Деветти ноември и германската историја - ноќта на погромот и падот на Берлинскиот ѕид - Канал 5

Деветти ноември и германската историја - ноќта на погромот и падот на Берлинскиот ѕид

Деветти ноември е највпечатливиот датум во поновата германска историја. 

Деветти ноември и германската историја - ноќта на погромот и падот на Берлинскиот ѕид

(Дојче веле - Марсел Фирстенау)

Деветти ноември е највпечатливиот датум во поновата германска историја. Со тој датум се врзуваат и сеќавањата на ноќта на погромот во 1938 година и на падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година.

Од 1989 година, на 9-ти ноември се потсетува на настанот што го промени светот: падот на Берлинскиот ѕид. На 3 октомври 1990 година, Германија беше повторно обединета по 41 година поделба. Со исчезнувањето на втората диктатура на германско тло, со крајот на ГДР, од политичката карта исчезна целиот реал-социјалистички табор во Европа. Конфликтот Исток-Запад беше завршен. 9 ноември 1989 година беше судбоносен ден во историјата на Германија и Европа.

Крај на монархијата

Во германскиот историски календар, 9-ти ноември е повеќекратно важен датум. Во 1918 година, социјалдемократот Филип Шајдеман, од балконот на берлинскиот Рајхстаг, ја прогласил Републиката. „Работници и војници, бидете свесни за историското значење на овој ден. Се случија нечуени работи. Нè чека голема и непрегледна работа. Сè за народот, сè преку народот! Не смее да се случи ништо што ќе го обесчести работничкото движење. Бидете обединети, лојални и исполнителни! Старата и гнила монархија, пропадна. Да живее новото, да живее германската република“, објави Шајдеман. Со тоа тој го запечати крајот на монархијата на царот Вилхелм Втори.

На младата демократија во Германија ѝ беше тешко уште од самиот почеток. Левичарите и десничарите сакаа што побрзо да ја елиминираат. На 9 ноември 1923 година, националсоцијалистите маршираа кон Фелдернхале во Минхен. Водач беше Адолф Хитлер, кој десет години подоцна ќе ја преземе власта во Германија и ќе го втурне светот во најголемата катастрофа: Втората светска војна.

Запалени синагоги

На патот дотаму Евреите во Германија беа постепено обесправувани пред да бидат систематски истребени од 1942 година натаму. Уште пред почетокот на Втората светска војна, низ германскиот Рајх на 9 ноември 1938 година гореа синагогите. Беа ограбени еврејските продавници. Околу 100 Евреи беа убиени, а 26.000 беа депортирани во концентрациони логори. Погромот беше цинично наречен „Кристална ноќ“. Тоа беше нешто како „рана генерална проба“ за Холокаустот. Роберт Леј, шеф на националсоцијалистичкиот Германски работнички фронт, не го криеше тоа: „Јуда ќе падне и мора да падне, Јуда ќе биде и мора да биде уништена! Тоа е нашата света вера“.

Падот на Берлинскиот ѕид

9 ноември 1938 година е најужасниот датум во низата судбоносни денови. Поголем контраст со 9 ноември 1989 година, денот кога падна Берлинскиот ѕид, тешко може да се замисли. „Лудило“ беше зборот што најмногу се слушаше таа ноќ, кога границата неочекувано се отвори за луѓето во ГДР. Со месеци имаше протести против оние кои беа на власт во источноберлинското Политбиро на државната партија СЕД. Илјадници избегаа преку Унгарија и германските амбасади во источноевропските земји. Притисокот да се олесни патувањето за сите граѓани на ГДР растеше од ден на ден. Но, она што се случи не го очекуваше никој: кога на меѓународната прес-конференција во Источен Берлин беа објавени правилата за патување и беше речено дека „почнуваат да важат веднаш“, немаше запирање.

Луѓето навалија на внатрешните гранични премини во поделениот Берлин. Славјето беше буквално безгранично: „Претходно ги пуштаа луѓето еден по еден, а потоа ја отворија капијата. А сега сите можевме да поминеме без да покажеме лична карта, без ништо. Без контрола. Немам ни лична карта кај мене“, изјави среќно граѓанин на ГДР.

По оваа ноќ не можеше да има враќање на старите времиња и услови. Првата дупка во Берлинскиот ѕид брзо предизвика колапс на пропаднатиот систем. По трет пат на 9-ти ноември во Германија беше испишана историја - овојпат полна со среќа. Тука не можат да променат ништо ниту многуте тешкотии што следеа по падот на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија. Затоа што за постигнување внатрешно единство е потребно повеќе време отколку за постигнување државно единство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер