Деветта Школа за млади лидери на претседателот Иванов од 20-ти до 30 август

Четириесет учесници и триесетина предавачи од Македонија, Европа и светот ќе бидат дел од деветтата Школа за млади лидери која ќе се одржува во Струга од 20-ти до 30 август.  

На свеченото отворање на Школата в понеделник во Струга, покрај претседателот Иванов, обраќање ќе има и поранешниот претседател на Летонија Валдис Затлерс.

Оваа година програмата на Школата за млади лидери ќе биде фокусирана на најдобрите практики и знаења за развој на еко-системи за поттикнување на стартап, мали и средни претпријатија, како и деловното истражување и иновациите воопшто.

Меѓу предавачите годинава ќе бидат Дејвид Голдсмит, еден од водечките експерти за бизнис-менаџмент и лидерство, Озгур Торт, главен извршен директор на „Мигрос груп“, Штефан Петер, претседател на Извршниот одбор на „ЕВН Македонија“, Пинар Ајваз Арикан, генерален директор на „Туркиш ерлајнс“ во Скопје, Есер Џевахир, директор на „Џевахир холдинг“, Сани Шенер, извршен директор на „ТАВ аеродроми“, Бајбарс Алтунташ, претседател на Инвестициониот форум за светски бизнис-ангели, Дејвид Бекет, TEDx тренер, Снежана Живчевска-Сталперс, менаџер на проекти во ИБМ.

Од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија соопштија дека предавања на Школата ќе одржат и други истакнати поединци, лидери на успешни компании, и претставници на етаблирани институции од Македонија, Европа и светот.

Школата за млади лидери е лична иницијатива на претседателот Ѓорге Иванов. Програмата на Школата опфаќа предавања и обуки во сферите на лидерството и менаџментот од еминентни предавачи и гости од врвни образовни и професионални институции, менаџмент-симулации и практични вежби.

- Идејата на претседателот Иванов е да се овозможи на младите талентирани и амбициозни луѓе од Македонија да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности, соопшти Кабинетот на Иванов.

Во изминатите осум години на школата учествуваа 320 млади луѓе и над 180 реномирани предавачи. Школата за млади лидери беше прогласена за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот форум на бизнис-ангели.

Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, коешто низ семинари, панел-дискусии, предавања и учества во младински настани, овозможува продолжување на развојот на нивните знаења и вештини./МИА

Српските власти идентификуваа19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за бомби

Српските власти  досега идентификуваа локации на вкупно 19 адреси на електронска пошта од кои се праќани дојавите за наводно поставени бомби на различни места низ србија, соопшти синоќа српското МВР.

Според објавата од српското МВР, утврдено е дека осум од дојавите стигнале од Полска, четири од Гамбија, две од Иран и Нигерија и по една од Украина, Словенија и Русија.

За да се идентификуваат испраќачите на овие пораки, а со оглед дека се странски државјани кои не живеат во Србија, српските власти ќе спроведат меѓународна размена на податоците преку Европол и Интерпол со останати држави, како и со компанијата „Гугл“.

Според објавените податоци, за четири дена МВР процесуирало осум лица, српски државјани.

Двајца од нив се уапсени, а против шест малолетници се поднесени кривични пријави.

Од 11 март до денеска телефонски или преку електронска пошта, до различни институции во Србија стигнаа стотина дојави за наводно поставени бомби на јавни места и во објекти, како трговски центри и бројни училишта, мостови, плоштади итн.

За брзо возење казнети 147 возачи на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на територијата на државата, казнети се 147 возачи.

Од МВР информираа дека од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 31 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното вратено на сопственикот

Службеници од Полициската станица Центар вчера во 17.40 часот на улица „Македонија" во Скопје ги лишија од слобода скопјаните Д.К.(19) и А.А.(28).

Како што денеска соопштија од МВР, тие биле затекнати при извршување „тешка кражба" во објект на улица „Македонија". Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесени пријава по член 236 од Кривичниот законик.

притисни ентер