Девојка нападната од непознат маж додека седи на клупа - Канал 5

Девојка нападната од непознат маж додека седи на клупа

Реакцијата на минувачите предизвика дополнителни кометари 

Девојка нападната од непознат маж додека седи на клупа

Кавга со дечкото во јавност може да биде крајно непријатна работа, особено ако ескалира во расправија што го привлекува вниманието на другите. Сепак, девојките често се соочуваат со навреди и вербално малтретирање од лица што не ги познаваат. Со тоа „се соочила“ и една девојка што била нападната од момче додека седи на клупа.

Во снимката објавена на Тикток, се гледа дека на девојката ѝ е непријатно и се трга подалеку од напаѓачот, но тој е упорен сè додека не му се обрати човекот што седи покрај нив. Тој го предупреди дечкото да се тргне бидејќи девојката се плаши, но тој не го слуша и му вели дека таа му е девојка и дека не се плаши. Во следниот момент, човекот тргнува кон него и физички го оттурнува.

Станува збор за социјален експеримент споведен со цел да утврди дали минувачите би помогнале на непознат во неволја доколку му треба помош. Во следното видео, една жена без да знае дека од неа се очекува реакција во оваа непријатна сиуација, по кратка постапка вербално се пресметува со напаѓачот и може да се каже дека му „одржа лекција“.

- Како се вика? - се слуша како го прашува.

- Алиса - одговара дечкото.

- Не се викам така - додава девојката.

- Станувај! Станувај! Не те познава! Има да ти ја удрам една в лице! Ќе повикам полиција, стани и оди си! Оди си! - се слуша револтираната жена.

На сите кадри каде е скриена камерата за минувачите, мажите изреагирале на вистински начин. Тие тргнале во одбрана на девојката, некои тоа го направиле вербално, а други веднаш реагирале физички, ставајќи му до знаење на дечкото „да не си игра“. Иако многумина денес можеби би премолчеле и не би влегле во расправија, туку би се завртеле, сепак овие луѓе покажаа дека добрината сè уште постои и дека луѓето се подготвени да помогнат.

- Сè уште постојат добри луѓе! Таму сме! -

- Неверојатно е како сите сакаа да ѝ помогнат, ми се допаѓа!-

- Добри луѓе, и јас би го направила истото!

- Прекрасни луѓе. Ми е допаѓа како изреагираа -

- Ова е потребната вибрација - коментирале луѓето на Tикток.

Многумина се согласија дека е неверојатно што луѓето застанале да ја заштитат сосема непознатата девојка.

Некои прокоментирале дека е интересно да се видат толку многу луѓе подготвени да се справат со такви насилници, но во реалноста сепак тоа не е случај и дека луѓето се однесуваат поинаку кога се сведоци на таква сцена.

– Ова ме прави малку посигурна – заклучила една корисничка на Тикток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Светската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени).

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот.

„Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“

Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена.

Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме.

Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи.

„Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА.

Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.

Земјотрес во Италија близу Неапол,  21 повреден, двајца во критична состојба (

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“.

Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси.

Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер