаат силите што сакаат слаб и поделен регион, отворен за влијанието на Москва. Македонија им треба надвор од Унијата. Отстапница за Вучиќ. Место за пари од криминал и корупција. Тампон-зона кон ЕУ - тоа ѝ треба на Москва. Сигурно пристаниште за организираната криминална група ВМРО на чело со Мицкоски. Мицкоски е руски прокси играч. Неговите сателити ја имаат истата задача. Левица - руска партија: анти-НАТО, анти-Америка. Затоа сите сили се споија. Земјата да стои во место. Министер во Владата, кафеански реформатори, ЗНАМ 2.0, шемаџии — сите во служба на руските интереси и интересите на Арамијата. Македонија не е ничија тампон-зона. Не е резерва за туѓи агенди. Македонија е татковина на граѓаните што заслужуваат европска иднина. Кој ги кочи реформите, го кочи европскиот пат. Кој ја држи државата заглавена, мора да понесе одговорност. Скопје, 30.09.2026 СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Канада е една од најлошите земји во светотАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Канада е „една од најлошите земји во целиот свет“. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една од најлошите земји во светот. Знаете, ние добро соработуваме со Кина, добро соработуваме со луѓето и склучуваме добри договори“, рече Трамп во Овалната соба. „Но, навистина беше многу тешко да се соработува со Канада. Тие воведоа царини од 400 отсто и повеќе за нашите земјоделци. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба“, додаде тој. Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот. Тие ја злоупотребуваат нашата доверба. Денес стапи на сила забраната на Трамп за увоз на канадски стоки во вредност од речиси една милијарда долари, што претставува нова ескалација на трговскиот спор меѓу двете земји. Забраната се однесува на млечни производи, моторни возила и низа алкохолни пијалаци од Канада. При потпишувањето на извршните налози за забраната, Трамп како причина ја наведе „дискриминацијата“ на американските производи. Односите меѓу САД и Канада се невообичаено лоши за време на вториот мандат на Трамп. Причината не се само трговските спорови, туку и потезите на претседателот насочени кон припојување на Канада кон Соединетите Држави. Ситуацијата ескалираше во август по неуспехот на трговските преговори, по што двете земји воведоа меѓусебни царини. Претходно овој месец, Карни истакна дека неговата земја премногу се потпирала на „лесни“ економски врски со САД. „Изминатите 40 години беа период на длабока економска интеграција со Соединетите Држави. Точно е дека тоа беше лесен пат, но нè направи премногу зависни од еден економски партнер. Јасно е дека тоа време помина“, изјави Карни во видео објавено на YouTube на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата.. Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата. -Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11