СветДевет деца во Британија починале од стрептокока: Рекоа дека нема антибиотик и нѐ испратија домаНа мајката на болното дете, Викторија Хулт (38), персоналот во болница ѝ кажал дека го немаат основниот антибиотик што ѝ бил препишан за лекување на нејзината деветгодишна ќерка Ела.Откако девет деца во Англија починаа од инфекција со инвазивна група стрептокок А, мајка го сподели своето искуство со болницата во Вејкфилд за The Sun. - Ела беше болна и лекарите рекоа дека е клучно што поскоро да прими антибиотици. Персоналот во болницата ми кажа дека останале без феноксиметилпеницилин и да пробаме во друга болница. Нѐ испратија дома без лекови, бев шокирана“, изјави Викторија. Откако ѝ се слошило девојчето ја однеле кај општ лекар кој ѝ кажал дека најверојатно има вирус. Кога ѝ се појавил осип на градите, лицето и јазикот, Викторија повикала лекар кој ја упатил на итна медицинска помош. - По седум часа чекање докторот ѝ го прегледа грлото и осип. Тој рече дека има стрептокок од групата А и ѝ препиша антибиотици, а нивото на кислород ѝ било ниско, вели мајката. Чекала во ред уште еден час за да дознаат дека лекот воопшто не е достапен. - Бев многу загрижена за здравјето на ќерка ми. Отидовме дома, ја ставив во кревет со мене и внимателно ја следев. Следниот ден го добивме антибиотикот во Пиндерфилдс, рече Викторија. View this post on Instagram A post shared by Victoria Hoult (@vickyhoult18) Малата Ела имала реакција на антибиотикот, но се опоравува и е префрлена на алтернативен антибиотик. „Сан“ во понеделникот ги откри стравувањата меѓу сопствениците на аптеки дека Велика Британија се соочува со недостиг на антибиотици, вклучително и амоксицилин, клучен лек за борба против групата А стрептокок кај децата. Виновни се проблемите со синџирот на снабдување, зголемените трошоци и недостигот на суровини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПроменливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дождСпоред Управата за хидрометеорлошки работи времето денес ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен, повремено силен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 20 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време наместа со повремени врнежи, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Од утре до почетокот на викендот ќе дува засилен северозападен ветер, кој повремено наместа ќе биде силен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Се соблече најубавата водителкаЕлеонора Инкардона, заштитното лице на спортската платформа „DAZN“ – која публиката често има можност да ја види за време на преносите на натпреварите од Серија А – сподели неколку фотографии од својот одмор на социјалните мрежи.Атрактивната водителка покажа делови од своето секојдневие надвор од телевизиското студио – од времето поминато покрај базенот и шетањето на кучето, до тренинзите, дружењето и уживањето во локалните специјалитети. „Мало бегство, токму она што ми требаше“, напиша Елеонора Инкардона покрај секси фотографии во бикини. Најголемата популарност ја стекна токму преку ангажманот на „DAZN“, каде што ги следи натпреварите од Серија А и големите фудбалски настани. Паралелно со телевизиската работа, таа изгради и голема публика на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Меган Фокс непрепознатливаЕдна од најубавите актерки во Холивуд, атрактивната Меган Фокс веќе неколку месеци изненадува со својот изглед. Видео на филмската платформа Letterboxd, во кое актерката Меган Фокс и режисерката Кери Кусама ги препорачуваат своите омилени филмови, предизвика низа реакции на социјалните мрежи. Многу од нив се однесуваа на физичкиот изглед на 40-годишната актерка. Иако снимката беше објавена во почетокот на октомври 2026 година, средбата била снимена уште во октомври 2025 година, за време на специјална проекција на филмот „Jennifer's Body“ во Музејот на филмската уметност на Академијата во Лос Анџелес. Во видеото, Фокс издвојува наслови како „Braveheart“, „The Lion King“ и „Ninja Turtles II“, како и филмскиот серијал за Хари Потер. ''Megan Fox'': Por la caripa que le quedó despues de tantas operaciones https://t.co/TceVR3CSNe — Es tendencia en 𝕏 (@EsTendenciaEnX) October 8, 2026 Сепак, откако некои корисници во коментарите заклучија дека актерката е непрепознатлива и почнаа да шпекулираат за можни естетски зафати, платформата Letterboxd ја оневозможи опцијата за коментирање на објавите на својот официјален профил на Инстаграм. „Што се случи со Меган Фокс што сите ја знаевме? Боже, таа се уништи себеси...“, „Меган Фокс како Џигсо за Ноќта на вештерките“, „Изгледа како член на семејството Адамс“, „Целосно си го уништи лицето. Каква штета“ – беа само дел од коментарите. Дел од јавноста застана во одбрана на актерката, истакнувајќи дека видеото е снимено осум месеци откако таа го родила своето четврто дете, како и дека периодот по породувањето носи природни промени во изгледот. Некои укажаа и на можното влијание на осветлувањето и шминката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook