Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
1Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотДевојка изгуби рамнотежа и падна врз ајкула- и двете се преплашија (ВИДЕО)Неколку пати сме пишувале за „блиски средби“ меѓу луѓе и ајкули, кои често имале фатален исход.Овој пат, приказната има примеси на комедија, бидејќи главниот лик останал неповреден. Се случило пред неколку години, но повторно и повторно се ажурира на мрежите. На страницата TikTok @boaznamia е објавено видео, снимено на брегот на израелскиот град Хадера, на кое се гледа девојка на даска за сурфање. Во нејзина близина има ајкула, а девојката во еден момент губи рамнотежа и паѓа во морето директно врз ајкулата! @boaznamia Shark attack! #shark #sharkattack ♬ צליל מקורי - Boaznamia Видеото го снимил Боаз Намија Коен, кој рекол дека девојката е неповредена, пренесува Yahoo.News.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБожиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорностМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини бара доследно спроведување на препораките од ревизорските извештаи во енергетскиот секторМинистерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, на која во фокус беа резултатите од спроведените ревизии во институциите и субјектите поврзани со секторот енергетика, утврдените состојби и мерките за нивно надминување. По барање на министерката Божиновска, Државниот завод за ревизија во изминатиот период спроведе ревизорски постапки во институции од енергетскиот сектор. На средбата беа разгледани информациите содржани во ревизорските извештаи, констатираните пропусти и слабости, како и препораките дадени од Државниот завод за ревизија за нивно надминување. „Ревизорскиот извештај не смее да биде последниот чекор. Напротив, тој мора да биде почеток на конкретни промени. Секоја забелешка, секоја препорака и секоја констатирана слабост мора да добијат институционален одговор и јасен рок за постапување. Нашата обврска е да воспоставиме систем во кој ќе се следи што е направено, што не е направено и зошто“, истакна министерката Божиновска. На средбата беше разговарано за воспоставување поефикасен механизам за следење на реализацијата на ревизорските препораки, со јасно дефинирани активности и одговорности на институциите. Министерството ќе побара од надлежните институции и органи во секторот енергетика да подготват акциски планови за спроведување на препораките од ревизорските извештаи, со конкретни мерки, рокови и одговорни лица, со цел утврдените состојби да бидат системски надминати. „Неопходно е препораките на Државниот завод за ревизија да не останат само констатации на хартија. Ќе бараме конкретни активности, рокови и отчетност од институциите. Само така можеме да зборуваме за одговорно управување со јавните средства, поголема ефикасност и институции кои работат во интерес на граѓаните“, нагласи Божиновска. Главниот државен ревизор Максим Ацевски ги презентираше клучните наоди и препораки од ревизиите, при што беше истакната важноста од навремено постапување на субјектите на ревизија и надлежните органи, како и од воспоставување механизми за следење на степенот на реализација на дадените препораки. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Државниот завод за ревизија ја потврдија потребата од продолжување на институционалната координација, со цел ревизорските наоди да имаат реален ефект врз подобрувањето на работењето на институциите во енергетскиот сектор. Целта е јасна – повеќе ред, поголема отчетност и конкретни резултати во управувањето со институциите и ресурсите во енергетскиот сектор. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
АвтомобилизамТакси без возачи од денес на улиците на ЗагребЗагреб влезе во нова фаза на тестирање на автономно возење: Верне и кинеската компанија Пони.аи започнаа тест возења на роботакси без возач и без оператор за безбедност во возилото.Автомобилите моментално возат на делница од 22 километри што ја поврзува деловната зона Бузин со аеродромот Фрањо Туѓман. Компаниите наведуваат дека ова е прв тест од ваков вид на јавни патишта во Европа. Досега, роботаксито на Верне имаше присутен оператор за безбедност за време на комерцијалните патувања кој можеше да ја преземе контролата. Сега тој го нема, но возилото го управува систем за автономно возење, додека операторите на Верне го следат возилото од далечина, објавува Јутарњи лист. Важно е да се напомене дека оваа фаза сè уште не е достапна за корисниците. Не е можно да се нарача возење без оператор преку апликациите Верне или Убер. Ова е тест што постепено ќе се прошири на подрачјето каде што Верне веќе обезбедува услуги во Загреб. Тројно партнерство Вернe е компанија од екосистемот на Матe Римаc, додека технологијата за автономно возење ја обезбедува кинеската Пони. Убер е трет партнер, а неговата апликација треба да овозможи нарачување роботски такси во иднина. Верне објави дека неговите возила поминале повеќе од 200.000 километри во неколку илјади патувања со корисници од почетокот на комерцијалното работење во април. Просечната оценка на патниците е 4,7 од 5. Компанијата тестира и нова конфигурација на кабината. Совозачкото седиште е отстрането, ослободувајќи дополнителен простор за багаж и голем екран. Функциите на возилото и кабината се контролираат преку централен екран на допир помеѓу задните седишта. Целосно автономното возење засега е во фаза на тестирање, но неговото воведување претставува важен чекор кон комерцијални роботски такси без човек зад воланот.Тагови: Загреб роботакси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривична пријава за 48-годишен скопјанец поради напад врз поранешна партнеркаНа 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка.Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С. (48) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик. На 09.09.2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал неговата 46-годишна поранешна партнерка. По преземени мерки и активности, од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од осум дена.Тагови: кривична пријава Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook