Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните - Канал 5

Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните

Топлината на светските океани на длабочина до 2.000 метри достигна највисоко ниво во 2025 година откако започнаа мерењата, и тоа деветта година по ред, според анализата на меѓународна група научници, објави денес германската агенција ДПА.

Деветта година по ред е забележана рекордна топлина на океаните

Во истражување објавено денес, научниците открија дека топлинската енергија се зголемила за 23 трилиони мегаџули во 2025 година во споредба со 2024 година. Тим предводен од Лиџинг Ченг од Кинеската академија на науките во Пекинг ги објави наодите од нивната студија, која користела податоци од 1958 година, во списанието „Advances in Atmospheric Sciences“.

Кога станува збор за просечните температури на површината на океаните во светот, 2025 година беше третата најтопла година по 2024 и 2023 година. Истражувачите ја објаснуваат разликата помеѓу длабоките и површинските температури со фактот дека временскиот феномен Ел Нињо во Тихиот Океан значително ослабе во текот на изминатата година.

„Топлината на океанот е еден од најдобрите индикатори за климатските промени“

Ел Нињо обично се поврзува со потопли температури на површината на морето низ целиот свет. При проучувањето на топлината, вклучени се и температурите во подлабоките слоеви на океанот. Затоа, зголемувањето на топлината е релативно помалку под влијание на површинските климатски феномени и се смета за поважен индикатор за глобалното затоплување.

„Океанот апсорбира над 90 проценти од вишокот топлина заробена од стакленички гасови, што го прави главен амортизер за климатскиот систем. Бидејќи топлината на океанот (OHC) ја одразува акумулацијата на топлина во океанот, таа е еден од најдобрите индикатори за долгорочните климатски промени“, напишаа авторите на студијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен инцидент во Арачиново: Ранет албански пејач, напаѓачите се во бегство

Должел пари, па му пукале во нога – ова според неофицијланите информации на Канал 5 бил мотивот и причините за нападот врз познатиот албански пејач Азиз Мурати во Арачиново.

Вооружен инцидент во Арачиново: Ранет албански пејач, напаѓачите се во бегство

48 годишникот, бил пресретнат на влезот на скопското село, доцна по полноќ на 8ми септември, а едно од двете лица ги познавал, според првичната пријава до полицијата, која пристигнала од Градската болница „Св. Наум Охридски“.

Според извори на Канал 5 од истрагата, лицата кои го пресретнале, првично физички го нападнале Мурати и му се заканувале да го врати она што го должи, а потоа, според информациите, добил „предупредувачки куршум“, откако барал да му се поштеди животот. Пејачот сега е во стабилна состојба, откако по приемот била извршена реанимација и итна операција.

-Однесен е во операциона сала, опериран е, стабилизирана е скршеницата, но тоа е само иницијален дел од третманот, така да најверојатно понатаму ќе следат една до две дополнителни интервенции. Инаку во моментот е во стабилна состојба, префрлен е на оддел. - Д-р Небојша Настов – Директор на Градска Болница „Св. Наум Охридски“

По сторителите во моментов се трага, а за случајот е известен и јавен обвинител – велат од МВР за Канал 5.

-Е пријавено дека кај нив бил донесен 48 годишниот А.М од Скопје, со повреди од огнено оружје. Имено, според пријавеното, тој се здобил со повредите на влезот на село Арачиново – скопско, од како од возило едно лице кое го познавало, а било во придружба на друго лице, со огнено оружје пукал кон него. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Мурати инаку е широко познат кај албанската публика и е етаблиран во народната и свадбарска музика со голем број на издадени албуми, а познат е и надвор од границите на Македонија, особено во Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата

Екс-директорот на државна Лотарија Перпарим Бајрами утрово сам им се предаде на полицијата на граничниот Блаце, откако речиси две години беше недостапен за македонските органи на прогонот. 

По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата

Од таму, Бајрами, кој е првообвинет во случајот со проневери во државна лотарија, веднаш е спроведен во затворот во Шутка за издржување на претходно определената мерка притвор.

– Да, известен сум дека утрово на граничен премин е лишено од слобода лицето кое го споменавте и за истото ќе бидат спроведени соодветни процесни дејствија согласно одлука којашто е донесена од судот и мислам дека веќе е донесена одлука за спроведување во рамки на затворот Скопје. Добро е што гледаме дека полека, полека сите оние коиштио беа во изминатиот период недостапни на органите на прогон полека, полека се обезбедени. - Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Бајрами допрва ќе треба да се види со својот бранител, Еленко Миланов, по што ќе следи одлука дали одбраната ќе бара поблаги мерки – односно куќен наместо ефективен притвор. Миланов за Канал 5 вели дека одбраната веќе го подготува случајот и не верува дека Бајрами ќе признае вина..

– За поздравување е неговата определба да се јави и да ги расчисти сите околности во судска постапка. Решението му е доставено веројатно утрово со неговото приведување, рокот за жалба е три дена, така да, ќе видам да се договорам што и како со мојот властодавател па дури потоа ќе преземам било какви дејствија. Ќе подготвиме одбрана и ја подготвуваме таа одбрана, така што, не верувам дека во однос на овие дејствија кои му се ставаат на товар има место за одговорност, така да не верувам ниту дека ќе има признание на вина.- Еленко Миланов, адвокат на Перпарим Бајрами

За разлика од случајот на Артан Груби, овој пат Бајрами нема да биде спроведен на распит во Обвинителството, бидејќи судскиот процес е веќе започнат, а мерката притвор е активна.

-Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења. – Основно Јавно обвинителство

Следното рочиште за случајот Државна лотарија кое требаше да се одржи овој петок е презакажано за 18 септември, откако од Кривичен информираа дека на Бајрами ќе му биде даден рок за неговата одбрана да се запознае со обвинителниот предлог.

Освен тој и Груби, во случајот за проневера на 9,7 милиони евра во Државна Лотарија, обвинети се уште шестмина, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Покрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија - сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа.

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти.

Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград.

Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт.

Другите ги нарекуваа предавници.

Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа.

Ова е лицемерие без граница.

Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат.

Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат.

Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал.

Срамота.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер