3ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
РакометДибиров во тимот на колотоЈунакот во саботната победа на Вардар против Монпелје во Лигата на шампионите, Тимур Дибиров е избран во тимот на колото. Дванаесетте погодоци на вардаровото лево крило беа доволни тој по трет пат да се најде во изборот на најдобрите седум од страна на ЕХФ.Дибиров обезбеди и место во изборот на најдобрите пет голови, откако еден негов гол е прогласен за трет најубав во колото. Најдобар тим на 9.коло во ракометната Лига на шампиони: Голман – Родриго Коралес (Висла Плок), Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар), Лев бек – Сергеј Бурка (Мотор Запорожје) Среден бек – Микел Хансен (ПСЖ) Пивот – Хулен Агинагалде (Кјелце) Десен бек – Јохан Јакобсен (Фленсбург) Десно крило – Дмитри Ковалев (Чеховски Медведи).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаатМинистерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат... Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното. „Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“ Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година. „Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“ Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС.Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти. Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари. Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот. СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook