ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје - Канал 5

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

Со шест гласа „за“ и еден „против“ ДИК го донесе Упатството за пополнување образеци на листи за кандидати за членови на општинските совети и во Градот Скопје. 

ДИК го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Град Скопје

Правната служба при ДИК во мислењето, како што посочи претседателот Борис Кондарко, навела дека Изборната комисија нема друга законска можност освен да ја политува одлуката на Владата за бројот на советници во секоја општина поедично согалсно последниот попис на население.

Оваа точка на минатата седница на ДИК беше оспорена од членот во Комисијата предложена од ДУИ - Дитмире Шеху, која денеска своите излагања во расправата ги водеше само на албански јазик.

Шеху, како што појаси Конадарко во продолжението на седнциата, има право да поднесе тужба пред Управниот суд против ваквиот усвоен акт од страна на Комисија.

Владата во септември лани донесе одлука за промена на бројот на општински советници согласно Законот за локална самоуправа и последното пребројување на населението со која бројот на советници се намалуува во 14 општини.

Согласно денешната одлука на ДИК најголемо намалување на бројот на советници ќе има во Гостивар од 31 на 23 поради намелениот број на жители за околу 20 илјади на псоледниот попис.

Во Кичево бројот на советници ќе се намали од 23 на 19, воСтруга од 27 на 23, Кратово од 15 на 11, Крива Паланка од 19 на 15, Куманово од 33 на 31 и во Пехчево:од 11 на 9. Кисела Вода, Карпош и во Студеничани пак ќе добијат повеќе советници на локални избори закажани за 19-ти октомври.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

Ова е последна шанса за иранскиот режим да потпише добар документ, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, алудирајќи на потенцијален договор меѓу Иран и САД.

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ

За време на обраќањето пред новинарите во Белата куќа, синоќа, Трамп рече дека преговорите „се во тек“ и дека тие „се движат брзо, на еден или друг начин“. Трамп потенцираше дека САД, се подготвени да го нападнат Иран „посилно од кој било воен напад од Втората светска војна“, пред синоќа да и нареди на војската да прекине со нападите. Трамп, исто така, изјави дека Иран нема да наплаќа патарини во Ормуската теснина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа.

СДСМ: Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар

Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување.

Стерилизаторите не работат поради загадената вода.

Операции, ортопедија, гинекологија, урологија - сѐ е блокирано.

Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени.

Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина.

Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста - затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност.

Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече.

Сакаше да изгледа како спасител.

Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија.

Три цистерни вода за град од 50.000 жители.

Тоа е сѐ што понудија.

Сега ја отруја и болницата.

Го загрозија целото население.

Одговорноста е јасна: Христијан Мицкоски и министерот Клековски.

Обвинителството мора веднаш да реагира.

Ова повеќе не е само неспособност.

Ова е загрозување на здравјето и животите на илјадници граѓани.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер