Дибала е надвор од теренот поради повреда - Канал 5

Дибала е надвор од теренот поради повреда

Еден од клучниот фудбалер на Рома, Пауло Дибала, се повреди на натпреварот од Серија А со Торино (0:1) и ќе отсуствува една-две, објави „Газета Експрес“.

Дибала е надвор од теренот поради повреда

На 31-годишниот Аргентинец му е дијагностицирана мала повреда на тетивата на левиот бутен мускул. На натпреварот одигран викендот со Торино, тој беше заменет на полувремето.

Фудбалерот може да го пропушти натпреварот со Лацио во Серија А на 21 септември и натпреварот со Ница во Лигата на Европа на 24 септември.

Во сезоната 2025/26, Дибала не успеа да постигне гол на три натпревари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Надзорна расправа за спроведуавњето на Законот за македонски јазик

 Љутков повика прашањето да не биде предвемет на дневнополтиичи пресемтки, а критики доби од ексминстерката Костадиновска Стојчевска.  

Надзорна расправа за спроведуавњето на Законот за македонски јазик

По иницијатива на опозицијата, денеска во собранието започна надзорната расправа за примената на Законот за употреба на македонскиот јазик, со цел да се утврдат причините за неговото нефункционирање и институционалните пропусти во неговата имплементација. Минстерот за култура Љутков повика прашањето да не биде предвемет на дневнополтиичи пресемтки, а критики доби од неговата претходничка од СДСМ, ексминстерката Костадиновска Стојчевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Усје ќе мора да ги исполнува параметрите од новиот закон

Хоџа вети дека целата процедура ќе биде транспарентна. 

Хоџа: Усје ќе мора да ги исполнува параметрите од новиот закон

Новата А-интегрирана дозвола за цемантарница УСЈЕ, ќе биде според строгите параментри кои ќе важат со новиот закон од сепмтври 2027 година, најави минстерот за животна средина, Мухамет Хоџа и вети дека целата процедура ќе биде транспарентна.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре почнува НАТО самитот во Анкара – Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентот

Анкара е под силни безбедносни мерки во пресрет на Самитот на НАТО, кој официјално започнува утре и ќе трае до среда. 

Утре почнува НАТО самитот во Анкара – Европа ја презема одговорноста за безбедноста на континентот

Во турската престолнина се очекува пристигнувањето на лидерите на 32-те земји членки на Алијансата меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, наместо атмосфера на единство, самитот започнува во сенка на масовни анти-НАТО протести. Демонстрациите, организирани од Комунистичката партија на Турција, беа проследени со судири со полицијата, при што, според турските власти, приведени се повеќе од 100 лица, меѓу кои новинари, активисти и универзитетски професори.

Поради безбедносните ризици, Анкара практично е под посебен безбедносен режим. Турските власти ангажираа околу 70 илјади припадници на безбедносните сили, од кои 55 илјади се полицајци и припадници на жандармеријата, со цел непречено одвивање на самитот и заштита на високите делегации.

Во ваква атмосфера, лидерите ќе разговараат за неколку клучни прашања – зголемување на инвестициите во одбраната на земјите членки на 5 проценти од БДП, натамошната воена поддршка за Украина, зачувување на единството во сојузот но и инцијатива Европа да ја презема одговорноста за безбедноста на континентот.

Во пресрет на состанокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, упати порака за единство меѓу сојузниците, настојувајќи да ја зачува цврстата поврзаност меѓу Европа и САД.

-НАТО не е тука да го направи некој среќен. Кога се осврнувам на она што беше кажано во Хаг, однесувајќи се на оние 5 проценти од БДП за безбедноста, посочив дека тоа мора да се направи. Бидејќи кога ги гледаме плановите на НАТО кои ги има, и капацитетите кои ни се потребни да се одбраниме самите себе си, мораме да одвојуваме до 5 проценти за одбранбените трошоци. Повеќе за одбраната вклучително и пошироките трошоци поврзани со одбраната. Добра вест е дека на тој начин Европа се изедначува со тоа што ги трошат САД. Америка е целосно посветена на НАТО, но истовремено имаат и очекување, дека европските сојузници да трошат исто колку нив, што е сосема фер.- Генерален секретар на НАТО, Марк Руте

Во меѓувреме под притисок на американскиот претседател Доналд Трамп, речиси сите членки на НАТО се согласија до 2035 година да издвојуваат 5 проценти од БДП за одбраната. Од оваа сума, 3,5 проценти ќе бидат директни воени трошоци, а останатите средства ќе бидат наменети за активности поврзани со безбедноста и одбраната.

Според најавите во завршната декларација се очекува да биде потврдена посветеноста на колективната одбрана согласно членот 5 од Северноатлантскиот договор. Исто така, сојузниците ќе ја потврдат финансиската и воената поддршка за Украина, која според најавите ќе достигне околу 140 милијарди евра во текот на оваа и следната година.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на самитот и очекува дополнителна помош во областа на противвоздушната и противракетната одбрана.

На социјалните мрежи изутрината од кабитентот на претседателката Гордана Силјановска - Давкова беше објавено видео во кое се гледа пристигнување на претседателката на НАТО Самиотот во Анкара. Според најавите на претседателката се очекува да се приклучи во текот на денот и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер