Девет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо" 2021 - Канал 5

Девет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо" 2021

Пристигнати се 69 авторски ракописи на овогодинешниот Конкурс за наградата „Антево перо", која се доделува за необјавена стихозбирка на македонски јазик и се организира во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

Девет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо" 2021

Жири комисијата во состав: проф. д-р Венко Андоновски, (претседател) д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), изрази задоволство и благодарност за нагласената заинтересираност од авторите, кои и оваа година испратија квалитетни и одлични збирки поезија со оценка дека се пристигнати мноштво свежи и успешни поетски остварувања кои со својата тематска и естетска вредност нудат уникатност во поетскиот израз и особена иновативност во поетската експресивност.

Покрај авторите од земјава, за меѓународниот карактер на конкурсот и на целата манифестација, годинава се погрижија и поети од Австралија, Шведска, Турција и Италија, испраќајќи свои стихозбирки, согласно конкурсните пропозииции – на македонски јазик.

-По темелно, разгледување, анализа и дискусија за секое од пристигнатите авторски дела, жири комисијата на својот прв состанок, издвои девет поетски книги, кои се во поширок избор за наградата и тоа: „Ѕвезден часовник" на Димитар Арнаудов, „Хаику дневник" на Васко Марковски, „Небесни разговори" на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои" на Елизабета Баковска, „Опит", Сузана Мицева, „Чудна пролет ќе ти раскажам" на Емељ Туна, „Божицата што ја фати провев" на Анета Велкоска, „Позлатено распетие" на Ивица Челиковиќ, и „Светец" на Ирена Павлова Де Одорико. Редоследот на номинираните нема вредносно значење, наведуваат организаторите на манифестацијата.

Жири комисијата и оваа година, се посочува, со особено задоволство го нотираше и интересот кај младите автори за учество на конкурсот што го распишува Меѓународната поетско-културна Манифестација „Анте Поповски – Антево перо".

-Од овие причини во поширока конкуренција за наградата „Антев часовник", која е востановена со цел афирмација на македонскиот јазик меѓу млади творци со евидентна книжевно-поетска дарба, стручната комисија издвои пет книги поезија и тоа: „Круг на права линија" на Софија Тодороска, „Сонот на лавовските срца" на Матеа Талеска, „Молитвени дискурси" на Андреј Медиќ Лазаревски, „Твоите далги на брегот на Стикс" на Марија Филипова и „Мечти" на Мартина Даниловска. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење, наведуваат од меѓународната манифестација и најавуваат стеснување на изборот за наградите на следната средба на комисијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. 

Во Скопје опожарен паркиран автомобил пежо

На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата  на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус.  

Луис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во Мексико

Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико.

Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис.

Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата.

Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата.

Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата.

Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат.

До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. 

Повозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници

-Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер