Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва
2Тошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртва
3Клековски: Во Клиничка болница Штип отворен мултидисциплинарен кабинет за дојка за побрз и поквалитетен одговор за пациентките
КултураДигитализирани филмовите на режисерот Милчо Манчевски„Пред дождот“’, „Прашина“ „Сенки“ и „Мајки“ отсега ќе бидат достапни и во дигитална форма.По повод 20годишнината од премиерата на неговиот прв филм Пред дождот од 7-10 мај под мотото Снимај бе братучед, снимај – во Скопје ќе се одржи ретроспектива на неговото творештво, при што промовирана ќе биде и специјална монографија за неговото целокупно творештво. Ретроспективата ќе биде отворена со прикажување на дигиталната копија на филмот „Пред дождот“, по што ќе следи и средба на Манчевски со гледачите. Проектот на дигитализација на националното аудиовизуелно богатство започна да се спроведува во 2011 година. До сега дигитализирани се филмовите на Љубиша Георгиевски, Столе Попов, Браќата Манаки и Арсениј Јовков. За овој проект досега Министерството за култура издвои 17 милиони денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПредизборен шок во Израел: Нетанјаху го исклучува Бен-ГвирИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се противи на евентуален американско-израелски напад врз Иран пред изборите и изјави дека министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир нема да биде дел од новата влада доколку неговата партија победи.„Според мене, тоа [евентуални напади врз Иран] не ни одговара“, рече Нетанјаху, според весникот „The Times of Israel“. Во врска со Бен-Гвир, Нетанјаху призна дека „Бен-Гвир сака“ да биде дел од следната влада, но истакна дека тој не е оној што ја носи таа одлука. Претходно, повикувајќи се на американски и израелски официјални лица, израелскиот „Канал 12“ објави дека Нетанјаху разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за можноста за започнување војна против Иран пред изборите во Израел и во САД, наведувајќи ги како една од причините загрижувачките нови потези на Техеран во врска со неговата нуклеарна програма. Според тој извештај, Нетанјаху неколку пати разговарал со Трамп во текот на изминатите две недели за можноста за обновување на воени операции од големи размери против Иран, вклучително и заеднички американско-израелски напади врз воени цели и нуклеарни постројки. Изборите за Кнесетот се закажани за 27 октомври. Извор: Б92Тагови: Бен Гвир Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамНОВИОТ ГЛОБАЛЕН АВТОМОБИЛСКИ БРЕНД CHANGAN ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈАЕуроимпекс станува дом на три глобални автомобилски брендаКомпанијата Еуроимпекс, позната како генерален застапник на 7 брендови, а како најпознати двата глобални автомобилски бренда Peugeot и Opel, од денес официјално станува дом на уште еден автомобилски бренд. „Еуроимпекс“ со официјално го претстави брендот CHANGAN, отворајќи ново поглавје во своето повеќедецениско искуство во автомобилската индустрија и дополнително збогатувајќи ја понудата со возила кои ги комбинираат луксузот, дизајнот, безбедноста и врвната технологија. Со ова клиентите во Македонија ќе добијат поголем избор, а во рамките на компанијата „Еуроимпекс“, ќе имаат на располагање сеопфатна понуда на едно место. Факти за CHANGAN Во автомобилската индустрија – CHANGAN е еден од четирите најголеми автомобилски производители во Кина и еден од најбрзо растечките глобални брендови во сегментот на интелигентната и одржлива мобилност, официјално пристигнува на македонскиот пазар. Со повеќе од 60 години искуство во автомобилската индустрија, CHANGAN денес е присутен во над 100 пазари ширум светот, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри во Кина, Италија, Германија, Велика Британија, Јапонија и САД, како и со десетици производствени капацитети и илјадници инженери и експерти кои работат на развојот на мобилноста на иднината. CHANGAN е глобален автомобилски производител кој континуирано инвестира во иновации, електрификација и паметни технологии, со јасна визија да стане еден од водечките автомобилски брендови во светот. Неговата филозофија „Smart Your Future“ ја отсликува посветеноста кон создавање возила кои нудат безбедно, интелигентно и поврзано возачко искуство. „Со особена чест и гордост воведуваме нов бренд во нашето портфолио. Кинескиот автомобилски гигант, CHANGAN. Овој бренд претставува совршен спој на иновација, технологија и квалитет, а нашата цел е на клиентите да им понудиме автомобили кои ги исполнуваат највисоките светски стандарди. Убедени сме дека CHANGAN ќе биде освежување на домашниот автомобилски пазар и ќе постави нов праг на очекувања кај потрошувачите“, изјави Извршниот Директор на Еуроимпекс – Зоран Серафимовски „Во првата фаза, клиентите ќе имаат можност да се запознаат со моделите кои веќе успешно се претставуваат на европските пазари, нудејќи напредни системи за безбедност, современи дигитални технологии, електрифицирани погонски решенија и врвно ниво на комфор. Со официјалното пристигнување на CHANGAN, купувачите во Македонија добиваат не само нов автомобилски бренд, туку и целосно корисничко искуство кое вклучува професионална продажба, овластен сервис и постпродажна поддршка, согласно највисоките стандарди на производителот.“ – изјави Ивана Мначева Михајловска – Заменик извршен и Маркетинг Директор во Еуроимпекс За CHANGAN CHANGAN Automobile е еден од најголемите автомобилски производители во Кина, со повеќе од четири децении искуство во развојот и производството на патнички возила. Компанијата е присутна во над 100 земји и региони, располага со глобална мрежа на истражувачко-развојни центри и е препознаена како еден од лидерите во областа на интелигентната и одржлива мобилност. За Еуроимпекс Еуроимпекс е првата приватна компанија во автомобилската индустрија во Македонија и е една од водечките компании со 35 годишно искуство во увоз-извоз, продажба и сервисирање на возила. Со воведувањето на брендот CHANGAN, компанијата продолжува да ја реализира својата визија за лидерство на македонскиот пазар како и обезбедување на најсовремени глобални автомобилски решенија за клиентите. Лице за контакт: Ана Јовановска Менаџер за медиуми и односи со јавност [email protected] тел.: 072/260-206Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТошковски на регионален состанок на УНОДЦ: Борбата против трговијата со луѓе бара силна прекугранична соработка и заштита на секоја жртваТошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на Регионалниот експертски состанок за зајакнување на прекуграничната кривично-правна соработка и заштита на странски жртви во случаи на трговија со луѓе, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ). Во своето обраќање, министерот Тошковски ја нагласи важноста на меѓународната соработка и координираното дејствување на институциите во справувањето со трговијата со луѓе, како еден од најсериозните облици на организиран криминал. Тој изрази благодарност до УНОДЦ за организацијата на состанокот, истакнувајќи дека присуството на експерти и делегации од регионот, но и од Јужна Америка, ја потврдува заедничката определба за заштита на жртвите без оглед на националните и географските граници. „Трговијата со луѓе, како глобално и општествено неприфатлив чин, не познава граници, ниту пак прави разлика меѓу луѓето врз основа на нивното потекло, припадност или убедувања. Оттаму, нашиот одговор мора да биде исто толку одлучен: организиран, сеопфатен и мултидисциплинарен“, истакна Тошковски. Министерот посочи дека покрај традиционалните облици на експлоатација, криминалните мрежи развиваат и нови, сè посложени начини на злоупотреба на луѓето. Посебно внимание посвети на ризиците од трудова и сексуална експлоатација, како и на ранливоста на странските државјани кои, во потрага по подобри економски можности, можат да станат жртви на трговија со луѓе. Тошковски нагласи дека Западен Балкан претставува регион на потекло, транзит и крајна дестинација за жртвите, а во Македонија во последните години доминира внатрешната трговија со луѓе, иако се идентификуваат и странски жртви. Особено загрижувачка е ранливоста на децата и лицата погодени од сиромаштија, дискриминација и семејно насилство, поради што е неопходно институциите постојано да ги следат новите трендови и навремено да реагираат. Осврнувајќи се на националните напори, министерот потсети дека Македонија од 2001 година континуирано ги развива институционалните механизми за борба против трговијата со луѓе, усогласувајќи го законодавството и практиките со меѓународните стандарди и препораките на релевантните организации. „Нашиот систем е поставен врз пет столба: превенција, кривичен прогон, заштита, реинтеграција и обесштетување на жртвите. Во фокусот на секоја наша мерка секогаш стои Човекот — жртвата чие достоинство мора да го вратиме“, порача Тошковски. На крајот, министерот истакна дека трговијата со луѓе често останува скриена, а жртвите невидливи за општеството, поради што подигнувањето на јавната свест, едукацијата, навременото препознавање и пријавувањето се од суштинско значење. Тој порача дека само преку силна институционална координација, меѓународна соработка и пристап во чиј центар се правата и достоинството на жртвите може да се обезбеди поефикасно спречување и откривање на трговијата со луѓе, кривичен прогон на сторителите и соодветна заштита на жртвите.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00