Девојче од БиХ изработува „Барбики“ во народни носии - Канал 5

Девојче од БиХ изработува „Барбики“ во народни носии

Девојче од Босна и Херцеговина изработува балкански носии и народни украсни престилки за куклите „Барби“, надевајќи се дека ќе предизвика интерес за новата, тн. фолклорна „Барбика“, додека новиот филм повторно ја враќа оваа кукла во тренд во светот.

Девојче од БиХ изработува „Барбики“ во народни носии

Есма Глива од Сараево го почнала својот проект пред повеќе од еден месец откако во продавница за сувенири видела кукли „со несоодветни костими“, како што вели. Есма, инаку, пораснала во семејство на играорци, па научила доста и за различните етнички и верски традиции во Босна. Таа и самата е член на околната фолк-група.

- Тоа беа некои пластични кукли облечени во костими - не беа ни вистински кукли... Тие воопшто не беа облечени како што треба, вели 11-годишното девојче.

Пријателите и семејството на Есма велат дека таа го отелотворува духот на женската независност, самостојност, како и чувството за претприемништво изразени и во филмот. Девојчето вели дека своите кукли би ги нарекла „Босанска Барбика“, а планира и костими за босанскиот „Кен“.

Есма е многу прецизна во изработката на куклите, облечени во народни носии на босанските муслимани, православните и католиците. Таа обрнува внимание на фризурите, минијатурниот накит и секоја дрруга подробност. Добива нарачки и веќе испратила кукли и во странство - Чешка, Бугарија, Туркменистан, Норвешка, Велика Британија и други држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Министерот за правда, Јетон Шасивари, учествува на Меѓународниот самит за правда „Истанбул 2026“, кој се одржува на 8 и 9 октомври, во организација на Министерството за правда на Република Турција.

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул

Самитот ги обединува министрите за правда од повеќе земји, високи претставници на правосудните институции и меѓународните организации, претставувајќи значајна платформа за дијалог, размена на искуства и унапредување на меѓународната соработка во областа на правосудството.

Под мотото „Иднината на правдата: Заедничка одговорност за човештвото“, на Самитот ќе се дебатира за современите предизвици во правосудството, владеењето на правото, заштитата на човековите права и потребата од зајакнување на соработката меѓу државите во справувањето со глобалните предизвици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Убиена лекарката на британското кралско семејство

Докторката Хана Кејн, која лекувала членови на британското кралско семејство, е пронајдена мртва во својот дом во Дерсингам, недалеку од кралскиот имот Сандрингам. 

Убиена лекарката на британското кралско семејство

Нејзиниот сопруг е уапсен под сомнение за убиство. Кралот Чарлс и кралицата Камила исто така биле информирани за нејзината смрт, објавија британските медиуми.

Полицијата од Норфолк била повикана во домот на Хана Кејн, професионално позната како Хана Тери, кратко по два часот наутро на 4 октомври. Повикана била брза помош, а докторката била прогласена за мртва на местото на настанот, објавија денеска лондонски медиуми.

Нејзиниот сопруг, Марк Кејн, бил уапсен под сомнение за убиство и е во притвор во исчекување на истрагата. Полицијата подоцна добила наредба за продолжување на притворот за дополнителни 32 часа за да им се даде на истражителите повеќе време. Обдукција била извршена следниот ден.

Хана Кејн работеше во Медицинскиот центар Гримстон, кој објави дека привремено ги затвора своите врати по нејзината смрт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција.

Петрушевски: Со скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, Филипче јасно потврди дека нивното владеење со државата било полно со криминал и корупција

Во случајот со набавката на хеликоптери од „Леонардо’’, иако цената на набавката која ја направила Славјанка чинела 213 милиони евра, таа нагло рипнала за 37 милиони евра повеќе во 2024 година за време на техничка влада.

И тука Филипче јасно и гласно посочи дека станува збор за кривично дело и дека треба да се истражи. И му благодариме за признанието.

Но, исто вака гласен Филипче треба да е и за тоа како добил златна виза за Дубаи, како добивал автомобил од фирма која добива тендер за ископ на јаглен, треба да каже како менуваа ДУП во Дојран за изградба на фотоволтаична централа на фирма на неговиот брат и на братот на Заев.

Има многу признанија кои Филипче треба да ги истакне во јавноста, но се надеваме дека ова е само почеток и го охрабруваме да не молчи. Вистината излегува на виделина.

Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

YouTube video

https://we.tl/t-vwQAFhYQ9i69aYxe

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер