Дијабетичарите со тип 1 чекаат на ред за инсулински пумпи: Надлежните молчат - Канал 5

Дијабетичарите со тип 1 чекаат на ред за инсулински пумпи: Надлежните молчат

Ни 10 проценти од дијабетичарите со тип 1 немаат добиено инсулински пумпи од државата, а секој пациент со оваа дијагноза има право на вакво медицинско помагало, реагираат од Сојузот на здруженија на лица со Дијабетес. 

Дијабетичарите со тип 1 чекаат на ред за инсулински пумпи: Надлежните молчат

Животот не е список, а инсулинската пумпа не смее да биде луксуз и надлежните мора да набавуваат помагала и тоа по прецизни спецификации и компатибилност со сензори, вели Диме Велев, Претседател на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес.

Пумпата придонесува за поквалитетен живот, и пациентите со тип 1 дијабетес да не завршуваат во болница, да избегнат слепило и оштетување на витални органи, вели Велев. Тој посочува и дека многумина на кои им е неоходна инсулинска пумпа со години се на списокот на Министерството за здравство и чекаат спас.

Пумпата за инсулин е помагало кое е поврзано со сензорот кој дава аларм колку е покачен шеќерот во крвта, по што самата пумпа ја пушта потребната количина на инсулин, без пациентите да треба да се боцкаат сами.

Канал 5 праша, зошто Министерството досега не набавило вакви медицински помагала за сите оние на кои им се неоходни и кога лицата со тип1 дијабет ќе ги добијат инсулинските пумпи, но до почетокот на вестите, образложение нема.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Половина од Владата има бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски пасоши и посебен премин на граница.

Тие си обезбедија Европа.

На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце.

Додека тие летаат, народот стои во колона.

Ова е нивна политика.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден.

-Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец.

Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица.

-Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика.

Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари.

Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер