3Петрушевски: Слугата на официјална Софија, Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав со што покажува дека нема крај на неговите лични интереси
КултураДеветмина финалисти за поетскиот натпревар на „Поетски слем Македонија“Како што информираат организаторите, финалниот натпревар ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20:30 часот.Горазд Китановки - Кени, Валерија Дамчевска, Матеј Петров, Стефанија Граовац, Даница Лепојевиќ, Виктор Спасески, Горан Анчевски, Живко Грозданоски и Јован Лешов се деветмината финалисти, кои ќе настапат вечер на главното финале на 15. издание на Националниот „Поетски слем Македонија“, што се одржува во Прилеп од 9 до 12 октомври. Како што информираат организаторите, финалниот натпревар ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток во 20:30 часот. - За титулата национален претставник синоќа се натпреваруваа дваесетина учесници и учеснички на различни возрасти и со уникатни стилови на изразување и творење, кои доаѓаат од цела Македонија, вклучително и од градовите Скопје, Прилеп, Битола, Куманово, Охрид и од Велес. Салата на киното „Мис Стон“ беше полна со вљубеници во поезијата и во поетскиот перформанс, а од публиката беше избрана петчлена жири-комисија, којашто гласаше по секој настап на учесниците. Оттаму, публиката се упати во кафе-галеријата „Лувр“ каде што се отвори и интерактивната изложба на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, се наведува во соопштението. Денеска, на третиот фестивалски ден, како што е наведено, ќе се одржат повеќе настани. Литературната манифестација „Поетски слем Македонија“ е во организација на Театарска работилница - Прилеп. Тагови: Поетски слем Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЌе се набавуваат електрични велосипеди за Битола велоградНовите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени.Градоначалникот на Битола Тони Коњановски на седницата на која се носеше ребалансот на Буџетот за 2026 година кажа дека во Програмата за животна средина планирани се 4.800.000 денари за набавка на електрични велосипеди, што ја потврдува тенденција за Битола да стане вело град, преку создавање на вело инфраструктура, но и набавка на велосипеди кои ќе можат да ги користат граѓаните. Како што објасни претседателот на Советот Бојан Бојкоски новите електрични велосипеди ќе бидат на принципот изнајмување преку апликација по симболични цени на изградените велосипедски патеки, односно на неколку пунктови граѓаните ќе имаат можност да ги изнајмуваат со цел да ги користат велосипедските патеки. Општина БитолаТагови: Oпштина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08Во Собрание ќе се одржи јавна расправа по предлог на законот за оружјето09:02Мицкоски порачува дека и со уставни измени Бугарија повторно ќе не блокира 15:00
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
МакедонијаЦелосно реконструиран локалниот пат Мршевци – ДељадровциОпштина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти.Општина Илинден успешно го реализираше капиталниот инфраструктурен проект за целосна реконструкција на локалниот патен правец што ги поврзува населените места Мршевци и Дељадровци, со што значително се унапредуваат условите за сообраќај, безбедноста и локалната поврзаност. Проектот претставува една од позначајните инвестиции во патната инфраструктура на општината, обезбедувајќи современа, поквалитетна и побезбедна сообраќајна поврзаност меѓу двете населени места. Со реализацијата на овој проект се подобрува секојдневната мобилност на жителите, како и пристапноста за сите корисници на овој патен правец. Во рамки на проектот извршена е целосна реконструкција и асфалтирање на патот во должина од околу 1.900 метри, извршено е проширување на коловозот, а низ населените делови долж кои поминува делницата изграден е нов тротоар со ширина од 1,5 метри, со што дополнително се зголемува безбедноста на пешаците. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека инвестициите во модернизација и развој на патната инфраструктура остануваат стратешки приоритет на локалната самоуправа, со цел обезбедување подобра поврзаност помеѓу населените места, зголемена безбедност во сообраќајот и повисок квалитет на живот за граѓаните. Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на капитални инфраструктурни проекти кои придонесуваат за рамномерен развој на сите населени места, модернизација на јавната инфраструктура и создавање подобри услови за живот за сите граѓани. Општина ИлинденТагови: Општина Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Слугата на официјална Софија, Филипче, се фаќа за сламката Бугари во Устав со што покажува дека нема крај на неговите лични интересиФилипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија.Додека раководството на СДС и нивниот претседател Венко Филипче, познат како специјален пратеник на Бугарија во Македонија или народски кажано - слуга на официјална Софија, гледаат само да распродадат се македонско, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ мисли на граѓаните и секојдневно работи за подобар животен стандард. Колку за илустрација во таа насока се и активностите деновиве за привлекување на странски инвеститори. Филипче и раководството на СДС се однесуваат целосно полтронски кон Бугарија и официјална Софија. Веројатно тоа го гледаат како единствен начин за доаѓање на власт. Но, актуелното државно раководство на прво место ја става сопствената држава Македонија, сопствениот јазик, идентитет и се што е македонско. Дека политиката која се води е во вистинска насока неделава покажаа и истражувања на јавното мислење. Високи 80 проценти се против вклучување на Бугарите во Уставот под диктат на официјална Софија. СДС мора да разбере дека со промовирање на идејата за Бугари во Устав не се става крај, туку само се отвораат низа на прашања и проблеми за Македонија. Се додека СДС не се освести, само ќе тоне се подлабоко и е на добар пат да се уништат самите. Затоа политиките на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од поголем број на граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се прави достоинствено, така ќе биде и со интеграцијата на Македонија во ЕУ. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бране Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook