Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
1Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев
ЖивотДеведесет отсто од анкетирани организации за женски права погодени од намалување на финансиите„UN Women“ алармира дека 90 отсто од анкетирани женски организации се погодени од намалени финансии. Глобално, 308 милиони луѓе имаат потреба од хуманитарна помош во 73 земји, бројка што постојано расте поради ескалација на конфликти, климатски промени, несигурност со храна и појава на болести. - Жените и девојките се непропорционално погодени од кризите, страдајќи од смртни случаи поврзани со бременост што можат да се спречат, неухранетост и високи стапки на сексуално насилство. И покрај зголемените потреби, хуманитарниот систем се соочува со сериозна финансиска криза, при што намалувањата на финансиската помош ги загрозуваат основните, животоспасувачки услуги за жените и девојките, се наведува во извштајот „На раб на издржливоста: Влијанието на намалувањето на странската помош врз женските организации во хуманитарни кризи ширум светот“ на „UN Women“. Врз основа на резултатите од брза глобална анкета спроведена меѓу 411 женски и организации за женски права во 44 кризни контексти, извештајот открива дека 90 проценти од анкетираните организации се погодени од намалувања на финансирањето, се посочува во соопштението од „UN Women - Северна Македонија“. Според Софија Калторп, шефица за хуманитарна акција на „UN Women“, ситуацијата е критична. - Жените и девојките едноставно не можат да си дозволат да ги изгубат спасувачките линии што ги обезбедуваат женските организации. И покрај нивните улоги како основни даватели на услуги, застапници и надзорници, женските организации беа сериозно недоволно финансирани дури и пред неодамнешниот бран на кратења на финансиската помош. Поддршката и финансирањето на овие организации не е само прашање на еднаквост и права, туку и стратешка неопходност, смета Калторп. Драстичното намалување на финансирањето, како што се наведува во денешното соопштение, ги доведува многу организации до критична точка на егзистенција, при што речиси половина (47 проценти) очекуваат да се затворат во рок од шест месеци, ако тековните нивоа на финансирање опстојат со исто темпо. - Загрижувачки 51 отсто од организациите веќе беа принудени да суспендираат програми, вклучително и оние за поддршка на лица кои преживеале родово-базирано насилство или оние што обезбедуваат клучен пристап до заштита, средства за живот, повеќенаменска парична помош и здравствена заштита. Речиси три четвртини (72 отсто) пријавуваат дека биле принудени да отпуштат персонал - што е многу на значително ниво, се додава во соопштението. Среде растечки предизвици, женските организации остануваат непоколебливи, се истакнува во соопштението, водејќи со храброст, застапувајќи ги своите заедници и обновувајќи животи со отпорност и решителност. - „UN Women“ стои заедно со женските организации ширум светот, одекнувајќи го нивниот итен повик за одржливо финансирање. Овие организации се темели на нашата колективна хуманитарна реакција - движејќи промени, нудејќи надеж и обезбедувајќи клучна поддршка на жените, девојките и нивните заедници во најтешките кризи во светот, се нагласува во соопштението. /МИАТагови: UN Women Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаМанасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт. Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго. Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова. Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ. Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари. Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
Други спортовиШпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата! Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио. Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место. Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција. FIRST #MotoGP POLE POSITION 👏 FANTASTIC @25raulfernandez 😎 #IndonesianGP 🇮🇩 https://t.co/xrczx7JHrd — MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 10, 2026 Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место. Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо. Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика. Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
МакедонијаЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“. Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка. Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook