Девојчиња од 13 год.завршувале со абортус, доктори апелираат да се воведе сексуално образование - Канал 5

Девојчиња од 13 год.завршувале со абортус, доктори апелираат да се воведе сексуално образование

13 годишна девојка е најмладата пациентка на клиниката за гинекологија и акушерство која имала аборутс минатата година. Годишно околку 100 девојки под 20 годишна возраст абортираат.

Девојчиња од 13 год.завршувале со абортус, доктори апелираат да се воведе сексуално образование

Стапката на бременост на девојки од 15 до 19 години се уште е многу висока, соопштуваат од асоцијацијата на гинеколози МАГО. Овие податоци се аларам дека секусулано образование мора да има, вели професорот Тофоски.

„Најчесто младите се информираат од интернет. Тие не знаат дека и со првиот сексуален однос може да има бременост. Има девојчиња со бременост и на 11 години“, вели проф.др Глигор Тофоски претседател на МАГО .

Според истражувањето на МАГО многу мал број од младите побарале совет за сексуалниот живот, а најголем дел не користат никаква заштита за превенција од бременост и сексуално заразни заболувања.

Гинекологот Тофоски објаснува дека позитивно е што во Македонија ја има новата деветто валентна вакцина против секусуално преносливот вирус ХПВ. Вакцината треба да ја примаат и девојчиња и момчињата. ХПВ вакцината се прима од 12 годишна возраст, бидејќи тогаш најбрзо се создава имунитетот. Исто така ХПВ може да се примаат и возрасните заради заштита на карцином и исто така и мајките заради пренос на вирусот кај детето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

Наскоро полициски возила со камери ќе мерат брзина во движење и ќе ги казнуваат оние кои возат пребрзо, најави министерот за внатрешни работи Тошковски. 

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

На критичните сообраќајни точки се прават анализи и ќе бидат поставени дополнителни мобилни уреди кои ќе го следат сообраќајот. Тошковски најави и дека до крајот на годината се очекува на адреса на граѓаните да стигнувасат и казни за погрешно запирање или паркирање на улиците и булеварите.

– Предлогот којшто го добивме од експертите е во постоечките возила коишто ги имаме да исталираме камери, коишто камери ќе можат да ја детектираат брзината, а тие може да се постават било каде, може во од, во движење да констатираат. Наредниве месец, месец и половина сигурен сум дека ќе отпочнеме со достава до оние кои не го почитуваат правилата, во рамки на истиот систем значи преку СМС пораки, и на оние коишто погрешно паркираат и запираат, особено во рамки на главните крвотоци во рамки на главниот град,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Тошковски на денешната тематска прес-конфеенција соопшти дека проектот „Безбеден град“ ја освоил наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи, во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи...

Доказ за успешноста, рече, е и статитиката, која годинава покажува 34 загинати помалку... За 10 месеци лани на патиштата згаснале 108, годинава 74 животи.

– Тошковски вели дека целта на проширување на опсегот на системот безбеден град е да се превенира, а не да се полни буџетската каса. зборува за критичарите... изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Нареден град во кој ќе се применува системот Сејф Сити е подрачјето на СВР Струмица, а до крајот на годината се очекува системот да профункционира и во СВР Штип.

Псоледен регион што ќе остане е подрачјето на СВР Битола, кое се очекува да биде покриено со ситемот најдоцна до февруари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во Бугарија

Катастрофални последици од двете верижни сообраќајки на автопатот „Тракија“ во Бугарија што рано утринава се случија кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија. 

Најмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во Бугарија

Вкупно 86 возила учествувале во судирите, а билансот е 11 загинати и 50 повредени лица.

Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но една од причини за трагедијата која се посочува е густата магла, поради која видливоста на автопатот во одреден момент се намалила на само десет метри. Деталите од трагедијата ги соопштија претставници на бугарското МВР на брифинг на местото на несреќата. Според нив, во правец кон Бургас учествувале 63 возила, додека во спротивната насока се судриле 23 возила.

-Вкупно во верижната сообраќајна несреќа во двете сообраќајни ленти учествувале 86 возила – од кои 63 на коловозната лента во правец кон Бургас и 23 во насока кон Софија. Утврдени се вкупно 50 повредени лица, кои се распределени во три области – 28 во Сливен, 16 во Јамбол и 6 во Бургас. Утврдени се 10 загинати лица на самото место, а едно лице починало подоцна во болничка установа на територијата на Сливен,- изјави – Љубомир Николов – В.д главен секретар на МВР.

Страшни сцени, искршени автомобили и камиони, повредени луѓе заробени во возилата. Вака очевидците ја опишуваат драмата на автопатот. Според нивните сведоштва, густата магла дополнително ја отежнувала видливоста, а возачите во последен момент ги забележувале возилата пред себе.

Судирите се случувале еден по друг, без можност дел од учесниците во сообраќајот навреме да реагираат.

-Глетката беше ужасна. Помогнав колку можев, качивме неколку луѓе во амбулантните возила. Ја видов густата магла, јас возев доста бавно, успеав да запрам на време и го избегнав автобусот. Според мене возеа доста бргу. Ако јас возев со 60 км/час тие ме претекнуваа.

-Самиот ужас беше во автобусот внатре затоа што паѓаше од горе од прозорците, сите се скршија, паќаше стакло. Ние бевме еден преку друг, кој паднал кој се удрил, кој приклешетен и не може да излезе. И кога излеговме надвор почнавме да се оддалеќуваме од автобусот да не се запали.

-Не удри и не исфрли кон банкината, ја закачивме и таа кола и додека сите излеговме за неколку секунди сите коли се удрија во нас.

Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.

Веста за трагедијата бугарскиот премиер Румен Радев го затекна за време на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави ангажирање дополнителни ресурси за транспорт на повредените.

-Веднаш по слетувањето наредив министерот Демерџиев да замине со владиниот авион за Бургас, за да може да ги транспортира повредените до болниците во Софија. Резултатот во моментов е 11 загинати и 48 ранети. Остануваме целосно подготвени за евакуација на ранети од Сливен, Јамбол и Бургас во болницата во Софија,- изјави – Румен Радев.

Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден.

Продолжуваат градежните активности за изградба на нова училишна зграда при ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во текот на градежните активности за изградба на новата училишна зграда во рамки на ООУ „Гоце Делчев“ во населба Илинден, каде интензивно се работи на реализација на овој значаен капитален проект.

Градежните активности се одвиваат согласно предвидената динамика, при што целосно се завршени фасадните и лимарските работи, додека во тек се молерофарбарските работи, изведбата на водоводната и канализациската инсталација, како и работите поврзани со ПВЦ столаријата.

Со реализацијата на овој проект ќе се создадат современи и функционални услови за одвивање на наставата, а повеќе од 1.000 ученици ќе добијат можност да ја следат наставата во една смена, со што значително ќе се унапреди организацијата и квалитетот на образовниот процес.

Новиот училишен објект ќе се простира на површина од над 900 м², на два ката, и ќе располага со 10 училници, шест санитарни јазли, од кои два приспособени за лица со попреченост, лифт, наставничка канцеларија и две помошни простории.

При увидот, градоначалникот Георгиевски истакна дека вложувањата во образовната инфраструктура остануваат еден од главните приоритети на локалната самоуправа, со континуирани инвестиции во подобрување на условите во сите основни училишта на територијата на општината.

Изградбата на новата училишна зграда се реализира во соработка со Владата и Министерството за образование и наука и претставува значаен придонес кон создавањето современ, квалитетен и инклузивен образовен систем во Општина Илинден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер