Деветдневен штрајк на белгиските железничари - Канал 5

Деветдневен штрајк на белгиските железничари

Терминот „ротирачки штрајк“ значи дека сите вработени во железницата нема да штрајкуваат истовремено, туку прекинот на работа ќе биде по сектори. 

Деветдневен штрајк на белгиските железничари

Во организација на два синдиката на железничарите во Белгија од денеска започнуваат „ротирачки штрајкови“ на вработените во белгиската железница СНЦБ, што вкупно ќе траат девет дена, јави дописникот на МИА од Брисел.

Штрајкот на Самостојниот синдикат на железницата (ОВС) почнува вечерва во 22 часот и ќе трае до 22 часот на 2 март, додека оној во организација Белгиската автономна унија на машиновозачите (АЦТБ-САЦТ) стартува в недела, исто така, во 22 часот во недела и ќе трае до 28 февруари.

Терминот „ротирачки штрајк“ значи дека сите вработени во железницата нема да штрајкуваат истовремено, туку прекинот на работа ќе биде по сектори. Така, во понеделник и вторник ќе штрајкуваат машиновозачите, во среда и четврток кондуктерите, а во петок сигналните работници, одржувачите на пруги и повторно машиновозачите. Саботите се резервирани за штрајк на сигналните работници, одржувачите на пруги и хигиеничарите на вагоните, додека штрајкувањето во неделите е оставено на индивидуален избор на вработените.

Штрајкот, меѓу другото, се организира поради незадоволството на вработените во железницата од плановите на белгиската Влада за зголемување на возраста за пензионирање за машиновозачите и кондуктерите, за укинување на малите железнички станици и поради можното укинување или намалување на бонусите за ноќна и работа во недела.

АЦТБ-САЦТ соопшти дека целта на штрајкот, кој се организира по неуспешните разговори меѓу синдикатите и белгискиот министер за сообраќај Жан-Лук Круке, е „зајакнување на специфичните барања за железничкиот сектор“, најавувајќи слични активности секој месец.

- Без разлика на финансиските штети сега и во наредните месеци, ќе имаме уште поголеми штети до нашето пензионирање, а и потоа, доколку не се потрудиме денес, посочи АЦТБ-САЦТ.

За време на штрајкот железничкиот сообраќај нема да биде целосно прекинат, туку само редуциран, па така како што соопшти портпаролот на СНБЦ, Барт Кролс, утре ќе сообраќаат само три од петте меѓуградски железнички линии, што ги поврзуваат големите градови во Белгија, и околу 60 проценти од локалните и регионалните возови.

Сепак, според Кролс, обемот на штрајкот ќе варира секој ден и се очекува во работните денови тој да биде поинтензивен отколку за време на викендите.

- Сметаме дека штрајкот е неприфатлива, неодговорна и несоодветна активност. Жалиме за последиците со кои ќе се соочат околу 900.000 патници кои секојдневно се превезуваат со воз, изјави Кролс.

Со ставот на Кролс се согласува и првиот човек на Генералната федерација на трудот на Белгија (ФГТБ-АБВВ), Берт Енгелар, кој смета дека штрајкот е прекумерен и само ќе ја поткопа поддршката што железничкиот персонал ја има во јавноста.

- Вработените кои се членови на нашиот синдикат не се согласуваат со тоа, изјави Енгелар за телевизијата ВТМ.

Тој најави дека членовите на неговиот синдикат нема да учествуваат во овој штрајк, но дека планираат „серија активности“ во периодот од март до јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)

Победата на Босна и Херцеговина против Катар предизвика голема прослава во Сараево, каде што илјадници навивачи се собраа на плоштадите, улиците и фан-зоните за заедно да го гледаат натпреварот од Светското првенство.

Во Сараево ноќеска никој не спиеше по победата на Светското првенство (ВИДЕО)

Ерупција од воодушевување следеше по последниот свиреж на судијата. Навивачите пееја, се прегрнуваа и славеа со факели, знамиња и песни, а центарот на градот на моменти изгледаше како голема навивачка сцена.

YouTube video

Меѓу собраните имаше навивачи од сите генерации - од најмладите кои го следеа натпреварот во дресови на националниот тим до постарите фудбалски навивачи кои живееја заедно секој момент од натпреварот.

YouTube video

Особено емотивни сцени беа забележани по победата, кога навивачите се прегрнуваа и се фотографираа за да го овековечат моментот.

Што е следно за Босна и Херцеговина?

Со победата против Катар, Босна и Херцеговина го заврши својот настап во Групата Б со четири бода. По нерешено против Канада, пораз против Швајцарија и победа над Катар, БиХ го освои третото место во групата и се приближи до пласман во нокаут фазата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Столевска уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.

Медицинска сестра Стефани Столевска: Сите сме потенцијални пациенти, но и потенцијални дарители на живот, затоа да кажеме „да“ за органодарителството

Медицинската сестра, Стефани Столевска од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), во видео обраќање, во рамки на националната кампања за подигнување на свесноста за органодарителство и трансплантација, уште еднаш потсетува на важноста на дарувањето органи, за човечноста, за хуманоста и за секоја добронамерно донесена одлука за спас на пациентите.

-Како медицинска сестра-анестетичар и дел од тимот за трансплантација на органи најпрво би сакала да изразам огромна благодарност кон семејствата на пациентите коишто се наоѓаат во многу тежок момент за донесување одлука за дарување орган. Во тој момент се наоѓаат во многу тешка ситуација, а истовремено придонесуваат да се продолжи нечиј друг живот. Сакам да упатам апел кон целата популација во нашата држава за што почесто дарување на органите, затоа што сите сме потенцијални пациенти, потенцијални донори и никогаш не знаеме што би било во иднина, истакнува Столевска

Министерот за здравство, Азир Алиу посочува дека со ова видео ја продолжуваме кампањата „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, за да ја зајакнеме јавната свест, довербата и подготвеноста за разговор на оваа тема.

-Последните трансплантации на срце и бубрег уште еднаш нè потсетија дека зад секој спасен живот не стои само медицинска експертиза, туку и една длабоко хумана одлука. Најсилната порака денес доаѓа од докторите, затоа што тие секојдневно ги гледаат и болката на семејствата и надежта на пациентите што чекаат трансплантација, порачува министерот Алиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Најмалку 32 лица загинаа, а повеќе од 700 беа повредени во два земјотреса, со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени, кои ја погодија Венецуела утрово по средноевропско време.

Најмалку 32 загинати во катастрофалните земјотреси во Венецуела (ВИДЕО)

Се очекува бројот на жртви значително да се зголеми, а многумина се водат како исчезнати.

Земјотресите го погодија северниот дел на Венецуела, западно од Каракас.

Вршната претседателка Делси Родригез прогласи вонредна состојба откако два земјотреси и последователни потреси ја погодија земјата, соборувајќи згради во главниот град Каракас и на други места, и им изрази сочувство на семејствата на загинатите во обраќање на државната телевизија.

„Десетици згради се урнаа и во моментов спроведуваме многу интензивни спасувачки напори за да спасиме што е можно повеќе животи. Исто така, сакам да кажам дека ова е вистинска трагедија. Оттука испраќаме порака за солидарност и повторно изразуваме сочувство и поддршка на семејствата кои ги загубија своите најблиски во овие тешки часови“, рече Родригез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер