РакометДибирова: Горда сум на ракометарките, немавме среќаТренерот на ЖРК Вардар, Ирина Дибирова на пресот по поразот во финалето на Лигата на шампионите од Ѓер со 27-26 (20-20, 9-9), изјави дека е горда на постигнувањето на своите ракометарки и е благодарна што го предводела овој тим. - Горда сум на ракометарките, се бореа и реализираа се што беше договорено, но на крај не успеавме. Немавме среќа, на девојките им поскувам среќа во иднина. Горда сум на девојките и благодарна што бев тренер на овој тим, изјави тренерот на Вардар. МВП на Ф4 турнирот, голманката на „црвено-црните“ Амандин Лејно низ солзи изрази жалење дека оваа генерација на ракометарки не стигнале до трофејот во ЛШ. - Ова беше навистина тежок натпревар. Се подготвуваме за титулата, сите ја посакувавме, но Ѓер е квалитетна екипа која беше и посреќна па повторно стигна до трофејот. Нас ни е жал што во последната сезона овој состав на девојки не успеа да дојде до трофејот, рече Амандин Лејно на пресот по мечот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Денеска и утре исплата на субвениците за тутунарите Во текот на денот и утре на сметките на тутунарите ќе легнат парите од субвенциите. Ова го соопшти премирот Мицкоски кој рече дека налогот за исплата на нешто над 32 милиони евра од платежната агенција е веќе во трезор за да се пуштат парите кон земјоделците. Премиерот Мицкоски посочи дека во 2024 година кога ја презеле власта исплаќале заостанати субвенции од 2021 година и дека сега за неполни две години веќе се исплаќаат тековните субвенции за 2025 година. -Ако се собере вкупниот број на исплатени субвенции од страна на владата на СДСМ и ДУИ во периодот 2021, 2022, и 2023 година како директни плаќања и поддршка на Програмата за рурален развој, тогаш ќе дојдеме до вкупна сума за три години помала од 14 милијарди денари. Оваа Влада, за две години, има исплатено околу 15 милијарди денари што значи една милијарда денари повеќе отколку што тие исплатија за три години. Тоа е вистината и ова се бројки – рече Мицкоски. Премиерот посочи дека огормна е разликата во односот кон тутунарите што се гледа според тоа дека четири години кога тутунот се откупувал по 150 денари а сега последните договори се за цена од 450 денари за килограм, што се одразува и во вкупно откупените количини кои тогаш биле од 16 до 18 илјади тони а сега се од 26 до 28 илјади тони на откупен суров тутун годишно Претходно преку соопштение опозициската СДСМ обвини дека премиерот ги излажал земјоделците и наместо ветувањата за поголем просперитет сега земјдоелците се соочуваат со намалени субвенции, ниски откупни цени и немање пласман. После 2 години власт земјоделството е на колена: субвенциите се намалени за 40 милиони евра и постојано каснат, откупот на земјоделски производи е намален за 46 проценти, трошоците за производство се зголемени, буквално нема сегмент во земјоделието каде нема сериозен проблем. Според СДСМ доказ за падот во земјоделството е состојбата во сточарството и кризата со откупот на млекото, кој во делови од земјава се најавува дека ќе запре а цената на млекото е падната за над 30%. Денес литар млеко според СДСМ се откупува за едвај дваесетина денари, цена која не ги покрива ниту основните производствени трошоци. Тагови: тутунари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМНРиТ најостро го осудува инцидентот што се случи денескаМинистерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро го осудува инцидентот што се случи денеска, при кој беше извршено опожарување на возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Воедно, информираме дека Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот. МНРиТТагови: МНРиТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинетите девет полицајци за „Пулс“ не се чувствуваат виновни за злоупотреба на службената положбаДеветмината полициски службеници обвинети за злоупотреба на службената положба при издавањето согласност за издавање лиценца за дискотеката Пулс во Кочани негираа вина пред судот.Полициските службеници се од Кочани, Штип, Радовиш и Пробиштип, a дел од нивните бранители забележаа дека се уште не ги добиле за нив клучните докази, односно службени белешки според кои некои од обвинетите извршиле проверки и не дале согласност за лиценцата што се променило по укажување на старешини. -Селективна правда не е правда бидејќи отсуствуваат определени писмени докази кои во претходната истрага која беше запрена за истите овие обвинети лица ги нема. Тие докази се многу битни за одбраната од кои може да се види дека се провериле, правеле се од себе да не дојде до вакви ситуации како што дошло. Мојот клиент е три години во пензија пред да се случи дискотеката Пулс. Не е во ред со сила да се тераат работите за да има што повеќе обвинети во овој процес,- изјави – Емил Нетков – Адвокат на првообвинетиот Димче Аврамов. Според обвинението имале должност да направат проверки околу нарушувањата на јавниот ред и мир и безбедносните сообраќајни решенија околу објектот што е поврзано со барањето за лиценца до Министерството за економија, но не ја исполниле. Притоа овозможиле Пулс да добие лиценца во 2022 и 2023 година, а дискотеката и неформалниот сопственик Дејан Јованов Деко да остварат имотна корист од околу десетина илјади евра. -Им се става на терет дека во еден одреден временски период истите како полициски службеници не ги направиле соодветно проверките коишто се однесуваат на евиденција на нарушување на јавен ред и мир и не ги направиле проверките на терен коишто се однесуваат на сообраќајните решенија односно безбедноста на сообраќајот коишто се услови неопходно потребни да се проверат за да може да се даде мислење односно согласност за добивање на лиценца,- изјави – Спасенка Андонова – Обвинител во ОЈО ГОКК. Судењето за овој случај ќе продолжи на 29 јуни со изведување материјални докази на обвинителството. По условната пресуда за тројца полициски службеници, во скопскиот Кривичен суд се постапува по уште еден предмет со 13 полициски службеници кои ноќта на 16 март лани биле во дискотеката Пулс но не спречиле активирање на пиротехниката. Тагови: Пожарот во Кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook