Девојка за малку ќе останеше сосема гола, ја „соблече“ безобразен галеб (ВИДЕО) - Канал 5

Девојка за малку ќе останеше сосема гола, ја „соблече“ безобразен галеб (ВИДЕО)

Инфлуенсерката Леле Понс објави урнебесен клип од плажа, каде имала „блиска средба“ со галеб.

Девојка за малку ќе останеше сосема гола, ја „соблече“ безобразен галеб (ВИДЕО)

Кадрите предизвикаа големо внимание, но во исто време ја поделија јавноста, пренесува The Sun.

Во видеото гледаме девојка како позира на песочна плажа. Еден од галебите се фатил за врвката, па Леле за малку ќе го изгубила костимот за капење.

Шокирана, инфлуенсерката се покрила со рацете и ѝ викала на „безобразната“ птица, додека нејзините пријатели не можеле да престанат да се смеат.

Сепак, не сите корисници се убедени дека видеото е автентично, што сугерира дека се работи за компјутерска анимација.

„Како може некој да мисли дека ова е вистина?“, „Човекот што ја монтира снимката е мајстор“, гласеа дел од пораките.

Инфлуенсерката која живее во Мајами го сподели видеото со својата армија обожаватели на Инстаграм, каде ја следат 54 милиони луѓе, а на скептиците им порача дека „галебот е платен актер“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

По растот на цената на нафтата на светските берзи премиерот Мицкоски уверува дека граѓаните не треба да се грижат и дека  Македонија и натаму ќе остане со најевтини горива во регионот. 

Горивата засега остануваат најевтини во регионот, Владата ја следи состојбата на светските пазари

Граѓаните можат да бидат спокојни, земјава и понатаму ќе остане со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивата во регионот, порача премеирот Христијан Мицкоски - откако цената на нафтата на светските берзи се искачи на над сто долари за барел, поради конфликотот на Блискиот Исток. Новите цени на горивата Регулаторната комисија ќе ги соопшти утре, а доколку има потреба премиерот уверува дека Владата веднаш ќе интервенира.

„Ја следиме состојбата со нафтата на светските пазари и сè уште остануваме земја со убедливо најниски цени на бензините и дизел горивото во регионот. Доколку биде потребно, ќе реагираме како што реагиравме и досега, иако станува збор за берзански производи чии цени зависат од движењата на светските пазари, а не од тоа дали некој е подобар претприемач или подобар политичар“

Во однос на новите царини од страна на САД и тоа што соедна Србија е привремено изземена од нив, Мицкоски појасни дека и Македонија не е опфатена со ваквите дополнителни царини, но дека тоа на значи дека ниту Србија, ниту Македонија нема да плаќаат никакви царини кон САД. Потенцираше дека треба да се направи разлика меѓу редовните царински давачки и дополнителните царини што Вашингтон ги воведе за дел од земјите.

„И ние не сме меѓу 60-те држави на кои им се воведени дополнителни обврски, но тоа не значи дека немаме царини. Истото важи и за Србија и за другите земји што не се на таа листа. Ние ги цениме односите со САД како наш стратешки партнер и сметаме дека конечно можеме да соработуваме онака како што доликува на две партнерски држави. Не правиме естрада од тоа, туку водиме нормална и одговорна политика“

Мицкоски појасни и дека седумте милиони евра кои Владата ги позајмила од М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и Јавното претпријатие за државни патишта ќе бидат искористени за сервисирање на обврски кон кинеска банка за изградбата на автопатите. Нагласи и дека станува збор за вообичаена процедура која многупати во минатото била применувана и дека средвата уште следниот месец ќе им бидат вратени на компаниите. Веќе утре пред пратениците ќе се најде и ребалансот на буџетот, а за кој се поднесени десетици амандмани од опозицксите партии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.

Јанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село Возарци

Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење.

Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 год

Денес, со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

Мицкоски: Со длабока почит и пиетет, се сеќаваме на жртвите од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 год

Тој трагичен ден остави неизбришлива болка, но истовремено покажа дека кога сме обединети, можеме да ги надминеме и најголемите предизвици. Солидарноста што тогаш ја покажаа граѓаните и помошта што пристигна од целиот свет засекогаш го вградија Скопје меѓу градовите што ја претворија трагедијата во симбол на надеж, достоинство и заедништво.

Денес наша обврска е да го чуваме тоа наследство, да градиме посилна, побезбедна и поразвиена држава, во која животот, безбедноста и доброто на граѓаните ќе бидат највисок приоритет.

Нека е вечен споменот на сите што ги загубија животите.

Скопје памети. Македонија не заборава, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер