Дигестивецот Антовиќ реизбран за декан на Медицинскиот Факултет - Канал 5

Дигестивецот Антовиќ реизбран за декан на Медицинскиот Факултет

Проф. д-р Светозар Антовиќ, специјалист по дигестивна хирургија денеска е реизбран за декан на Медицинскиот Факултет. 

Дигестивецот Антовиќ реизбран за декан на Медицинскиот Факултет

Професорот Антовиќ е избран со 117 наспроти 26 гласови дадени за противкандидатката професроката по биохемија Ирена Костовска. Проф. д-р Светозар Антовиќ има богато професионално досие. Откако во 2004 година го положува државниот испит, веќе од следната година започнува со специјализација од областа општа хирургија, а во 2009 година избран за помлад асистент по општа хирургија. Во 2015 успешно ја одбранува докторската дисертација со наслов „Валидноста на сентинелниот лимфен јазол кај пациенти со колоректален карцином изолиран со употреба на радиоактивен колоид на Tc99m”.

2016 година избран за научен соработник по предметот Хирургија, како и за доцент по предметот Хирургија, а откако во 2019 година успешно го положува супспецијалистичкиот испит се стекнува со звање супспецијалист по абдоминална хирургија. Истата година е избран за вонреден професор по Хирургија, а во 2020 година раководител на Катедрата по Хирургија при Медицинскиот Факултет во Скопје, УКИМ.

Професорот Антовиќ е лидер на тимот за трансплантација на црн дроб од починат донор и има напревена седум трансплантации. Тој е голем поборник во промоцијата на органодарителството за кој вели: „дека нема подобра награда кога е спасен пацинтот со заболување на црн дроб, а му останле помалку од еден месец живот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Маж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата.

Опсадната состојба траеше речиси еден час.

Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе.

Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата.

„Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда.

„Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. 

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер