МакедонијаДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори Ценовниците за платено политичко рекламирање медиумите се должни да ги применуваат за време на изборната кампања и не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес. Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси. Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено почитичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, односно најдоцна до 14 август до 24 часот. Ценовниците за платено политичко рекламирање медиумите се должни да ги применуваат за време на изборната кампања и не смеат да се менуваат до конечното завршување на изборниот процес. Светлана Карапетрова, на денешната 128. седница на ДИК информира дека при утврдување на просечната постигната цена за платено политичко рекламирање од страна на телевизиите, радијата и печатените медиуми во Република Северна Македонија, ДИК ќе ја потврди просечната цена која не треба да ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секоја телевизија, радио или печатен медиум одделно, пресметана во петте изборни циклуси одржани на територијата на територијата на целата држава и тоа претседателските избори во 2024 и 2019 година, парламентарните избори 2024 година, локалните избори 2021 година, како и предвремените парламентарни избори во 2020 година. - Просечната цена по секунда за едно деноноќие добиена според различни ценовно рекламни периоди и тоа: период 1 (од 0 до 8 часот), период 2 (од 8 до 16 часот) и период 3 од (16 до 24 часот) кај радиодифузерите за платено политичко рекламирање, како и цената за закуп на рекламен простор во печатен медиуми да не ја надминува вкупната просечна цена на рекламирање на секој радиодифузер одделно пресметана во последните пет изминати изборни циклуси одржани на ниво на цела територија на републиката, а за електронските медиуми и интернет порталите цената за закуп на рекламен простор за платено политичко рекламирање да не ја надминува просечнат цена за рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси, информираше Карапетрова. За телевизиите кои се регистрирани во регистарот на ДИК кои учествувале во последните пет изборни циклуси одржани на целата територија на државата просечната цена ја утврди ДИК и истата со одлука не може да биде повисока од 0,94 евра, односно 58,04 денари по една секунда по рекламен простор. За радијата кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а кои не учествувале во последните пет изборни циклуси просечната цена ја утврди ДИК и со одлука на истата не може да биде повисока од 0,30 евра, односно 18,85 денари за една секунда, изајви Карапетрова. За печатените медиуми, кои се регистрирани во регистарот на ДИК, а не учестувале во последните пет изборни циклуси ДИК ја утврди цената која не може да биде повисока од 370,84 евра, односно 22 878,98 денари за една внатрешно црно бела страна, односно 421,422 евра или 25 999,5 денари за една внатрешна страна во боја. За електронските медиуми и интернет порталите цените за закуп на рекламен простор на интернет порталот за платено политичко рекламирање не смее да ја надминува просечната цена од рекламирањето во последните пет изборни циклуси. Согласно член 76, став 6 од Изборниот законик сумата која може да се исплати на еден печатен медиум, електронски медиум или интернет портали од страна на еден учесник во изборниот процес не може да биде поголема од 15 илјади евра, во денарска противвредност. Медиумите имаат право да извршат регистрација најдоцна три дена од распишувањето на изборите, односно до 12 август до 24 часот. Регистрацијата на медиуми може да се направи на посебен службен мејл на ДИК објавен на веб-страницата или непосредно во архивата на Државната изборна комисија. ДИК е должна да ги потврди и објави на веб страната ценовниците во рок од десет дена од истекот на рокот за доставување. Од вкупниот буџет предвиден за претстојните локални избори кој изнесува околу 9,7 милиони евра, повеќе од 2/3 се за платено политичко рекламирање. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко нагласи дека законските рокови поврзани со медиумите се реалтивно кратки – три дена за регистрација и пет дена за достава на ценовниците. -Има рокови, евентуално за исправа на технички грешки. Сето тоа ќе го имаме во предвид, меѓутоа медиумите да имаат доволно време да ги подготват документите, изјави Кондарко. Одговарајќи на новинарско прашање за регистрацијата не медиумите, Кондарко појасни дека ДИК постапува согласно член 75Ѓ, точка 7 од Изборниот законик, според кој „регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се води врз основа на поединечно барање за упис до ДИК со прилог тековна состојба издадени од Централен регистар не постара од 30 дена“. -Ова е законска одредба, друго е прашањето каков е законот. Тоа не е наше право и надлежност за коментираме. Ние сме орган за спроведување на закони и сите минати избори се спроведени според оваа одредба и истиот закон и ние како ДИК сме постапиле законито. Посебно истплатата на медиумите, се работи за многу виоски износи, повеќе од 2/3 од вкупниот буџет на државата предвиден за избори се однесува за платено политичко рекламирање во медиумите, што имаат право да го користат партиите и ние како ДИК сме подлежни на ревизија после секои избори и не сме имале буквално никакви забелешки околу основите за регистрација на медиумите, изјави Кондарско. Според Кондарко не значи по автоматизам дека сите регистрирани медиуми што ги исполнуваат условоте ќе добијат средства, нагласувајќи дека право за тоа каде и за кои износи ќе се рекламираат според закон имаат политичките партии и другите учесници на изборите на кои им следува правото на платено политичко рекламирање. Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter