Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
2Ако дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели Божиновска
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиДеветнаесет кандидати за државната награда „8-ми септември“ од областа на спортотДеветнаесет кандидати од областа на спортот се пријавени за државната награда „8-ми септември“, која оваа година ќе се додели по трет пат, а е поделена во две категории - за животно дело и признание за остварувања во областа на спортот.За животно дело се пријавиле четворица, а за признание вкупно 15 кандидати. Еден ќе ја добие наградата за животно дело, а на четворица ќе им бидат доделени признанија. За директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески со воведувањето на оваа награда за спортистите и спортските работници ќе се валоризира вредноста на спортот како дел од секојдневното живеење. - За спортистите се утврдени можности за вреднување на нивните вредности, нивна категоризација и финансиско поддржување. Утврдени се категориите спортист од светска категoрија, спортист од меѓународна категирија, спортист од државна категорија и категoријата – спортист спортска надеж. Со највисока вредност е доделувањето на националното признание на спортистите со кое доживотно материјално се обезбедуваат врз основа на остварен спортски резултат, истакна Спасески и додаде дека со оваа награда се обезбедува вреднување на луѓето во сенка кои не се помалку значајни за постигнување на врвни спортски резултати. Според Спасески, одборот за доделuвање на наградата „8-ми септември“ оваа година имале сериозна задача да ги одберат најдобрите во двете категории. Претседателот на одборот за доделување на наградата Зоран Радиќ појасни дека на конкурсот за државната награда, кој бил распишан од 19 април до 19 мај, аплицирале 15 кандидати за „Признание за остварувања во областа на спортот“ и четворица за животно дело. Одборот од петчлена комисија ги резгледува сите апликации кои ги рангираат според одредени критериуми. За „Животно дело“ конкурирале Венцислав Недев, Лазар Лечиќ, Таки Џиков и Стеван Крстевски. За наградата „Признание за остварувања во областа на спортот“ конкурирале: Бојан Рангелов, Мирослав Петровиќ, Кочо Димитровски, Александар Китанов, Ристо Дарлев, Кирил Манев, Ифраим Љута, Ѓорѓи Кузмановски, Ленче Алексовска Величковска, Руждија Калач, Ристо Магдинчев, Томи Александровски, Слободан Николиќ, Сашко Поповски, Љупчо Стојчевски. Државната награда за животно дело претставува спортска пензија која ќе му се исплаќа на носителот до крајот на животот, додека останатите четири државни признанија претставуваат еднократна исплата во износ на десет просечни плати во Република Македонија. Свеченото доделување и соопштување на носителите на државната награда за спорт ќе се одржи во Владата на Република Македонија на 8-ми септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиУтре времето ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
Други спортовиБобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбоксМакедонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „GLORY Kickboxing“. Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс. Ова е голем чекор за мене, но и врата што се отвора за сите млади македонски кикбоксери кои сонуваат еден ден да стигнат до најголемата сцена. Сакам да покажам дека со многу работа, жртва, дисциплина и верба во себе соништата можат да станат реалност. За мене ова е остварување на долгогодишен сон. Зад овој момент стојат безброј тренинзи, откажувања, падови, станувања и моменти во кои морав да продолжам и кога беше најтешко. Ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство, кое беше со мене од самиот почеток и веруваше во мене кога можеби никој друг не веруваше. Од срце сакам да им се заблагодарам на сите кои на било каков начин ми помогнале да стигнам до овој момент на моите тренери,пријатели, луѓе кои ме поддржувале, како и на сите што верувале во мене и во мојот сон. Ова е само почеток. Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кик бокс сцена во светот🇲🇰 Сонот е остварен ,историјата е започната Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY. Посебна благодарност до Мајк Пасениер за дадената прилика, довербата и можноста да бидам дел од оваа голема организација.“- објави Илиоски на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Бобан Илиоски (@bobancoo) Тагови: Бобан Илиоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАко дојде до ескалација на растот на нафтата на светските берзи, владата ќе преземе мерки, вели БожиновскаДоколку ситуацијата со цените на нафтените деривати ескалира, Владата ќе ги разгледа сите расположливи механизми за ублажување на ценовниот удар врз граѓаните, уверува министерката за енергетика Сања Божиновска. Сепак таа потсетува дека засега единствено останува мерката со намалено ДДВ за дизелот од 18 на 10% и дека Министерството за финансии ги разгледува финансиските импликации што би можело да дојдат од дополнителни мерки. Божиновска посочи и дека во моментов нема нови преговори со ОКТА за дополнителен попуст. -Значи, тоа е виша сила, војна врз која ние не можеме да влијаеме. Минатата недела имавме онлајн вонредна седница на Влада и откако почна сè, уште од март, направивме и акциза и намалување на ДДВ и со ОКТА договоривме попуст. Го намаливме ДДВ-то на 10 проценти. Дискутираме, гледаме и ќе се консултираме на ниво на Влада. Влада имаме во вторник, ќе видиме како понатаму.-Соња Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини А токму зголемените цени на нафтените деривати, според ССМ, дополнително го притискаат домашниот буџет. Септемвриската минимална синдикална кошница достигна 69.432 денари за четиричлено семејство, а со кирија надминува 84.000 денари. За еден месец е зголемена за 757 денари, а во споредба со септември лани за над 4.300. Од ССМ ја поздравуваат мерката за намалено ДДВ на дизелот, но велат дека ефектот врз семејниот буџет речиси не се чувствува, бидејќи поскапите горива веќе се прелеваат и врз транспортот, вклучително и меѓуградските автобуски билети. Решението го гледаат во што поскоро заседавање на Економско-социјалниот совет и договор за подолгорочни мерки за заштита на животниот стандард. - Да речеме Тетово-Скопје за 50 денари во еден правец се зголемени. Така да 250 денари во еден правец, во двата е 500 денари. Истото е за Куманово, истото е за Велес. Пресметајте доколку некој работи во Скопје од овие градови коишто ете гравитираат околу Скопје, а верувам дека таму се и вработени, исто така ќе видиме дека имаме и многу средношколци, имаме многу студенти коишто исто патуваат и сето тоа го дооптоварува домашниот буџет. Така да мислам дека Економско-социјалниот совет треба што побрзо да седне и да се направи една долгорочна стратегија.-Љупчо Радовски – ССМ Согласно пресметките на ССМ, во месец септември најмногу од домашниот буџет и натаму оди за храна и пијалаци, односно 25.259 денари, потоа следуваат облеката и обувките со речиси 6.800 денари, домувањето, струјата и гасот со над 6.300 денари, како и транспортот со нешто над 5.400 денари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter