ДИК: Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 35,05 отсто - Канал 5

ДИК: Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 35,05 отсто

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2025 во 32 општини и Градот Скопје.

ДИК: Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 35,05 отсто

Претседателот на ДИК Борис Кондарко, информираше дека од обработени 98,25% од избирачките места во вториот круг, гласале вкупно 415 435 избирачи или 41,76 проценти на ниво на цела држава.

За градоначалник на Град Скопје во вториот круг за Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски гласале 93.207 гласачи, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ 58.994 гласачи или 36,26 проценти од вкупниот број гласови.

Излезноста во вториот круг за градоначалник на Град Скопје изнесува 35,05 отсто.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во 21 општина, кандидатите на Коалицијата ВРЕДИ во четири општини, кандидатите на СДСМ и Коалицијата во три општини, и кандидатите на Движењето ЗНАМ и Унија на Роми во по една општина.

Во Аеродром од обработени 99,9% за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и актуелен градоначалник на општината Дејан Митески за кого гласале 17.873 граѓани, додека за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Александар Трајановски гласале 9.489 граѓани.

Во Боговиње од 100% обработени податоци за Фети Абази од Коалицијата ВРЕДИ за кого гласале 6 380 гласачи, додека за Бесник Емши од НАИ гласале 5 040 гласачи.

Во Општина Брвеница од 100% обработени податоци за Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата гласлае 4 369 гласа, додека за кандидат Хаким Рамадани од Коалиција ВРЕДИ гласале 4 224 гласачи.

Во Општина Валандово од 100% обработени податоци за кандидатот Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 3 258 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Перо Костадинов гласале 3 012 избирачи.

Во Општина Виница од 100% обработени податоци за Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4 449 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Гоце Милевски гласале 3 320 избирачи.

Во Општина Дебар од 100% обработени податоци за Фесник Мела од Коалицијата Вреди гласале 4 369 избирачи, додека за Рамадан Имери 3 674 избирачи.

Во Општина Дебарца од 100% обработени податоци за Златко Силјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 511 избирачи, а за кандидатот на Зоран Ногачески гласале 859 избирачи.

Во Општина Демир Капија од 100% обработени податоци за Наталија Димитриева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 222 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Лазар Петров гласале 1 152 избирачи.

Во Општина Дојран од 100% обработени податоци за Илија Тентов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 183 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ристо Џинев гласале 679 избирачи.

Во Општина Долнени од 100% обработени податоци за Блерим Исљами од Коалицијат Вреди гласале 3 970 гласачи, додека за Сашко Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2 799 избирачи.

Во Општина Зрновци од 100% обработени податоци за Борчо Коцев од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 679 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ванчо Митев гласале 690 избирачи.

Во Општина Карпош од обработени 93,24% податоци за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Сотир Лукровски гласале 12.650 избирачи додека за кандидат од Гром, на Коалицијата „Искуство за успех“ Стевчо Јакимовски 11 421 гласачи.

Во Општина Кичево од 99,16% обработени податоци за Александар Јовановки од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 14 205 избирачи, а за Фатмир Дехари од НАИ гласале 11 908 гласачи.

Во Општина Конче од 77,78% обработени податоци за Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 961 избирач, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Благој Илиев гласале 787 избирачи.

Во Општина Кочани од 100% обработени податоци за Влатко Грозданов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 7 368 избирачи, а за кандидатот Венко Крстевски 5 914 гласачи.

Во Општина Крушево од 100% обработени податоци за Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2 662 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Томе Христовски гласале 2 643 избирачи.

Во Општина Куманово од 98,20% обработени податоци за Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ гласале 16 528 гласачи, додека за Горан Стојковски гласале 15 366 избирачи.

Во Општина Лозово од 100% обработени податоци за Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 735 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Ацо Велковски гласале 688 избирачи.

Во Општина Македонска Каменица од 100% обработени податоци за Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 702 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Соња Стаменкова гласале 1 734 избирачи.

Во Општина Македонски Брод од 96,23% обработени податоци за Жарко Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2 163 избирачи, а за Мирослав Војневски 171 избирач.

Во Општина Могила од 100% обработени податоци за Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2 070 избирачи, а за кандидатот Сашо Пивковски 415 избирачи.

Во Општина Неготино од 100% обработени податоци за Марија Нацева од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4 713 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Петар Мантев гласале 3 966 избирачи.

Во Општина Пробиштип од 100% обработени податоци за Тони Тоневски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 4 163 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Драган Атанасов гласале 4 134 избирачи.

Во Општина Ранковце од 100% обработени податоци за Даниел Павловски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 091 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Даниел Крстевски гласале 920 избирачи.

Во Општина Росоман од 100% обработени податоци за Ѓорѓи Крстевски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 305 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Стојан Николов гласале 1 231 избирач.

Во Општина Струга од 97.02% обработени податоци за Арсим Далипри од НАИ гласале 11 411 гласачи, додека за Менди Ќура гласале 12 040 избирачи.

Во Општина Студеничани од 100% обработени податоци за Ејуп Абази од НАИ гласале 4 353 избирачи, додека за Азем Назики 4 159 избирачи.

Во Општина Тетово од 99,15% обработени податоци за Бајрам Реџепи од НАИ гласале 15 958 избирачи, додека за Биљал Касами од Коалицијата Вреди гласале 21 004 избирачи.

Во Општина Центар од 94,87% обработени податоци за кандидатот на СДСМ и Коалицијата и актуелен градоначалник Горан Герасимовски 10 429 избирачи, додека за кандидатот од Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ 7 578 гласачи.

Во Општина Чешиново Облешево од 92,31% обработени податоци за Јорданче Костадинов од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 1 488 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Горанчо Крстев гласале 1 235 избирачи.

Во Општина Чучер Сандево од 100% обработени податоци за Зоран Бајовски од ВМРО-ДПМНЕ и Коалциијата гласале 2 899 избирачи, а за кандидатот на СДСМ и Коалицијата Сашко Комненовиќ гласале 2 315 избирачи.

Во Општина Шуто Оризари од обработени 91,67% од гласовите за кандидатот на Унија на Роми и актуелен градоначалник Курто Дудуш гласале 3 354 гласа, додека за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Ерџан Демир 2 991 гласач.

Кондарко посочи дека согласно одредбите од Изборниот закон за избран во втор круг се смета кандидатот што добил мнозинство гласови од вкупно излезените гласачи, без никакви услови и цензус.

ДИК во текот на утрешниот ден на јавна седница ќе ги објави првичните официјални резултати. Роковите за приговори за постапката за утврдување и сумирање на резултатите почнуваат да течат од утре по објавувањето на првичните официјални резултати, додека веќе од 19:00 часот вечерва течат роковите за приговори по основ на постапката за спроведување на гласањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Пекинг за прв пат потврди дека се дискутира за историски состанок меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција оваа недела изјави дека Кина „комуницира со релевантните страни за состанокот на тројцата шефови на држави“, објавува „Гардијан“. Средбата би можела да се одржи на крајот на овој месец на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен.

Иако, ако се случи, тоа би бил историски настан, експертите истакнуваат дека е малку веројатно тројцата лидери да разговараат за нешто конкретно бидејќи нивните интереси се дијаметрално спротивставени. Поверојатно е дека сè ќе се сведе на заедничка фотографија, со внимателно испланиран протокол насочен од Кина. „Мислам дека состанокот ќе се одржи. Тоа е само прашање на формат и содржина“, рече Сун Јун, директор на програмата за Кина во Центарот Стимсон. „Кина ја сака сликата, но не сака да ги сноси трошоците“.

Различни интереси, високи влогови

Пекинг е домаќин на овогодинешниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), групација од 21 земја, вклучувајќи ги САД и Русија. Се очекува Трамп да отпатува во Шенжен за својот трет состанок со Си оваа година и да се обиде да одржи кревко трговско примирје кое истекува во јануари.

Како знак дека тензиите остануваат, трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, го повика Пекинг да преземе „конкретни чекори за целосно спроведување на претходните обврски“ за време на видео повик со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во петокот, објави Асошиејтед Прес.

Според соопштението од канцеларијата на Грир, ова првенствено се однесува на купувањето земјоделски производи, ретки земни метали и други клучни минерали. Кинеската државна новинска агенција Синхуа во саботата објави дека разговорите биле суштински и конструктивни, но дека Кина изразила загриженост во врска со рестриктивните економски и трговски мерки на Вашингтон.

Интересите на тројцата лидери на трилатералниот состанок се сосема различни. Трамп изјави дека би сакал да разговара за контрола на нуклеарното оружје со Си и Путин. Путин, од друга страна, е фокусиран на војната во Украина, за која сака да разговара без Киев.

Аналитичарите веруваат дека Русија веројатно ќе се обиде да го искористи самитот за да ги доближи Кина и САД до својата позиција за Украина. „Путин има најмногу што да добие од оваа трилатерална средба. Русите очигледно стојат зад иницијативата за средбата, што би бил дипломатски успех за нив“, рече Дени Расел, поранешен висок функционер на Стејт департментот, а сега соработник во Институтот за политика на азиското општество.

Тој додаде дека Трамп, поради неговиот „склон кон авторитарни лидери“, со задоволство би ја прифатил средбата, иако советниците го предупредиле да се држи подалеку од темата за Украина. Сун Јун верува дека Кина нема да се вклучи во преговори за контрола на оружјето или во длабински дискусии за Украина или Иран, туку ќе се држи до својата вообичаена дипломатска реторика за важноста на мирот.

Најголемиот предизвик за Пекинг, истакна таа, ќе биде впечатокот што средбата ќе го остави врз јавноста, бидејќи „не треба да се изедначува со трите големи сили што меѓусебно го делат светот“. Крег Синглтон од Фондацијата за одбрана на демократиите заклучува дека сè може да се сведе на фотосесија што ќе му овозможи на Путин да се појави покрај американскиот и кинескиот лидер. „Спектаклот може да биде историски без да донесе никакви значајни резултати“, рече тој.

Војна во Украина: Нови напади и повици за одбрана

Украина беше исто така под силни руски напади во саботата, 1.718 дена од војната. Претседателот Володимир Зеленски ги повтори повиците до сојузниците итно да достават ракети за системот Патриот во Киев со цел да ги одбранат градовите.

Во петокот, тој предупреди дека војската се подготвува за нови руски напади врз клучната инфраструктура. „Имаме разузнавачки информации дека Русија подготвува нови напади врз енергетиката, мостовите на Днепар и цивилната инфраструктура“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.

Киев и другите украински градови се под речиси постојани напади со недели. Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека станбена зграда во главниот град е оштетена во руски ракетен напад рано наутро во саботата. Воената администрација на градот објави на Телеграм дека две лица се повредени и дека е оштетена и градинката.

Во исто време, дипломатските напори се во тек. Зеленски бара конкретни писмени гаранции од западните сојузници за повоена безбедносна поддршка, по дводневните разговори во Брисел за безбедноста и реконструкцијата. Трипартитните мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД се закажани да се одржат во Абу Даби следната недела, први од ваков вид од февруари.

„Важно е сè да биде јасно на хартија“, рече Зеленски во интервју за телевизијата 1+1. „Прашањето не е во десетици точки, туку во разбирањето на исходот: ако Русија повторно нападне, што ќе се случи? Кој ќе направи што, со какви средства и кога?“

На состаноците во Брисел присуствуваа претставници од САД, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, како и претставници на Светската банка и американската инвестициска група „БлекРок“. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, објави дека конкретно разговарале за руските закани кон Украина и Европа и заедничките чекори за нивно спротивставување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ги прашаа Меган Маркл принцот Хари за апесењето на нејзиниот татко: Немаме коментар

Меган Маркл и принцот Хари нема јавно да коментираат за апсењето на Томас Маркл постариот за поседување детска порнографија. 

Ги прашаа Меган Маркл принцот Хари за апесењето на нејзиниот татко: Немаме коментар

Војводата и војвотката од Сасекс нема да се мешаат во случајот, дознава ексклузивно „Пејџ Сикс“. Апсењето се случило само неколку дена пред нивното прво патување во странство, закажано за 10 ноември. На прашање на порталот, портпаролот на двојката кратко рече: „Немаме коментар“.

Детали за апсењето и истрагата

Федералните агенти го уапсија 82-годишниот Томас Маркл во петокот во Домот за стари лица Маравид во Лејкленд, Флорида, изјавија извори за „Пост“. Тој треба да биде изведен пред суд во Флорида денес попладне.

Според федералната кривична пријава што ја виде „Пејџ Сикс“, ФБИ добило информации од повеќе сведоци. Агентите претресле два магацина во областа на Лос Анџелес на 30 октомври и 4 ноември. Властите заплениле 78 предмети, вклучувајќи слајдови, негативи и книги за кои се сомнева дека содржат материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Во жалбата, исто така, се наведува дека Маркл се појавува на две фотографии со малолетно девојче, а еден од сведоците го препознал како возрасен на тие фотографии.

Обвинителството и изјавите на ФБИ

Првиот помошник на американскиот јавен обвинител, Бил Есаили, издаде соопштение. „Г-дин Маркл е обвинет за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи фотографии од него со малолетници. Овие обвинувања се исклучително сериозни и ние ќе го гониме г-дин Маркл во најголема можна мера според федералниот закон.“

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, рече дека Маркл наводно ги таргетирал децата и се обидел да им ги украде детствата. „Во соработка со Министерството за правда, нашите агенти брзо реагираа, го пронајдоа експлицитниот материјал и го уапсија г-дин Маркл во Флорида. ФБИ ќе ги искористи сите расположиви ресурси за да ги заштити децата. Ниеден предатор што ги таргетира најмладите нема да биде безбеден во оваа земја, ниту на кое било друго место“, рече Пател. Маркл се соочува со казна до 20 години во федерален затвор.

Претходни обвинувања и семејни конфликти

Веста првпат ја објави „The Sun“, за кој полубратот на Меган, Томас Џуниор, рече: „Кога го најдов материјалот, бев ужаснат. Немав друг избор освен да го пријавам сопствениот татко.“

„Daily Mail“ потоа објави дека еден од нивните новинари пронашол „одвратни“ материјали во напуштениот магацин на Маркл во Мексико. „Сан“ пишува дека на Томас постариот му е дијагностицирана деменција. Претходно, по обвинувањата на неговиот син, тој сè го нарече „болни лаги“.

Изјава од Меган Маркл

Меган Маркл објави дека истрагата „длабоко ја потресла“ и дека првпат дознала за обвинувањата во 2018 година од писмо испратено до лондонската полиција.

„Писмо беше испратено до Метрополитенската полиција и до Кралското семејство и Службата за дипломатска заштита во 2018 година. Тоа писмо подоцна ми беше проследено. Содржеше сериозни и вознемирувачки обвинувања против мојот татко и бев уверена дека прашањето се истражува“, рече Меган во изјава за Page Six.

„Се надевам дека сега е јасно зошто се дистанцирав од мојот татко и зошто одлучив дека тој не треба да има контакт со нашите деца, и покрај тоа што некои медиуми со години ги искривуваат фактите. Имаше само една причина: нивната заштита. Верував дека надлежните служби го прават истото и за другите семејства“, заклучи таа.

Меган и Хари, кои повторно живеат во Англија од август, наскоро ќе патуваат во Брисел. Тоа ќе биде нивното прво заедничко патување откако се вратија во Велика Британија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News.

„Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X.

Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран.

Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите.

„Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер.

Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер