Дигестивна хирургија: Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома - Канал 5

Дигестивна хирургија: Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома

Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома со здрав орган и шанса за нов живот

Дигестивна хирургија: Првиот пациент со трансплантиран црн дроб од починат донор заминува дома

По три недели поминати во болница, пациентот на кој му беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, денес заминува од Клиниката за Дигестивна хирургија во добра состојба, со здрав орган и со шанса за нов живот.

- Среќен сум што сум денес овде со вас и со моите колеги со кои ја направивме првата трансплантација на црн дроб во земјава и еве по три недели го испративме пациентот дома во добра здравствена состојба со функционален орган и со шанса да има нормален и квалитетен живот. Морам да признаам дека не беше лесно да се дојде до ова. Работевме многу, вложивме многу и еве успеавме сите заедно да отвориме едно ново поглавје не само во полето на дигестивната хирургија туку и во македонското здравство. Горд сум на мојот тим лекари и медицински сестри како и на соработката која ја имавме со останатите тимови вклучени во трансплантацијата, на соработката со Националниот координатор за трансплантација и со Министерството за здравство. На крајот сакам јавно да се заблагодарам на семејството на донорот. Без нивната хуманост немаше да имаме здрав пациент кој денес заминува дома и да го направиме овој успех во здравството - вели проф. д-р Зоран Караџов, директор на Клиниката за Дигестивна хирургија и координатор за трансплантација на оваа клиника.

Првата трансплантација на црн дроб се случи на 24 ноември кога семејството на жена кај која беше дијагностицирана и потврдена мозочна смрт даде согласност да се донираат органите и приотоа да се спасат неколку животи. Покрај црн дроб се трансплантираа и два бубрега.

- Пациентот кој го прими органот е 60 годишен пациент со напредната болест на црниот дроб за кој практично не постоеше друг начин да му се спаси животот. Денес истиот тој пациент заминува дома со нов орган и нова шанса за живот и тоа е убавината на трансплантацијата и на органодонорството. За мене како хирург и за моите колеги, беше предизвик да се започне оваа приказна. Двонеделниот престој во центарот за трансплантација во КБЦ Меркур во Загреб, соработката со тимот на Клиниката за дигестивна хирургија и со сите останати тимови, амбицијата и желбата да се влезе во оваа приказна и да се биде дел од Програмата за трансплантација, беше тоа што не водеше кон овој успех – вели проф. д-р Светозар Антовиќ, кој е дел од тимот кој ја направи првата трансплантација и воедно шеф на катедрата по хирургија при УКИМ.

Инаку, во тимот кој ја направи првата трансплантација покрај проф. д-р Зоран Караџов и проф. д-р Светозар Антовиќ учествуваа и науч. сор. д-р Љубомир Огњеновиќ, асс. д-р Ќемаљ Рушити од Клиниката за дигестивна хирургија, како и нивните колеги лекари, клиничкиот фармацевт и медицинските сестри. Тимот анестезиолози од КАРИЛ, кои го водеа реципиентот, предводени од прим. д-р Татјана Спировска. Потоа екипите од Клиниката за гастроентерохепатологија, предводени од проф. д-р Бети Тодоровска, науч. сор. д-р Елена Цуракова Ристевска, кои го подготвија донорот. Да не ги заборавиме и другите екипи кои учествуваа во трансплантацијата, а тоа се екипите од Клиниката за урологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за трансфузиологија, и секако, болничките координатори, кои го процесираат пациентот во мозочна смрт, предводени од доц. д-р Маја Мојсова Мијовска, д-р Билјана Андоновска, како и медицинските сестри, инструментарки, вработените во лабораториите и сите вклучени, кои со заеднички заложби го постигнаа овој огромен успех.

- Со задоволство денес сум тука на Клиниката за дигестивна хирургија, заедно со тимот кој успешно ја изврши првата трансплантација на црн дроб од починат донор во земјава. Ова е историски чекор за македонското здравство, со кој се вброивме меѓу врвните здравствени системи кои успешно работат трансплантација на црн дроб. Честитки до целиот тим кој учествуваше во оваа најкомплексна хируршка интервенција и благодарение на врвниот стручен придонес на комплетниот тим – 60 годишниот пациент денес си заминува дома во добра здравствена состојба – вели министерот д-р Беким Сали.

Ова е шеста трансплантацаија од починат донор од почетокот на годината и прва на црн дроб во историјата на македонското здравство. Заедничката и тимска работа на преку 100 лекари, медицински сестри и админстративен персонал, резултираше, годинава, да се трансплантираат 10 бубрега од починат донор, 2 срца кај тешки пациенти и извршени 10 инплантации на коскени ткива. За последниве две години тоа се вкупно 8 срца, 30 бубрези, 20 коскени ткива и еве сега и првиот црн дроб.

- За мене нема посреќен момент од тој кога пациентот ќе си оди дома. Тогаш сите ја гледаат смислата на органодарителството. Повторно би сакала да се заблагодарам на сите досегашни семејства кои донирале и успеале да спасат живот – вели д-р Маја Мојсова Мијовска, Национален координатор за транспланатција на органи и ткива.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Љубителите на фудбалот синоќа на дуелот од 5 коло во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и ПСВ  видоа гол каков што ретко се гледа и постигнува на терените низ светот. 

Видео: Џуд Белингем по сензационалниот погодок против ПСВ: „Ова е најдобриот гол во мојот живот“

Асот на европскиот великан, Реал Мадрид, Џуд Белингем, ги воодушеви навивачите со спектакуларен гол против ПСВ, со што ја потврди својата врвна форма.

Англичанецот уште еднаш покажа дека е врвен играч. Во победата на неговиот тим од 5:1 против ПСВ, тој беше стрелец на вториот гол – еден од најубавите во неговата кариера, со кој му донесе водство на „кралскиот клуб“ во петтото коло од Лигата на шампионите.

Џуд Белингем повторно покажа каков потег може да изведе за само неколку секунди. Играчот на Реал Мадрид се најде на вистинското место во вистинско време, а потоа следеше вистинска мајсторија. Топката стигна до него на околу дваесет метри од голот на противникот. Белингем прво ја смири со левата нога, ја префрли на другата, потоа ја крена во воздух и без двоумење шутираше на неочекуван начин – на момент изгледаше како да шутира со врвот на копачката, но всушност го направи тоа со горниот дел од стапалото, малку кон внатрешната страна.

По натпреварот, Белингем јасно стави до знаење каде го вбројува овој погодок, изјавувајќи:

„Мислам дека ова е најдобриот гол во мојот живот“, рече гордо Белингем и додаде: „Обично моите голови се многу поблиску до голот, нели?“, се пошегува играчот на Реал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден

Општина Илинден продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната инфраструктура и создавање подобри услови за развој на локалната економија. 

О. Илинден: Асфалтирана индустриската улица „Н10“ во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден

Во рамки на овие активности, заврши асфалтирањето на индустриската улица „Н10“, која се наоѓа во локалната економска зона „Ограѓе“ во населба Илинден, во должина од над 300 метри со коловоз широк 6 метри и тротоар.

„Со асфалтирањето на улицата „Н10“ значително се подобрува инфраструктурната поврзаност во економската зона, што е од особено значење за стопанските субјекти кои функционираат на ова подрачје. Новата улица ќе овозможи полесен пристап до деловните објекти, поефикасно одвивање на транспортот и подобри услови за секојдневно работење.“ – истакна градоначалникот Георгиевски, кој изврши увид во асфалтирањето.

Реализацијата на овој проект претставува уште една инвестиција во унапредувањето на локалната патна инфраструктура и создавањето услови за понатамошен развој на локалната економија. Општина Илинден продолжува со континуирани вложувања во модерна и функционална инфраструктура, во насока на подобрување на условите за работа и развој на стопанството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години

Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл,  – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. 

Нови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години

Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца .

Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца.

Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години.

Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес.

Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер