На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
2На Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
2Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
ЗдравјеДеветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките Од денеска во аптеките во земјата ќе се издаваат и деветте нови лекови на позитивната листа. На листата се додадени лекови за крвен притисок, за срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. На товар на Фондот за здравство ќе бидат антикоангулансите Prasugrel и Ticagrelor, Nebivolol, Perindopril, Valsartan, Fenofibrate, лекови против висок притисок и високи масти, како и Escitalopram, Memantine, Duloxetine, кои се антидепресиви и лекови за третирање деменција. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека на почетокот на следната година позитивната листа на лекови би можела да се дополни со уште некој лек. - Од позитивната листа веќе од 16 септември пациентите можат тие девет нови лекови да ги земаат во аптека бесплатно. Значи, влегува во сила од понеделник. Ние подготвуваме платформа заедно со СЗО која што ќе обезбеди транспарентност на целиот процес при идното проширување на лековите. Исто така, препораки ќе имаме од СЗО, меѓутоа и од експертите внатре во државата. Ние би сакале сето тоа проширување на позитивната листа да биде што потранспарентно и што посеопфатна, тоа што најмногу им треба на граѓаните со што би ги намалиле, што помалку трошоците на нашите пациенти и граѓани, изјави Таравари минатата недела. Тој истакна дека не може да вети дека во наредниот период на оваа позитивна листа ќе се најдат уште 10 лекови, но како што вели, гарантира оти на секои три-четири месеци ќе има надополнување од плус еден, два или три лека. - Видете, ова е револуција на проблеми коишто 10 години не се решени. Последната позитивна листа е 2009 година, 2014 година само еден лек е надополнет и сега имаме девет лекови за 50 дена. Јас се надевам дека одма после Нова година ќе имаме проширување на листата. Велам многу сум среќен што наши партнери се претставниците од СЗО, ќе се обидеме да се придржуваме на платформата и на препораките што ни ги даваат, рече Таравари. Тој ги повикува сите заинтересирани фармацевтски фирми, производители да конкурираат и да бидат активни, да им сугерираат за да како министерство и Влада бидат што потранспарентни и резултатот да биде што подобар за сите граѓани во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДрама во Ливерпул: Вооружен маж виден покрај училиште, итна реакција на полицијата Вооружена полиција реагираше на настанот во центарот на Ливерпул откако беше пријавено дека еден маж носи оружје.Полицијата од Мерсисајд соопшти дека полицајците биле повикани поради пријави за маж кој носел оружје во Пел Мол околу 18:45 часот во понеделник. Вооружена полиција била повикана на местото на настанот и мажот бил уапсен во близина во 19:10 часот. Според извештаите, кај него била пронајдена лопата, објави Мирор. 42-годишен маж од Ливерпул бил уапсен под сомнение дека поседувал предмет што може да се користи како офанзивно оружје и бил приведен на испрашување, објави „Мирор“. Учениците и родителите на Институтот за современа музичка продукција и изведба (ICMP), кој се наоѓа во Пел Мол, изјавија за „Ливерпул Ехо“ дека зградата е ставена во „целосна блокада“ по инцидентот. Рејчел, чиј син Зак посетува ICMP, изјави во 19:30 часот во понеделник: „Син ми се јави и ми рече дека сè уште не се враќа дома бидејќи имало лице [со пиштол] на улицата Пел Мол. Трчаше по улицата.“ „Вработените ги спуштија ролетните. Навистина е страшно. Тој е заробен внатре. Мислам дека е повикана полиција.“ Непосредно пред 20 часот, три полициски автомобили и единица со кучиња беа видени паркирани пред МКИП, на улиците Прусија и Хајфилд. Ролетните на зградата беа делумно спуштени и двајца полицајци влегоа внатре. Неколку минути подоцна, ролетните беа целосно подигнати и десетици ученици почнаа да ја напуштаат зградата. Никој не е повреден, а полицијата потоа ја прекина операцијата. Лука Пирсон, 19, рече дека тој и неколку други ученици виделе човек со пиштол на улицата Прусија. „Сите влеговме во зградата на училиштето“, рече тој. Друг студент рече: „Имаше еден човек во долна облека [со пиштол]. Беше по улицата. Нè погледна, ние го погледнавме него.“ „Потоа веднаш влеговме внатре. Навистина не знаевме што да правиме. Се случи пред околу два часа.“ Секој што има информации за инцидентот се повикува да контактира со полицијата во Мерсисајд преку профилот @MerPolCC на социјалните мрежи или со повик на бројот 101, наведувајќи го референтниот број 907.Тагови: Ливерпул училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
БалканНа Бугарија ѝ се заканува политички земјотрес по трагедијата- опозицијата бара оставка од владата на Радев Сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, во која загинаа 12 лица, а 50 беа повредени, предизвика политички реакции откако беше откриено дека камерите и системите за надзор снимиле опасно густа магла два часа пред трагедијата.Опозицијата тврди дека властите имале доволно време да реагираат, но не ги презеле потребните мерки, поради што сега бара оставка од премиерот и министрите, пренесува БНТ. Тешката сообраќајна несреќа се случила рано наутро на автопатот Тракија, во близина на раскрсницата Зимница, каде што се судриле десетици автомобили и камиони поради исклучително лоша видливост. Според официјалните бројки презентирани од министерката за здравство Катја Ивкова, во сообраќајната несреќа животот го загубиле 12 лица, додека 50 повредени лица се лекуваат во болници. Меѓу тешко повредените е и лекар од Детската болница „Света Анастасија“ во Бургас, што го потврди и директорот на оваа здравствена установа, д-р Благомир Здравков. Поради големиот број повредени, започната е обемна спасувачка и медицинска операција. Поголемиот дел од пациентите, 27 од нив, беа сместени во болниците во Сливен, 12 беа префрлени во здравствените установи во Јамбол, додека седум беа лекувани во две болници во Бургас. Властите, исто така, предвидоа можност најтешко повредените да бидат префрлени со авион во Софија, каде што ќе продолжат со лекувањето. Бугарскиот премиер Румен Радев го прогласи 11 ноември за ден на жалост. Камерите предупредија на опасноста неколку часа пред несреќата По трагедијата се постави прашањето за одговорноста на надлежните институции, бидејќи, според експертите и опозицијата, густата магла не беше изненадување. 📌 Φονική καραμπόλα, λόγω ομίχλης, κοντά στο Γιάμπολ της Βουλγαρίας, με τουλάχιστον 11 νεκρούς. 🎞️ AFP #Bulgaria https://t.co/xUg5wKBIBb — NEWS 24/7 (@News247gr) November 10, 2026 Георги Галабов од Институтот за безбедност во сообраќајот рече дека камерите на Агенцијата за патна инфраструктура (API) регистрирале спуштање и постепено згуснување на маглата на оваа делница околу два часа пред несреќата. Според него, интерактивниот систем испратил предупредување до надлежната институција за влошување на временските услови, додека камерите истовремено ги снимиле возилата што се движат со голема брзина и покрај драстично намалената видливост. Галабов нагласи дека имало доволно време за преземање превентивни мерки. Меѓу можните решенија, тој ги наведе третирањето на патот за да се спречи формирање мраз, привремено или етапно затворање на ризичниот дел за два до три часа, како и испраќање полициски патроли за регулирање на сообраќајот. Опозицијата бара оставка од премиерот, се подготвува гласање за недоверба Трагедијата предизвика жестоки реакции и во бугарскиот парламент, каде што претставниците на опозициската партија ГЕРБ побараа оставка од премиерот Румен Радев и надлежните министри. Потпретседателот на партијата Даниил Митов, поранешниот регионален министер Николај Нанков и Теменушка Петкова ги обвинија властите за неактивност и обид за префрлање на одговорноста, најавувајќи дека ќе започнат консултации и ќе собираат потписи за гласање за недоверба на владата. Митов ги отфрли тврдењата на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев дека нема врска помеѓу системот на Агенцијата за патна инфраструктура и Министерството за внатрешни работи. Тој истакна дека размената на податоци во реално време функционира преку Националниот координативен центар за безбедност во сообраќајот. Николај Нанков тврдеше дека информациите за густа магла стигнале до Центарот за ситуации на Агенцијата за патна инфраструктура еден ден пред несреќата, додека камерите покажале исклучително лоша видливост најмалку еден час пред судирот. Тој ги обвини властите дека не го обезбедиле соодветно патот, наведувајќи дека патот не бил третиран од мраз и дека режимот на зимско одржување не бил воведен дури ни до 10 ноември. Нанков, исто така, посочи на проблемите во одржувањето на патната инфраструктура. Според него, августовската наредба го ограничила тековното одржување на патиштата, вклучително и сигнализацијата и ознаките, додека договорот од 2020 година за поставување 40 електронски информативни табли на автопатот „Тракија“ бил раскинат две години подоцна, без да биде завршена работата. Теменушка Петкова ги обвини премиерот и владата дека ги манипулирале наодите од ревизорскиот извештај на Сметковната комора со цел да ја префрлат одговорноста за лошата состојба на патиштата на претходната влада. Истрагата за околностите на трагедијата и одговорноста на надлежните служби ќе биде клучна за утврдување како се случила една од најсериозните сообраќајни несреќи во Бугарија.Тагови: Бугарија Румен Радев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамШокантен пресврт во Фолксваген: Кинеска технологија во 75 проценти од европските модели Со децении, кинеските производители на автомобили купуваат европска технологија и учат од западните компании, но сега ситуацијата е целосно обратна. Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сериозно разгледува план за опремување на дури 75 проценти од своите идни модели за европскиот пазар со електронска архитектура развиена во Кина. Предлогот е лично поддржан од шефот на брендот Томас Шефер, а проектот би ги вклучил повеќето нови модели под брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, вклучувајќи ги и идните електрични „Голф“, „Пасат“ и „Шкода Ењак“. Во овој случај, не станува збор за промена на класичната механичка платформа, суспензија или мотор, туку за електронскиот мозок и нервен систем на возилото што ги поврзува сите компјутери, сензори, мултимедијални екрани и безбедносни системи. Главната причина за овој пресврт се огромните финансиски заштеди. Технологијата развиена во соработка со кинеската компанија „Икс-пенг“ овозможува намалување на бројот на електронски контролни единици за околу 30 проценти, што драстично го поедноставува производството и би можела да заштеди на концернот помеѓу четири и пет милијарди евра, а во исто време да ги реши годините на проблеми и доцнења во сопствениот софтверски оддел. Конечната одлука сè уште не е официјално усвоена бидејќи новата архитектура прво мора да претрпи строги прилагодувања на европските закони за безбедност и заштита на лични податоци, што би можело да одземе дел од планираните финансиски придобивки. Сепак, самиот факт дека најголемиот европски производител сериозно планира да набави кинески електронски решенија за автомобили наменети за европски клиенти е најдобар доказ за тоа колку неповратно се променила распределбата на моќта на светскиот пазар.Тагови: фолксваген Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter