2Ѓорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот град
3Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
1Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
ЗабаваДевојката на Пике барала помош од психолог поради песната на Шакира Клара Чиа Марти, девојката на Жерард Пике со која ја изневеруваше Шакира, наводно морала да побара психолошка помош откако пејачката ја повикала во новата песна, пишува Marca.Шпанскиот новинар Саул Ортиз тврди дека Клара отишла во куќата на нејзините родители. „Требаше да побегне бидејќи нејзината душевна состојба не е добра. Не е лесно да се биде 23-годишна девојка додека цела Шпанија и светот зборуваат за тебе. Полета и требаше да земе чекор за понатаму“, вели новинарот. Девојката на Пике била запирана на улица и ѝ ја пеат песната на Шакира и сите ја препознаваат, но таа всушност е многу тивка и срамежлива девојка, пишуваат шпанските медиуми. Пике неодамна на Инстаграм ја објави нивната прва заедничка фотографија, која предизвика голем број негативни коментари. Многумина му кажаа како им ги уништува животите на своите деца и дека треба да се срами од себе. Но, се чини дека Пике и Шакира се во добри односи бидејќи фудбалерот неодамна беше виден како расположена ја напушта својата куќа откако пејачката го покани на роденденската забава на нивниот десетгодишен син Милан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Помалку процедури, повеќе резултати - администрација во служба на граѓанитеПомалку чекање, без непотребно собирање документи и без препраќање од шалтер на шалтер. Тоа е јавната администрација што им е потребна на граѓаните и кон која мора да се движи секоја институционална реформа.Токму затоа, квалитетот на јавните услуги мора да се мери преку она со што граѓаните секојдневно се соочуваат, а не само преку бројот на реализирани активности и донесени одлуки. Ова го истакна министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето обраќање на отворањето на тридневната TAIEX работилница „Зајакнување и унапредување на системот за управување со квалитет во јавниот сектор во Македонија“. На отворањето се обрати и амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер, во знак на досегашната соработка и споделувањето на своите искуства дава значаен придонес во унапредувањето на управувањето со квалитет во јавниот сектор. Во своето обраќање, министерот Минчев нагласи дека управувањето со квалитет не смее да остане само формална обврска или примена на одреден модел, туку треба да прерасне во начин на работа на секоја институција, заснован на одговорност, мерење на резултатите и постојано подобрување. "За нас, квалитетот е дел од пошироката реформа на јавната администрација. Нашата цел е да изградиме институции кои се поефикасни и поодговорни, но и институции кои имаат капацитет да учат од сопственото работење и постојано да ги подобруваат своите резултати. Успехот на една институција не треба да го мериме само според бројот на донесени акти или реализирани активности. Прашањето е едноставно: дали граѓанинот добил подобра услуга, дали процесот е поедноставен, дали времето е пократко и дали институцијата навистина одговорила на потребата за која постои“ истакна министерот Минчев. Во таа насока, Министерството за јавна администрација веќе спроведе мерење на квалитетот на услугите преку методологијата „таен клиент“ и анкети со корисници на услуги, со опфат на повеќе од 600 граѓани и 70 директни проверки. Резултатите покажуваат дека речиси половина од анкетираните граѓани сметаат дека работата на институциите е подобра од претходно. Овие показатели се важна основа за согледување на постигнатиот напредок, но и за утврдување на областите во кои се потребни дополнителни подобрувања. Осврнувајќи се на значењето на иновациите во јавниот сектор, министерот нагласи дека подобрувањето на јавните услуги бара отвореност кон нови идеи, преиспитување на постојните практики и подготвеност за промени што носат конкретни резултати за граѓаните. Во текот на тридневната работилница, претставниците на Националното координативно тело и имплементаторите на моделот CAF 2020 ќе работат на унапредување на знаењата и практичните вештини за самооценување, мерење на резултатите, изработка на планови за подобрување и одржливост на постигнатите резултати. Министерството за јавна администрација продолжува да ги унапредува институционалните капацитети и да гради систем во кој квалитетот нема да биде само формален стандард, туку секојдневна обврска на институциите кон граѓаните. Целта е јавна администрација што ги става граѓаните на прво место, со поедноставни постапки, поквалитетни услуги и институции што ја оправдуваат довербата преку конкретни резултати. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје има луѓе со големо срце - Ви благодарам за најмасовната еко-акција за нашиот градГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со колегите градоначалници, младите и волонтерите, ја продолжија големата акција за расчистување на Скопје.- Илјадници луѓе повторно ја претворија љубовта кон Скопје во дело. Со засукани ракави и со искрена желба да придонесат, покажаа дека чист и уреден град се создава со труд, со одговорност и со заедништво. На секој што се приклучи му благодарам од срце. Денес покажавте колку сме силни кога работиме за иста цел. Посебна благодарност упатувам до советниците од опозицијата кои се придружија на акцијата. Скопје е дом на сите нас, а грижата за него треба да нè обединува. Само заедно, со меѓусебна почит и подготвеност секој да го даде својот придонес, можеме да ги направиме промените што сите ги посакуваме. Зад секое исчистено катче има нешто многу поважно од убавата слика - поздраво место за живеење, побезбеден простор за детска игра и маало во кое е убаво да се расте. Нашите деца заслужуваат зеленило, чисти паркови и уредени населби – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им порача на сите што несовесно фрлаат отпад да го почитуваат трудот на нивните сограѓани. - Некој денес одвои од своето време, се наведна и го собра она што друг го фрлил. Вложи сила и труд за сите да живееме поубаво. Никој нема право со својата неодговорност да го погазува тој придонес. Ние продолжуваме со истата решителност. Ги повикувам сите сограѓани да почнеме од својот праг, од својата улица, од паркот во кој ги носиме децата. Да го чуваме исчистеното и со сопствениот пример да поттикнеме уште некого да се приклучи. Дополнително, во употреба е пуштена и новата механизација, а низ Скопје веќе се поставуваат и новите 3.300 контејнери. Со ова ги зајакнуваме капацитетите за побрзо и поефикасно собирање и транспортирање на отпадот, за почисти улици и поуредени населби. Обезбедуваме опрема, работиме на терен и создаваме услови за јавна хигиена каква што скопјани заслужуваат. За нашето Скопје. За нашите деца. За град со кој ќе се гордееме – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека овие акции ќе се организираат двапати месечно, со цел заедничкиот труд да прерасне во трајна навика, а грижата за Скопје да стане дел од нашето секојдневие.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКлековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00Од денеска парно – ниските температури порано ја почнаа грејната сезона08:50
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарскиот амбасадор повикан во МНР - начинот на кој Михаилова била пречекана во Софија оценет за провокација15:00
НБАНов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста! Луксузните летови на Леброн Џејмс од Њујорк до Филаделфија предизвикаа сомнеж, човекот што ја разоткри големата афера повторно истражува!Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, „големиот“ Леброн Џејмс користи хеликоптер на „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија, а трошоците се покриени со договор за спонзорство потпишан во јануари 2024 година. Овој договор предизвика огромно внимание од познатиот новинар Пабло Торе, чие претходно истражување ја потресе НБА-лигата и доведе до изрекување казни за тимот на Лос Анџелес Клиперс. Приватен хеликоптер, договор за спонзорство и сомневања за заобиколување на ограничувањето на платите! Леброн Џејмс се најде во центарот на нова контроверзија во НБА, откако се дозна дека ја користел авио-услугата на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија. Сега се поставува прашање што би можело да предизвика нова бура во американската кошарка: дали луксузниот превоз на Леброн е само дел од договорот за спонзорство, или постои причина НБА подетално да го истражи овој аранжман? Ова лето, легендарниот кошаркар пристигна во Филаделфија, каде што потпиша двегодишен договор со „Севентисиксерс“ (76ers) вреден околу осум милиони долари. Посебно внимание привлече одлуката на Леброн да не се пресели во овој град. Наместо тоа, „Кралот“ одлучи да живее во Њујорк, од каде што патува на тренинзи и на натпревари со хеликоптер. И тука започнува приказната што го привлече вниманието на американските медиуми. Џејмс има на располагање хеликоптер на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics), а трошоците за превоз се покриени со неговиот спонзорски договор со оваа компанија. Според порталот „Фронт офис спортс“ (Front Office Sports), леталото направило дури 12 повратни летови меѓу Њујорк и Филаделфија во текот на една недела! LeBron James’ helicopter arrives to pick him up from Sixers practice: https://t.co/c08vHPwm7G — Adam Aaronson (@SixersAdam) October 7, 2026 Колку е скап овој начин на патување најдобро покажува податокот дека цената на чартер-лет со хеликоптер меѓу овие два града се проценува на 6.000 до 9.000 долари во еден правец, според „TMZ Sports“. Летот трае приближно 30 до 45 минути, додека патувањето со автомобил може да одземе од час и половина до два часа, во зависност од сообраќајот. За Џејмс, кој на 41-годишна возраст е една од најголемите ѕвезди во светската кошарка, овој вид транспорт значи повеќе време за одмор и за обврски надвор од теренот. Сепак, кога ќе се дознае дека трошоците не ги покрива директно играчот, туку компанијата со која тој има повеќегодишен комерцијален договор, се поставуваат прашања за вистинската вредност на поволностите што тој ги добива. Претставникот на Џејмс потврди дека пристапот до корпоративната авијација е дел од договорот со „Fanatics“, потпишан уште во јануари 2024 година, додека кошаркарот настапуваше за „Лос Анџелес Лејкерс“. Според тоа, врз основа на досега објавените информации, станува збор за аранжман што постоел пред неговото доаѓање во Филаделфија, а не за поволност што директно му ја понудил новиот клуб. Прашањето за вредноста на таквите поволности и нивната усогласеност со правилата на НБА беше она што го привлече вниманието на Пабло Торе. Истражувачкиот новинар, чиј подкаст ги разоткри финансиските врски во случајот меѓу Каваи Ленард и „Клиперс“, на 13 октомври потврди дека неговиот тим внимателно ја следи приказната поврзана со хеликоптерот на Џејмс. На настанот „Front Office Sports Tuned In“, Торе откри дека сопствениците на НБА-клубовите стапуваат во контакт со него, испраќајќи му пораки во врска со овој аранжман и прашувајќи го што всушност се случува. Ова дополнително го поттикна интересот за случајот. Сепак, Торе сè уште нема објавено конечни заклучоци, ниту пак потврдил дека сигурно ќе следи посебен серијал истражувачки прилози за Џејмс. Во НБА постојат строги правила што ги спречуваат клубовите да им обезбедуваат скриени дополнителни надоместоци на играчите со цел да се заобиколи ограничувањето на платите. Оттука, се поставува прашањето дали погодностите што произлегуваат од големата пазарна вредност – а кои играчот ги ужива додека настапува за одреден клуб – можат да доведат до слични дилеми.Тагови: Леброн Џејмс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook