КултураДигитализираниот Мис Стон за петтото издание на „Сезона на класични филмови“Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот Мис Стон по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ .Кинотеката на Македонија со дигиталната реставрација на филмот Мис Стон по четврти пат ќе биде дел од европскиот проект „Сезона на класични филмови“ што го организира Европската асоцијација на кинотеки (ACE - Association des Cinémathèques Européennes). Кинотеката сооопшти дека по успешните дигитализации на филмовите Мирно лето (1961), Фросина (1952), Мементо (1967) и реставрираните етнолошки филмови на Вера Кличкова - Русалиски обичаи во Гевгелиско (1957), Велигденски обичаи (1954), Маеиовска свадба (1966), оваа година се работеше на дигитализација и реставрација на филмот Мис Стон на Живорад Жика Митровиќ од 1958 година. Проекцијата на новата дигитализирана копија на Мис Стон ќе биде одржана на 20 декември (петок) во 20 часот во киносалата на Кинотеката. Филмот истовремено, преку „лајв стриминг“, ќе се прикаже на официјалната Јутјуб страна на Кинотеката, како и на социјалните мрежи на Кинотеката и на Европската асоцијација на кинотеки (ACE - Association des Cinémathèques Européennes). Филмот „Мис Стон“ е инспириран од вистински настан што се случил во 1901 година – киднапирањето на американската протестантска мисионерка Елен Стоун и нејзината сопатничка Катерина Цилка од страна на четата на Јане Сандански, кои за нивно ослободување бараат откуп што треба да служи за финансирање на македонската револуционерна борба. Приказната е заснована на вистински настани кои историчарите ќе ги опишат како „Првата модерна американска заложничка криза“. Мис Стон филмската критика ќе го опише како т.н „истерн“ т.е. вестерн филм изработен во „источна“ иконографија. Своевремено, Мис Стон беше меѓу најскапите и најамбициозни југословенски продукции, прв македонски филм во колор, но и и прв југословенски филм во тоталскоп техника – како што тогаш се снимаа костимираните историски епопеи во филмското студио Чинечитаво во Рим, Италија. Филмот, во режија на тогаш едно од најголемите режисерски имиња во Југославија, Живорад Жика Митровиќ, беше отскочна штица за продуцентската куќа „Вардар филм“, преку која се докажа пред конкурентните, поискусни и подобро екипирани филмски претпријатија на југословенскиот филмски пазар, а во исто време даваше приказ на македонското историското минато за кое дотогаш ретко се истражуваше и јавно пишуваше, и за кое многу малку се знаешe, наведуваат од Кинотека. Сценариото е на писателот Ѓорѓи Абаџиев и режисерот Трајче Попов, додека пак главните улоги ги толкуваат Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Тоциноски, Илија Џувалековски, Драган Оцоколиќ, Драги Костовски, Вукан Диневски, и секако, незаборавниот Петре Прличко. Олга Спиридоновиќ и Петре Прличко за своите улоги – Елен Стон и Манданата – биле наградени со „Златна арена“ за најдобра актерка и најдобар актер на филмскиот фестивал во Пула во 1959 година. Проектот „Сезона на класични филмови“ (A Season of Classic Films), надоврзувајќи се на успехот од претходните години, и оваа година ќе нуди бесплатни проекции на новореставрирани филмови во кино и онлајн, со цел да се подигне свеста за работата на европските филмски архиви и нивната работа во заштитата и реставрацијата на филмови и кино културата, особено за помладите генерации. Во досегашните пет изданија, овој проект поддржа реставрација и проекции на повеќе од 170 европски филмови, а за Кинотеката тоа значеше дигитализација и реставрација на три играни и три документарни македонски филмови. Секоја од институциите која е дел од овој проект ги презентира избраните филмски класици – дигитално или аналогно реставрирани – пред публиката и „он-лајн“ или со проекција во живо, а во придружба на посебно компонирана музика или музичка изведба во живо (доколку станува збор за нем филм), или пак – надополнети со изложба, дискусија, предавање, или друг пропратен настан. Проектот „Сезона на филмски класици“ е координиран од ACE (Европската асоцијација на кинотеки / Association des Cinematheques Europeennes) и поддржана од програмата МЕДИА на Европската комисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор.Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор, како и дека разговарале за продолжувањето на гасниот аранжман што истекува на 30 септември и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Телеграф. „Верувам дека, по денешниот разговор, тој (гасниот аранжман) ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе продолжиме да имаме добра, ниска цена на гасот од 318 евра за 1.000 м3, наместо да плаќаме пазарна цена, која денес е 868 евра“, рече Вучиќ на Инстаграм buducnostsrbijeav. Тој рече дека за време на долгиот, едночасовен разговор, опфатиле голем број теми - билатералните односи, ситуацијата во регионот, конфликтот во Украина, како и сите други од значење за Србија и Русија. „Разговаравме и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија, со надеж за решение што е добро за двете страни“, нагласи Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тој изрази благодарност до претседателот Путин за испраќањето помош во гаснењето на пожарите во Србија и со тоа спречување на поголеми штети. Тој додаде и дека го информирал Путин дека утре ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. „Го информирав претседателот на Руската Федерација дека утре поднесувам оставка и изразив благодарност за досегашната соработка, која трае четиринаесет години, со надеж дека идните претседатели на Србија ќе знаат како одговорно да ја водат надворешната политика на нашата земја, одржувајќи некаков баланс кон сите фактори на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаИлјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на СеутаИлјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко. Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот. „Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители. Тагови: Мадрид Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter