Деведесет и седум годишен партизан положи цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица

Лани не присуствувал на одблежувањето, но годинава ги броел деновите до големиот празник.

Деведесет и седум годишниот Јован Ванчо Величковски од беровското село Митрашинци, учесник во НОВ и член на Четвртата македонска ударна бригада, денеска положи свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Струмица, по повод Денот на востанието и Денот на борецот.

Лани не присуствувал на одблежувањето, но годинава ги броел деновите до големиот празник, за да им оддаде почит на загинатите и починатите другари од Втората светска војна.

-Не само на овој празник, туку и на другите учествувам во нивното одбележување. Се уште се сеќавам на воените дејства и имам многу да раскажувам, но досега малкумина се заинтересирале за тоа, рече дедо Јован, придружуван од неговиот внук имењак со кого доаѓа на одбележувањата на настани од историјата од Народноослоботелната војна.

За значењето на денешниот празник зборуваше и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

-Од формирањето на првите партизански одреди, кои ја започнаа борбата против непријателот, Народноослободителната војска, до крајот на војната, прерасна во добро организирана 110 илјадна армија со неколку корпусии и дивизии, како респектабилни воени формации. Но, се разбира, на сите тие организирани форми на воено дејствување им претходеше денот-„Д", денот кој денес го славиме и одбележуваме, рече Јаневски.

Цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија претставници на локалната самоуправа, политички партии, институции и граѓани. Рецитаторите од Домот за деца и млади изведоа пригоден рецитал, а членови на КУД „Тримери" од Струмица настапија со неколку изворни ора. /МИА

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер