СветДевет деца загинаа од нагазна мина во АвганистанДевет деца загинаа во источен Авганистан од стара нагазна мина со која си играле.Портпаролот на талибанците, Хамидула Нисар изјави дека мината, која децата ја пронашле во близина на нивното село во провинцијата Газни, била стара неколку децении и експлодирала додека си играле со неа. Тој додаде дека се убиени пет момчиња и четири девојчиња на возраст меѓу пет и 10 години. Ваквите инциденти се вообичаени во Авганистан бидејќи има многу мини и оружје останати од војните. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банкаПретседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата. На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСтудено утро, дневната температура ќе достигне до 12 степениУтрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно, информираат од УХМР. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter