Девојка од Флорида преживеала напад од ајкула, ќе мора да и ја ампутираат ногата

Адисон Бетеа (17) собирала школки во морето во близина на плажата Китон во американската сојузна држава Флорида кога била нападната од ајкула, јавува Си-Ен-Ен.

"Не знаев што да правам, но знаев дека треба да ја удриш ајкулата во носот за да ја тргнеш од тебе", вели Адисон.

Таа почнала да вика помош, а нејзините крици ги слушнал нејзиниот брат Рет Вилингем, кој случајно е пожарникар и техничар за итна медицинска помош.

"Слушнав како вреска. Не ја видов, а потоа таа почна да излегува од водата и видов ајкула и многу крв, а потоа стигнав до неа и ја тргнав ајкулата од неа", вели Рет.

Ќе мора да и биде ампутирана ногата

Откако ја совладал ајкулата, го запрел нејзиното крварење и ја однел на копно. Трауматскиот тим на локалната болница ја стабилизирал, а хирург извршил итна операција за да и го врати протокот на крв во ногата.

И покрај максималните напори на лекарите, утре ќе мора да и биде ампутирана ногата над коленото.

"Ќе биде многу полесно на крајот. Возбудена сум поради тоа, да бидам искрена. Уморен сум од седење во кревет", вели Адисон опкружена со плишани ајкули.

„Сите што ме познаваат знаат дека наоѓам хумор во сè, обожавам плишани ајкули. Само ја осветлувам ситуацијата“, изјави таа за Си-Ен-Ен.

Костадиновска-Стојчевска од Струга: СДСМ за 52% ги покачи платите во културата

,,Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. “

,,Останувањето на европскиот пат, значи дека и сегашните генерации ќе ги почувствуваат придобивките. Континуирано ги зголемуваме минималната и просечната плата, Владата предводена од СДСМ беше посветена на тоа без оглед на ефектот од ковид кризата и економската криза, и ќе продолжиме со уште позасилено темпо со секој чекор на приближување до ЕУ”, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коносителка на листата во изборна единица 5, Бисера Костадиновска Стојчевска на трибината во Струга.

Таа додаде дека ќе се зголемат и можностите за подобра грижа за нашите пензонери, за нашите мајки и татковци, баби и дедовци, тие кои го вложиле својот труд и ја граделе нашата земја.

,,Во досегашниот мандат за 30%ја зголемивме просечната пензија, а за 50% минималната. И се обврзуваме до 2028 година просечната пензија да достигне 30 илјади денари. Затоа ни помладите, ни повозрасните не смеат да потпаднат под манипулациите, под илузиите дека има вакви или такви алтернативи на членството во ЕУ.

Костадиновска-Стојчевска пред стружани укажа дека во овие клучни моменти ,,пред нас повторно стои важната задача да останеме на европскиот колосек и да не дозволиме да се врати изолацијата, неизвесноста, пропуштените шанси за развој и мирен соживот”.

Потпретседателката на СДСМ потенцираше дека сега е најважно ,,да не се погреши кај главното, да не се изгуби едиствениот пат кој гарантира подобар стандард за секој граѓанин, посредено општество, подобри услови за младите да останат дома и тука да се развиваат и себеси и својата татковината”.

,,Дури и на тие што свесно го отежнуваат напредокот кон ЕУ, јасно им е дека само членството во Унијата е начинот на кој нашите луѓе вистински ќе почувствуваат придобивки кон подобро во секој поглед, и економски, и во образованието, и во туризмот и во функционирањето на институциите на системот”, додаде таа.

Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека граѓаните се доволно свесни за ризиците кои ги носат политичари што не покажаа чувство за државата ниту во најкризните моменти во изминатиот период.

,,Точно е, има алтернативи, но секоја од нив значи неизвесност, уназадување на демократијата, нула шанси за развој. И затоа, сигурна сум дека граѓаните ќе покажат висока свест на овие избори и ќе знаат да препознаат што е конкретна понуда, кој настапува со јасни и зацртани цели за подобар живот за сите граѓани, а кој сее ветер и магла и сака да ги превесла граѓаните со лажни приказни, рече потпретседателката на СДСМ и коносителка во изборна единица 5, Костадиновска-Стојчевска.

Таа изрази сигурност дека граѓаните ќе го направат вистинскиот избор на парламентарните избори и дека ќе се гордеат со нашиот претседател Стево Пендаровски, на кого повторно ќе му ја дадат довербата, затоа како што кажа Костадиновска-Стојчевска ,,Стево е пример за претседател од народот и за народот, човек со свој глас и став, политичар кој мисли на сите граѓани и подеднакво ги почитува без оглед на политичките и други разлики, човек со државничка свест, кој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија”.

,,Нашиот Стево нема вистинска конкуренција на овие овие избори и затоа нашиот Стево Пендаровски треба да биде претседател”, нагласи потпретседателката на СДСМ Костадиновска-Стојчевска на денешната трибина во Струга, се наведува во партиското соопштение.

Ибрахим нема раце, па сепак учествува на врвните светски натпревари во пинг-понг (ВИДЕО)

Египќанецот Ибрахим Хамаду (51) стана интернет сензација, откако на платформата Јутјуб беше објавено видеото „Ништо не е невозможно“.

Потоа го покажа својот талент како специјален гостин на Светското првенство во пинг-понг во 2014 година, кое беше организирано во Јапонија.

Две години подоцна, Ибрахим беше подготвен за светската сцена. Учествуваше на Параолимписките игри во Рио, каде ја претставуваше својата земја.

Ги загуби двата меча, но стекна почит и ја воодушеви публиката со својот уникатен стил на игра.

Ибрахим ги загубил рацете во несреќа, но тоа не го спречило да се бори за своите соништа. Неговата приказна никого не остава рамнодушен.

Како десетгодишник ги загубил рацете во железничка несреќа. Сè уште се сеќава како се заинтересирал за пинг-понг.

-Ги гледав моите пријатели како играат, а еден од нив ме задеваше дека никогаш нема да можам да земам рекет. Тогаш си поставив предизвик.

Во текот на 1986 година тој посериозно се заинтересирал за оваа дисциплина и му требале три години да ги воспостави темелите на својот необичен стил.

Секој ден вежбал сам, поставувајќи маса пред ѕидот.

- Тренирав два пати на ден, рано наутро и доцна навечер. Го избрав ова време бидејќи живеев на село. Бев срамежлив и не сакав луѓето да ме исмејуваат.

Така, Ибрахим го држи рекетот во уста и ја сервира топката со десната нога. Затоа не е изненадување што привлекува огромно внимание на меѓународната сцена - и подеднакво ги привлекува медиумите и публиката.

Три децении подоцна, тој се натпреваруваше во Рио, а потоа и во Токио 2020 година, каде што повеќе се фокусираше на перформансите. Покрај тоа што играше во сингл, тој стигна до четвртфиналето во машката екипна класа со 6-7.

Ибрахим учествуваше и на други спортски настани, како што е Африканското првенство во 2022 година, каде што освои сребрен медал.

Храброста и уникатниот стил го направија познат, но мораше да размислува и за последиците. Во пресрет на Параолимписките игри во Токио замина на лекување, со поддршка од бројни организации, а најголема грижа му беа забите.

- Воопшто не е лесно. Особено е предизвик што мојата техника врши притисок врз грбот, нозете и забите. Се обидов да користам штитник, но не можев да го држам рекетот како што треба, па го оставив - објасни спортистот од Египет.

Денеска, четири месеци пред летните игри во Париз, Ибрахим сонува нови соништа и заедно со сопругата одгледува три деца.

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен мораториум во главата на Мицкоски е мораториумот за интеграција на државата во ЕУ. 

Исто како што го блокираше изминативе две години, тој е спремен да го одложува членството во ЕУ уште 11 години, исто како што правеше неговиот ментор Груевски. Наместо национално единство за мораториум, на Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ. Тоа е вистинскиот пат за промени и токму тоа е одлуката што вие треба да ја донесете на овие избори, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Струга.

Едната опција се Мицкоски, Силјановска и ДПМНЕ со мораториум за ЕУ, а другата опција се СДСМ и Стево Пендаровски кои нема да се откажат од нашата европска иднина, додаде Ковачевски.

Претседателот на СДСМ нагласи дека ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски е истото ВМРО ДПМНЕ кое на чело со Груевски 11 години ја зароби државата внатре, а ја изолираше надвор.

-Тие нема да успеат да ја придвижат државата кон ЕУ, а потоа ќе ја обвинуваат Европската Унија за сѐ. Спремни се Македонија уште 100 години да не влезе во ЕУ, дециден беше Ковачевски.

Нашиот главен фокус останува членството во Европската Унија. ЕУ е единствената шанса Македонија да се промени и да напредува.

Едноставно, друг начин нема, друга опција не постои. Со членството во ЕУ ќе се случи вистинска и суштинска промена кон подобро во нашата земја, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на предизборниот митинг во Струга, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер