Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветДијаз-Канел му одговори на Трамп: Куба нема да потклекне пред заканите за промена на властаДијаз-Канел преку социјалните мрежи ја обвини администрацијата на Трамп за секојдневни закани и обиди за дестабилизација.Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел упати остар одговор до Вашингтон, порачувајќи дека секој обид за агресија врз островот ќе се соочи со „несовладлив отпор“, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД можат да преземат итни дејствија за промена на режимот во Куба. Дијаз-Канел преку социјалните мрежи ја обвини администрацијата на Трамп за секојдневни закани и обиди за дестабилизација, реагирајќи на изјавата на државниот секретар Марко Рубио дека социјалистичкиот економски модел на Куба мора „од корен да се промени“. Истовремено, претставници на американските власти потврдија дека Вашингтон очекува повлекување на Дијаз-Канел од функцијата како дел од тековните преговори, иако не прецизираа кого би сакале да видат како негов наследник. Притисокот врз Хавана е дополнително засилен со практичното прекинување на виталните испораки на нафта од страна на САД, што ја доведе земјата на работ на енергетски колапс и чести прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во услови на тешка хуманитарна криза, во Куба се очекува пристигнување на танкери со руски природен гас и сурова нафта под знамињата на Хонг Конг и Русија, додека активисти од повеќе земји веќе испратија пет тони медицинска помош за да му помогнат на населението. Тагови: Мигел Дијаз-Канел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаГори фабрика во Германија- постои опасност од експлозија- 150 пожарникари се борат со огнот Голем пожар избувна во фабриката на производителот на запалки за скара „Boomex“ во Алсфелд, во германската покраина Хесен, а заштитните мерки ќе останат на сила додека не се расчисти чадот и не се отстрани ризикот од експлозија.Пожарникарите, полицијата и спасувачите беа известени за пожарот во фабриката околу 22 часот во петокот. Поради густиот чад, жителите беа предупредени за потенцијално опасни материјали. Пламен висок неколку метри се издигаше од фабриката кон небото, а густ чад се извишуваше над индустрискиот парк, објави „Билд“. Жителите на Алсфелд беа повикани да ја избегнуваат областа, да ги држат прозорците и вратите затворени и да ги исклучат системите за вентилација и климатизација. Овие заштитни мерки ќе останат на сила додека не се расчисти чадот и повеќе нема ризик од експлозија. Кога пристигнаа првите пожарникари, пожарот се прошири од левата страна на ходникот кон целата зграда. Ходникот, кој делумно е висок три ката, содржи различни видови гориво на сите катови, што резултира со огромна топлина и чад. Германскиот весник објави дека сè уште нема информации дали некој е повреден или што го предизвикало пожарот. Околу 150 пожарникари се бореа со пламенот, првично спречувајќи го пожарот да се прошири на соседните згради. Противпожарната служба беше поддржана и од Федералната агенција за техничка помош (THW). Операцијата за гаснење пожар продолжи во утринските часови. Штетата моментално се проценува на средна до висока шестцифрена сума. Покрената е кривична истрага за причината за пожарот. Првичните извештаи покажуваат дека зградата што се запалила е магацин на производителот на запалки за скара Boomex. Компанијата произведува запалки за скара, јаглен и камини, како и течни запалки за скара, масло за ламби и факели. „Билд“ истакнува дека ова не е прв пожар во објектите на производителот на запалки за скара. Пожарот веќе избувна таму на 30 декември 2025 година.Тагови: експлозија фабрика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Доста е, СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз женитеУште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба. Доста е институционален молк и не преземање одговорност. Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница со една точка на дневен ред – постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство и во заштитата на жртвите. Доста е од институционален молк. Секоја жена што пријавува насилство мора да добие заштита веднаш. Затоа бараме пред Собранието да се одговори зошто нема одговорност, што се случува по секоја пријава, кој го проценува ризикот и кој проверува дали мерките за заштита се спроведуваат. Таму каде што имало пропусти, мора да има одговорност. Во 2025 година се регистрирани шест фемициди, а до ноември годинава се евидентирани седум убиства на жени. Само од јануари до октомври годинава, МВР регистрирало 1.897 настани поврзани со семејно насилство. Според деветмесечниот пресек на МВР, повеќе од 80 проценти од жртвите на кривичните дела се жени. А одговорност нема од никој. После толку жртви Панче Тошковски требаше одамна да поднесе оставка. Бараме веднаш да се свика седницата мнозинството од ВМРО да не калкулира и да не ја опструира како што знае. Собранието мора да побара одговори од надлежните институции и да утврди конкретни мерки и рокови за навремена заштита на жените. Колку уште жени треба да бидат повредени за институциите предводени од ВМРО да ја преземат одговорноста и конечно некој да одговара?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен домСтанови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови.Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието. Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година. Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар. Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години. Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава. ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31