Девојката, која го истетовира името на своето момче на челото, повторно шокира: Се премислив - Канал 5

Девојката, која го истетовира името на своето момче на челото, повторно шокира: Се премислив

Инфлуенсерката Ана Стансковски стана вирална откако објави видео на кое се гледа како го истетовирала името на своето момче среде челото и објавила дека не се кае за својата одлука.

Девојката, која го истетовира името на своето момче на челото, повторно шокира: Се премислив

Стансковски, која има бројни тетоважи по целото тело, објави ново видео и ги шокираше сите кога призна дека се работи за лажна тетоважа, која потоа ја избриша од челото.

"Сè што сакам да кажам е дека се каам за мојата тетоважа... но не за оваа. Затоа што навистина не е вистинска тетоважа. А причината поради која го излажав целиот интернет е затоа што имам порака за младите луѓе и сите луѓе кои сакаат да се истетовирам“, рече таа на видеото што е прегледано дури 32 милиони пати.

„Сакам сите да знаат дека се каам за моите тетоважи, а можеби и вие ќе се каете за вашите кога ќе остарите. На социјалните мрежи, првото нешто што го забележувате кај мене се моите тетоважи. Значи, ако сакам да влијаам на луѓето, сакам да влијаам на нив на вистински начин“, објаснила таа.

@anastanskovsky I regret my tattoo 😔 #facetattoo #tattoo ♬ original sound - Ana Stanskovsky

Видеото од нејзината исповед предизвика бурни реакции, а имаше и интересни коментари.

„Прекасно, веќе имам тетоважа на челото“, се пошегувал еден тиктокер, а друг додал: „Што да правам сега со тетоважата „Кевин“ на челото?

„Не ни мислев дека имаш вистинска тетоважа“, ѝ напишал трет следбеник, а некој рекол: „Не жалам за ниту една моја тетоважа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер