3Мицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓаните
ЖивотДевојка продала 10 милиони производи за една недела, има неверојатна тактика (ВИДЕО)Младата девојка од Кина по име Женг Ксијангксианг има повеќе од 530 милиони следбеници на популарната платформа Douyin, а неодамна се најде во центарот на вниманието на медиумите.Таа за седум дена продала повеќе од 10 милиони производи благодарение на нејзината необична тактика пред камерите. Се верува дека вкупната добивка изнесувала 12,6 милиони евра! Која е нејзината тајна? Женг го претставува секој производ во рок од две до три секунди, како на подвижна лента, пренесува Yahoo News. Со други зборови, потенцијалните клиенти добиваат малку информации за производот. Претежно се работи за евтини предмети, чевли, облека, закачалки и други предмети за домаќинството, чии цени се движат од три до 11 долари. Не е познато кога девојката ја снимила неверојатната распродажба, но платформата Douyin оттогаш ги променила правилата, поточно забранувана онлајн продажба со малку или без информации за производот. Се нагласува дека прекршувањето на правилата, кои стапија на сила на 27 октомври, може да резултира со парична казна и раскинување на сметката. На други платформи се појавија видеа од Женг како ги презентира производите, а не сите се ентузијасти. Така, еден корисник на Јутјуб коментирал дека не ја гледа јасно облеката, бидејќи „само дел е изваден“ од кутијата. „Дали некој навистина го купува ова?“, прашал тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: Градскиот парк го враќа својот сјајЕкипите на јавните претпријатија на Град Скопје го расчистија првиот дел од Градскиот парк од последиците на силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите. Интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде што се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници. „Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот“, вели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Силното невреме што пред неколку дена го зафати Скопје остави сериозни последици низ целиот град, а еден од најпогодените простори беше токму Градскиот парк. Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаДо еден час чекање на Табановце и БогородицаПразничниот и продолжен викенд, во кобинација со екстремно топлото време ги натера граѓаните разлагувањето да бараат надвор од градовите. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила е забележана и на дел од граничните премини. На граничниот премин Табановце за влез во државата, како и на Богородица за излез од земјава, има зголемено движење на возила. Времето на чекање се движи од околу 30 минути до еден час. На останатите гранични премини, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. од амсм апелираат до возачите да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои можност за појава на одрони.Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Доделени новите социјални станови во Дебар, продолжуваме со инвестиции во проекти за граѓанитеЗа мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект.Премиерот Христијан Мицкоски во Дебар пушти во употреба зграда со социјални станови. „Добар ден и од мене. За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на многу семејства коишто ќе го користат овој станбен објект. Јас можам да им посакам многу среќа и здравје, пред сè, и што подолговечно да си ги користат овие домови и тие домови да им бидат мир, да им бидат спокој, да им бидат утеха тогаш кога е потребно, а ние како Влада ќе продолжиме во периодот којшто следи и дополнително да инвестираме во вакви проекти. Би сакал да му се заблагодарам на директорот, којшто со својата посветена работа и тимот којшто го има околу себе, еве, испорачува и реализира проекти — нешто коешто е многу важно. Исто така, би сакал да му се заблагодарам и на градоначалникот за работата којашто ја врши овдека во Дебар, на сите оние коишто ја поддржуваат работата во рамките на Советот, работата на градоначалникот, на администрацијата, се разбира, без којашто не можат овие проекти да се реализираат, на потпретседателот на Владата и министер за транспорт, како и на колегите од Владата коишто ги поддржуваат овие проекти. Ние како Влада се обврзавме дека ќе реализираме проекти за граѓаните. За жал, не можеме нешто што со децении било запоставувано да го решиме преку ноќ, но се трудиме, се трудиме да ги реализираме тие приоритети, да не создаваме нови проблеми, а дел од наследените предизвици веќе ги решаваме. Еден од тие предизвици е и овој објект, но и сите оние 22/23 проекти коишто ги спомна потпретседателот на Владата и министер за транспорт, коишто заедно со градоначалникот на општината ги работиме и ги решаваме овдека во Општина Дебар. Инаку, Македонија се гради, повеќе од 1.200 градилишта имаме ширум државата и тоа е добро. Планираме и во следната година, нешто слично како Влада, со децентрализирање на средства од буџетот да финансираме проекти во општините. Така што, еве, уште еднаш благодарност до сите овие луѓе коишто денеска се со нас, а на корисниците на становите уште еднаш им честитам и им посакувам уште многу убави моменти да си поминат во нив, изјави Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook