Дигитализацијата и пакетските пратки ги истиснуваат писмата - Канал 5

Дигитализацијата и пакетските пратки ги истиснуваат писмата

 Дигитализацијата и технолошкиот развој продолжува да го намалува обемот на пратки за коресподенција (писма и поштенските картички). 

Дигитализацијата и пакетските пратки ги истиснуваат писмата

Наспроти приближно 40 милиони писма што ги испорачала националната пошта во 2016 година, лани нивниот број е 25.338.883.

Променетите потреби на корисниците и бизнис секторот како резултат на развојот на е-трговијата донесе нови производи и услуги. Пратките за кореспонденција сѐ повеќе се заменуваат со електронски средства за комуникација, а голем дел од традиционални испраќачи на масовна пошта (деловни субјекти, институции) сè повеќе ги прифаќаат електронските процеси и доставата да ја вршат на електронски начин.

Според податоците на регулаторот, вкупниот обем на пратки за коресподенција на пазарот на поштенските услуги во државава во 2022 година изнесува 27.188.367 и споредбено со 2021 година е намален за 7.9 проценти.

АД „Пошта на Северна Македонија“ лани регистрира 25.384.421 пратки за коресподенција и тие се 89,8 проценти од вкупно остварениот обем на пратки (28.256.214) кој овој давател ги остварил во таа година. Од услугите за обезбедување на пратките за кореспонденција најголем процент, односно 78 отсто, се однесуваат на обичните писма.

Кај давателите на поштенски услуги на слободниот пазар, пак, се регистрирани 1.803.946 пратки за коресподенција, односно 23,8 проценти од нивниот вкупен обем на работа (7.570.378). Во однос на претходната година има намалување за 10,7 проценти, а таквиот тренд се должи пред се поради нивниот зголемен ангажман и интерес за обезбедување на поштенската услуга пакети.

Статистиката покажува дека поштарите на државното претпријатие лани доставиле 25.338.883 писма, од кои најголем дел се обични писма - 19.762.689, потоа следуваат препорачаните писма - 5.451.525, вредносните писма - 124.669, како и вредносни картички - 45.538.

Намалувањето на писмата по години покажува дека во 2016 година „Пошта“ испорачала 39.814.249 писма, во 2017 година - 35.809.522, во 2018 година - 33.262.315, во 2019 година - 33.413.939, во 2020 година - 32.270.772, а во 2021 година - 27.452.545.

Отстапување од надолниот тренд кај писмата има кај препорачаните. Во 2016 година изнесувале 4.728.462, а во 2022 година -5.451.525.

Анализата кај давателите на поштенски услуги на слободен пазар покажува дека со годините тие ги менуваат видовите на поштенски услуги. Ако порано обемот на писмата и пакетите бил скоро со еднаков број, во 2022 година преовладуваат пакетите. Па така, во 2022 година во однос на 2021 година тие бележат зголемувањее на бројот на доставени пакети за 22,6 проценти. Истовремено, за 10,9 проценти се намалил бројот на пратките за коресподенција од приватните оператори, од 2.020.968 на 1.803.946.

Се поголемата побарувачка за онлајн услугите и развојот на е-трговијата се рефлектира кај услугата пакети која постојано има раст кај давателите на слободен пазар. Развојот на платформите кои нудат услуги на пазарот во форма на онлајн нарачки го зголемува учеството на давателите на пазарот, особено во делот на пакетите. Ако во 2016 година приватните оператори доставиле 968.383 пакети, заклучно со крајот на минатата година тие испорачале 5.765.931.

И „Пошта“ бележи зголемување на обемот на услугата доставување пакети. Во 2016 година бројот на доставени пакети во рамки на универзалната услуга изнесува 11,229, а во 2022 година 138.872.

Вкупниот обем на поштенскиот пазар лани изнесувал 35 826 953 и е намален за 4,76 проценти во однос на 2021 година. Пратките за коресподенција учествуваат со 75,8 проценти во вкупниот обем.

И покрај намалениот обем на пратките за коресподенција, вкупниот приход од обезбедување на поштенските услуги од страна на давателите на поштенски услуги во 2022 година, споредбено со 2021 година е зголемен за 13,3 проценти, односно за 14,9 проценти во однос на 2020 година. Тоа покажува дека приходите се генерираат од други услуги, пред се од пакетските услуги, како и од услугите со додадена вредност, кои имаат повисока цена.

На пазарот за поштенски услуги во државава работат 35 оператори и нивниот број во однос на минатата година е намален за десет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Светската награда за „Безбеден град“ свечено врачена во Дубаи!

Министерот Тошковски во Дубаи ја прими Светската награда за „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на својот фејсбук објави дека На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи ја примил Светската награда за „Безбеден град“ .

На официјалната церемонија во рамки на World Police Summit 2026 во Дубаи, ја имав честа да ја примам престижната награда „Excellence in Road Safety“, која Македонија ја освои за проектот „Безбеден град“.

Ова е значајно меѓународно признание за Македонија, за македонската полиција и за реформата со која поставуваме нови стандарди во безбедноста на сообраќајот.

Покажавме дека Македонија има капацитет да создава современи решенија, да спроведува суштински промени и да биде препознаена на светско ниво.

Оваа награда му припаѓа на секој македонски граѓанин кој веруваше во оваа промена, ја поддржа и со својот придонес стана дел од заедничката мисија за побезбедни патишта.

Но, ова признание не е крајната цел. Тоа е дополнителна одговорност да продолжиме со уште поголема решителност во она што е најважно, да го намалиме бројот на сообраќајни несреќи, да спречиме трагедии и да заштитиме што повеќе човечки животи.

Продолжуваме уште посилно! За побезбедни патишта, за заштитени човечки животи, за побезбедна Македонија!- стои во објавата на Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата приказна за наводната забрана за работа на Алта банка во ЕУ, иако нивните тврдења се покажаа како неточни.

СДС и Филипче со денови ширеа паника, изнесуваа обвинувања и ја доведуваа во прашање стабилноста на банкарскиот систем. Тврдеа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне и дека граѓаните ќе останат без своите пари.

И што се случи на крајот? Излезе вистината на виделина за СДС и ДУИ за нивните сопствени деловни релации со Алта банка и Давор Мацура.

Бараа надзорна расправа, а кога треба да одговорат на прашања на надзорната расправа, Филипче и СДС избегнуваат соочување и продолжување на надзорната расправа.

Кога обвинуваат СДС и Филипче се гласни. Кога треба да одговараат СДС и Филипче молчат и ги нема.

Кој ја говореше вистината за Алта банка? Зошто СДС и Филипче ширеа паника? И зошто сега се избегнува надзорна расправа на која треба да се расчистат сите отворени прашања?

СДС и Филипче треба да знаат дека нема бегање од одговорност. Нема бегање од фактите. А уште помалку може со молк да ги избришат сопствените релации со Давор Мацура и Алта Банка.

Филипче и СДС должат одговори. Граѓаните очекуваат одговори и факти, СДС и Филипче да не се кријат.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер