ДИК ги утврди новите тројца пратеници што ќе заменат оние кои се избрани за градоначалници - Канал 5

ДИК ги утврди новите тројца пратеници што ќе заменат оние кои се избрани за градоначалници

Државната изборна комисија на денешната седница ги утврди новите кандидати за пратеници што ќе ги заменат Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски, Дејан Продановски, кои се избрани за градоначалници на локалните избори. 

ДИК ги утврди новите тројца пратеници што ќе заменат оние кои се избрани за градоначалници

На местото на пратениците кои се избрани за градоначалници, ќе дојдат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов., информираат од ДИК.. Откако ќе добијат уверение, Собранието потоа ќе ги верификува нивните мандати.

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори што се одржа вчера.

Како што истакна претседателот на ДИК Борис Кондарко, се гласаше во 32 општини и во градот Скопје, а вкупниот бројот избирачи изнесуваше 1 013 357. Бројот на избирачки места на кои се спроведе гласањето беше 1 777, вкупниот број избирачи кои гласале е 424 923 или 41,93 отсто. Бројот на неважечки гласачки ливчиња е 23 930, а на важечки 404 464.

За градоначалник на Скопје во десетте скопски општини гласале 474 304 избирачи, а на територијата на Скопје 167 575 гласачи. Вкупниот број неупотребени ливчиња е 306 729, бројот на важечки гласачки ливчиња е 157 047, а на неважечки 10 528.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во вторит круг освои градоначалнички места во Град Скопје и во 21 општина, коалицијата ВРЕДИ во четири, коалицијата предводнеа од СДСМ во три, Унијата на Роми, Движењето ЗНАМ и НАИ во по една општина, а во една општина ќе раководи независен кандидат за градоначалник.

За кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски гласале 95 572 избирачи или 57,03 отсто, додека за кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ гласале 61 475 или 36,69 проценти од вкупниот број избирачи.

Кондарко информира дека од моментот на објавување на овие резултати, почнува да тече рокот за поднесување приговори.

- Од денеска, од 16:30 часот, од објавувањето на првичните официјални резултати, во наредните 48 часа, до среда, до 16:30 минути, течат роковите за евентуални приговори врз основа на објавените првични официјални резултати, а за спроведување на постапката на утврдување на резултатите од гласањето. Приговорите се доставуваат директно до ДИК, електронско поднесување не е дозволено, истакна Кондарко.

Според него, ако има приговори, крајниот рок за објавување на конечните резултати од локалните избори ќе биде понеделник или најдоцна вторник.

-Ако до среда, до истекот на рокот за поднесување приговори во некоја од 32-те оопштини не бидат поднесени приговори, за тие места каде нема приговори ДИК во четврток ќе објави конечни резултати. Доколку бидат поднесени приговори, ДИК има рок од 72 часа да одлучува по приговорите. Тоа во денови доаѓа некаде до сабота. Потоа, по одлуките на ДИК, има рок од 24 часа за поднесување тужби до Управниот суд. Тоа би било најдоцна до недела. Управниот суд има рок од 48 часа за одлучување по тужбите. Значи, крајните рокови за одлучување на Управниот суд би биле до понеделник. Понеделник или најдоцна вторник, по конечните одлуки на Управниот суд, би бил крајниот рок за објавување на конечните резултати. Конечните резултати ќе бидат соопштени на седница на ДИК за што јавноста ќе биде навреме иозвестена, истакна Кондарко.

Од 19:00 часот вчера течат роковите за приговори по основ на постапката за спроведување на гласањето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Неколку бранови руски балистички ракети го погодија Киев ноќеска, само неколку часа откако претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Русија подготвува уште еден голем напад врз инфраструктурата.

Руски балистички ракети го погодија Киев, оштетија мост и повредија шест лица

Според властите, најмалку шест лица во градот Киев се повредени, заедно со уште едно лице во околната киевска област. Меѓу повредените во Киев е и 14-годишно девојче, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Двајца од повредените се хоспитализирани.

Рускиот напад, исто така, го оштети клучниот Северен мост во Киев, кој во моментов е затворен за сообраќај во двата правци, додаде тој. Од утрото, оштетени се коловозот, тролејбуската контактна линија и далноводот, рече Кличко.

„Сообраќајните работници и комуналните работници веќе работат на Северниот мост“, увери градоначалникот.

Додека воздухопловните сили на Украина предупредија дека балистичките ракети се насочени кон главниот град, серија експлозии го потресоа градот. Првиот бараж од ракети го нападна Киев брзо, а воздухопловните сили објавија дека најмалку шест ракети биле лансирани кон градот во рок од неколку минути непосредно пред 23 часот локално време на 6 ноември.

До утрото на 7 ноември, воздухопловните сили објавија дека Русија лансирала 172 дронови од типот Шахед, од кои 137 со млазен погон, и неодреден број балистички ракети кон Украина преку ноќ. Воздухопловните сили тврдеа дека собориле или потиснале четири балистички ракети и 149 дронови од типот Шахед, вклучувајќи 117 дронови со млазен погон, на 24 локации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Најмалку пет лица се убиени, а десет се ранети во пукотница во близина на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавува ТВН 24, а пренесува Ројтерс.

Терористички напад во Краков: Најмалку петмина убиени, голем број застрелани- напаѓачот пукал во минувачи (ВИДЕО)

Полскиот премиер Доналд Туск напиша на X дека полицијата го истражува инцидентот и дека добива информации од Министерството за внатрешни работи.

Според Би-Би-Си, меѓу ранетите има и полицајци.

Според полицијата, луѓето биле застрелани на случаен избор од маж кој отворил оган со автоматско оружје од автомобил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Поддржувачите на Албанската демократска партија денес започнаа марш од седиштето на партијата до кабинетот на премиерот, како дел од протестот против владата, објави албанскиот „Евроњуз“.

Опозицијата и студентите го почнаа маршот кон кабинетот на Еди Рама- продолжуваат антивладините протести во Албанија (ВИДЕО)

Демонстрантите, предводени од пратениците Фламир Нок, Агрон Џекмарк и други, се придружија на студентските протести составени од млади луѓе од различни градови во земјата.

Тие ги повикаа граѓаните, професорите и другите да им се придружат, нагласувајќи дека продолжуваат да ги отфрлаат повеќекратните понуди за дијалог од албанскиот премиер Еди Рама.

YouTube video

Рама, исто така, создаде онлајн платформа чија цел, како што изјави, е да служи како простор за комуникација првенствено со студентите, но и со другите граѓани.

Според него, платформата е „функционален мост“ отворен 24 часа на ден, преку кој можат да се испраќаат прашања, критики и предлози.

Тој рече дека нема забранети прашања и дека сака да разговара со студентите.

Академиците постојано го отфрлаат повикот на Рама за дијалог, кој беше придружен со предлог за одржување состаноци пред зградата на владата.

Платформата предвидува одржување на доверливоста на корисниците, додека пристапот се остварува преку идентификација на порталот е-Албанија.

„Се очекува пораките од пошироко значење да добијат јавни одговори, додека индивидуалните проблеми ќе бидат проследени до надлежните институции“, пишува „ Albanian post “.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер