Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
2Лишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч
ЗабаваДевојката од теренот на Лигата на Шампионите , очајно сака да замине од Сплит (ФОТО)Кинси Волански , која се прослави откако речиси гола влезе на теренот за време на финалето на Лигата на шампионите во фудбал , сака да си замине од Сплит , каде е на летен одмор.Кинси за само една вечер , по инцидентот на финалето на Лигата на шампионите, доби милион и пол следбеници на Инстаграм. View this post on Instagram Happiness is not about getting all that you want, its about enjoying all that you have ❤️ A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on Jun 14, 2019 at 10:35am PDT Таа тогаш го оствари својот сон , а му помогна и на своето момче Виталиј Здоровецки , кој доби голема популарност како Јутјубер. Откако станаат славни во глобални рамки , Виталиј се реши дури и да ја побара Кинси за жена. Секако преку Твитер , но тоа е нормално за двојката. View this post on Instagram One year together and an amazing kiss in 13 different countries ❤️ Vitaly I love you so much. Thank you for making me laugh every single day, for being my gym buddy, for being my partner in crime in the most extreme adventures, for being the most caring person I’ve ever met, and lastly thank you for showing me this crazy love I never knew existed. You are my best friend, my lover and my favorite person. Happy one year “official” anniversary Luba ❤️ @vitalyzdtv A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on May 18, 2019 at 10:47am PDT Верениците сега се во Сплит , но на Кинси летниот одмор на Јадранот не и се допадна. Таа на Инстаграм се пожали дека веќе два дена се бори со труење со храна и дека и е многу лошо. ,,Патувањата дефинитивно ми го уништија имунолошкиот систем. Веќе два дена се борам со труење со храна , се обидувам некако да се излекувам и да се забавувам , но не ми оди... Конечно , утре си заминувам дома и многу сум среќна!” , напиша Кинси под фотографијата од хотелската соба во Сплит. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаШтерјова: Пет години лаги за модуларната - ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против ФилипчеПет години ВМРО и Мицкоски водат монструозна кампања против Венко Филипче со злоупотреба на трагедијата во модуларната болница во Тетово и болката на семејствата на загинатите.Пет години шират лаги, конструкции, клеветат, само за пресметка со претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче. Пет години ниту Филипче ниту СДСМ не се мешаше во работата на Јавното обвинителство. Не вршеше притисок. Не ја коментираше постапката. Не бараше заштита. Затоа што институциите мора да работат независно и без притисок. Модуларните болници беа набавени преку меѓународна постапка на Светската банка, со механизми на контрола, во време на најголемата здравствена криза во поновата историја. Тие болници не се градеа за тендерски профит, туку за да се спасуваат животи. Се градеа во време кога болниците беа преполни, кога немаше доволно кревети, кога здравствените работници водеа битка за секој пациент. Ако постоела и најмала основа за кривична одговорност на Филипче, зарем некој верува дека Мицкоски и ВМРО немаше да најдат начин да ја искористат? По две години власт, со целата моќ што ја имаат, ќе оставеа нешто неискористено против својот најголем политички противник. ВМРО-ОКГ водеше јавен линч и политички суд цели 5 години. Без докази. Без пресуда. Без никакви граници. Човек кој е доктор, хирург и универзитетски професор, го нарекуваа убиец. Човек кој целиот професионален живот лекува пациенти, спасува животи и образува идни лекари, го нарекуваа „д-р Менгеле“. Тоа е дел од кампањата на ВМРО и Мицкоски за ширење омраза и поделби. Истата кампања која потоа организирано се рашири низ медиумската машинерија на ВМРО и Орбановите 40% од медиумите. Пет години ја користат трагедијата како политичко оружје, си поигруваат со болката, чувствата и жалта на семејствата на загинатите. ВМРО и Мицкоски треба да им се извинат на граѓаните за пет години манипулации и ширење невистини. Но, пред сè, да им се извини на семејствата на загинатите. Затоа што пет години нивната најголема болка ја претвораат во политичка кампања и бесрамно си поигруваа со нивната болка. Тоа е бездушно. Неморално. Тоа е ВМРО! Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода странски државјанин на ГП „Табановце“ - возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/чНа 22.08.2026 во 17:53 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници извршиле проверка на патничко возило „форд“ со полски национални ознаки, управувано од М.Ј.(46) од Полска. При извршената проверка, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека М.Ј. бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, односно управувал со возилото со брзина од 164 километри на час на место каде максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. М.Ј. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во ПалиградНа терен е ангажиран голем број екипи и сили за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка.Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми. Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за локализирање и гаснење на пожарот, како и за спречување на неговото понатамошно ширење. Во моментов нема опасност за селото Палиград, ниту за другите села во подрачјето на Каршијак. Состојбата континуирано се следи, а сите екипи остануваат во целосна готовност за навремена реакција, со цел заштита на жителите и спречување на каква било потенцијална опасност.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter