ЖивотДевојка по 3 дена се разбудила од кома-верува дека го видела рајот и зборувала со починати луѓеМариандри Карденас (24) доживеала застрашувачко искуство во ноември 2023 година, кога почнала да се гуши, а неколку моменти подоцна изгубила свест.Пред да ѝ се стемни пред очи, успеала да им остави порака на мајка си и брат ѝ кои набрзо пристигнале да ја најдат на подот. Бидејќи боледувала од астма, веднаш била префрлена во болница, а лекарите ја ставиле во вештачка кома. Драмата на оваа девојка и нејзиното семејство траела три дена, по што таа се разбудила и раскажала неверојатна приказна: „Немав контрола над моето тело. Последното нешто што го слушнав беше „таа нѐ остави“. Во еден миг се појавив на друго место, полно со светлина, но без сонце, месечина и ѕвезди. Седев на долга маса полна со храна, а до мене имаше луѓе кои немаа тела, туку беа направени од светлина“, вели таа. Нејзината приказна ја пренесоа бројни медиуми, а Мариандри, како што тврди, тогаш го „запознала својот творец“. „Никој не зборуваше со глас, туку комуницираше со своите мисли. Така и јас комуницирав. Не се сеќавав на мојот минат живот, семејството или Земјата, како никогаш да не постоела. Чувствував голема љубов кон суштествата на светлината, како да се дел од мене. И пред сите нас седеше Бог“. Мариандри продолжи да објаснува, а деталите ги пренесува The Sun. „Знам дека тоа беше Бог бидејќи тој ја претставуваше најголемата светлина. Не му го видов лицето, но тој беше среќен и насмеан. Ме одвои од другите и рече дека морам да се вратам дома. Го прашав зошто, а тој ми објасни дека моето време не е дојдено“. Девојчето тврди дека „во рајот била“ три часа, додека на Земјата три дена. Недолго потоа била пуштена на домашно лекување. Мариандри денеска целосно закрепна, а и понатаму верува дека „го запознала Бога“. „Не мислам дека тоа беше делириум. Тоа е нешто што морав да го доживеам, бидејќи Господ така сакаше. Ме избра мене да ми покаже што се случува после смртта. Се чувствувам како да сакаше да сподели време со мене, а потоа ме врати“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter